Да знаеш како ме боли срцето што не си ми како порано... Ден се јавуваш и си супер а ден си оладен... Ко да сум ти убила се... Сакам еднаш јас да те побарам и да ти кажам дека и ти ми недостигаш... Но инаетот не ми дозволува.. И стравот,да не ги повторам истите грешки... А сега во мене горам од љубов... Љубов која чека да ти биде дадена но не можам... Не ми дозволуваш. Ке ја играм твојата игра,и почнав... Но не знам кој попрв ке попушти... Се надевам дека нема јас...
И што... ми викаш кажи ми зошто си лута, зошто се понашаш вака да го решиме проблемот. Ти кажав и што сега те прашувам. Демек нема да се повтори или шо! И да знаеш дека тоа што ти го кажав е само дел, има уште нешто друго да ти докажам ама следен пат.Само се надевам нема да ме сфатиш погрешно за тоа што ти го кажав. Кај тебе не идам денес оти ако не те брецнав немаше да ми речеш, така да лутината ме држи помалку ама и тоа е доволно да не дојдам. Ете ти ги другарчињата, викни си ги нив нагости.
А толку ли немаш време барем еднаш во неделата да пишеш "а бе жива си ти или?" Туку што има потреба да прашаш кога знаеш дека кога ќе ти се посака само се јавуваш и на тацна сум за тебе АМА ОВОЈПАТ НЕМА ПА ЌЕ ВИДИМЕ КОЈ ПО КОГО КЕ ТРЧА !!!
не ми се верува дека те видов два пати пред малку човече преубав си и нешто ми вели дека си зафатен и знаев каде си тргнал, ама сум преморена и ме мрзеше да одам а ти беше со другарите од партија ама како да дознаам како се викаш убавецу
Да бидам искрена мислев дека си поинаков. Пред сите те правдав(м), секогаш барав причина за да си помислам дека не го мислиш тоа што го кажуваш, дека едноставно така функционираш. О колку само сум се лажела. Како само можеше да кажеш дека не размислуваш за нашата врска!? Што ти сум јас на тебе? М!? Ми ја чепна најболната тема, инсистираше да дознаеш. И сега посреќен си, откако липав на телефон!? Само со најдобрата другарка имам разговарано за тоа и ете сега и тебе ти кажав. Ме разочара, а баш многу верував во тебе. Многу имав да ти дадам, ти спремав утра полни со љубов, еден куп насмевки, правев се за да си среќен. За што!? За кого!? Убаво глумиш, го згреши факултетот, ама не е доцна можеш да се запишеш на втор Браво, најсериозно... Продолжи така. Ќе видиме дали ќе ме има понатака
Јас сум за ќотек. Познавајќи те, кое одвратно и егоистично суштество си, и покрај тоа неможам да те извадам од мисливе. И пак те сонувам проклет да си, да ти се посерам на убавината! Кога ќе престанам да мислам на тебе, а? Кога ќе умрам можеби? Стварно незнам како после толку години како што те немам видено уште мислам на тебе, покрај сите срања, ѓубре скапано, ете тоа си ти! И нема да попуштам, ќе умрам ама никогаш повеќе нема да ти пишам, така да знаеш, скапаницо! Клет си толку колку што си убав, џабе ти е убавината, ти никогаш нема да се смениш!
Ех будало нели ти реков ... Абе те знам ... Знам дека сум ти под кожа И ти си ми на мене ама ако Ќе издржам бе , јас можам нема да фрлам години на човек кој не знае да цени .. Некогаш и негде може и никогаш , се додека се карам има надеж ама кога сум смирена страшно е .. И сам го знаеш тоа , и затоа сега веќе не знаеш што да правиш ..
Сону мој,5 години и 8 месеци од кога твоите очи,твојот лик кој што засекогаш се мои.А само за уште недела ќе се случи уште нешто поубаво,ние ќе се споиме засекогаш и никој и ништо нема да не раздели.Засекогаш еден покрај друг заедно сме минувале преку се и ќе поминиме сонце мое.Ти си мојата водилка низ животот и знам дека секогаш ќе си тука.Те Сакам Најбескрајно