Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.698
  2. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека утре ќе те израдувам но со што не ти кажувам..... <3
     
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.924
    Пол:
    Женски
    Знам дека кога ќе ја видиш пораката можеби и ќе ме мразиш, можеби и повеќе нема да сакаш да ме видиш, можеби нема да сакаш да знаеш ништо за мене...
    но верувај ми тоа беше најдобрата одлука која можев да ја донесам после се...

    Се надевам дека ќе сватиш и.... ;( ;(
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    Ти си теле, и јас те сакам. Ете тоа.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Ќе те пуштам почесто да одиш дома :D .
    Кој вели дека ти не ме сакаш, ти ме сакаш најмногу од сите, само што и сам не сакаш да си го признаеш тоа :!: .
    Сакам да ти заспијам утре во прегратка. Да знаеш, одам да полагам и трчам кај тебе.
    Ќе се вратам и ќе учам пак.
    Благодарам на довербата, знаам дека не требаше да се разлигавам пред тебе, не можев верувај посилно од мене беше.
    Не можев да ти се нагледам, да се наситам од тебе.
    Овие два дена нема да се наситам, верувај ми. А мислам дека и долго време нема да се наситам од тебе.
    Не донесувам пред време заклучоци.
    Ама да знаеш, на добар пат си :inlove: :inlove:
     
  6. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    12.271
    Што да напишам? И поважното прашање, за кого?

    Имам еден забранет љубовник, така милувам да го викам, стар и опасен колку летото, се гледаме понекогаш кога ќе ме побара или ќе го побарам, чисто за пополнување време, чисто за да имам некој со кој ќе одам на џез во понеделниците, без никакви обврски и меѓусебни очекувања, како двајца возрасни луѓе. Си се чудам себеси како можам да бидам толку ноншалантна и неемоционална во врска со целата ситуација, вообичаено лесно развивам чувства кога добивам фидбек, но не и овојпат, овојпат улогите се јасни - си играме дечко и девојка за една вечер, си ветуваме посети и други излегувања, никогаш не ги остваруваме. За никаде е, но ете, понекогаш ми е доволно, доволно ми е еднодневна љубов и внимание да ми залечи некои стари рани. Иднина не гледам и едноставно продолжувам со импровизацијата.

    Овој другиов пак е мал, неискусен, и и покрај другите работи што ги учи со мене, изгледа учи и како се развиваат чувства и што понатаму. Месеци поминаа од нашиот последен пијан бакнеж, се поретко се слушаме и си пишуваме, а толку бев убедена дека има нешто, дека ќе излезе нешто од нас, дека добро ќе изгледа на фестивал, во шорцеви и маица на рамки и долго ланче и црвени рејбанки, и дека уште подобро ќе изгледа на фестивал со мене, и заедно ќе скокаме летово на Арктик Манкис, а потоа ќе спиеме под ведро небо...ах, соништа детски, а реалноста ќе удри силно од некоја страна и ќе ве раздели на сосем спротивни страни, та никогаш нема очи да си видите. И тоа го заборавив, го немам видено можеби десетина дена, го нема, го снема, каде се скри - не знам.

    Последниов е најстарата приказна на светот, се знаеме со години, сме пиеле кафиња и чаеви, и сега судбината повторно некако не спои. Флертуваме безопасно и си делиме невини комплименти, ама во очите му читам нешто загадочно, нешто дури и по малку злобно, кога сме сами и кога погледот негов ме следи по малку ме плаши, но засега никој не рекол ништо, дури и пред некој ден кога очекував да му се отворам по неколкуте текили, не го направив тоа, како да уживаме во таа таинственост, чудно е и мазохистички.

    И сега, луда сум или само збунета? Едно е сигурно, нормална не сум :D
     
    На Ingvild, Trnche, Libera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    Внимавај да не ме разочараш, затоа што повеќе нема да се вратам тогаш, не по 4, не по 10, ниту по 20 години. Се надевам дека ќе остане како што моментално е, и дека навистина си променет, во спротивно, страв ми е.
    Знаеш коллку работи ризикував поради тебе, знаеш и што се имам направено за тебе, не сао сега, и порано... И спремна сум и на уште повеќе, само за нас, за тебе. Многу време помина, 4 години, мислам дека за овој период двајцата сме на едно повисоко ниво во однос на нашата зрелост, така да ќе знаеме правилно да постапиме.
    Да знаеш дека те сакам, и сакам покрај тебе да заспивам и да се будам, чудно ми е што по толку време пак истото го чувствувам, ти си единственото нешто за кое немало лек во мојот живот. И ја сакам оваа љубов, затоа што не секој ја има. Незнам ти како ја сфаќаш, но јас сум среќна. Покрај тебе, до тебе, додека ме гушкаш и бакнуваш со најпрекрасната уста на светот, и додека ме гледаш со најубавите коси очи, на кои паднав на прв поглед :)
    Незнаеш колку ме израдува, тогаш кога ми рече дека ако имаш уште една шанса, нема така лесно да ја прокоцкаш, дека ќе знаеш и ќе знаеме како да се задржиме, за да остариме еден покрај друг. Јас мислам дека ние двајца сме еден за друг, најсериозно, колку и да звучи лигаво.
    Прекрасен си, неможам очите да ги тргнам од тебе, би гледала во тебе цела вечност, без да го тргнам погледот ни една единствена секунда.
    Единствен, те сакам, на светот најмногу. :*
    http://www.youtube.com/watch?v=sc17tJQDfSQ
     
    На Libera и Katerinceee им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    во меилот што ми стигна дека сум овластен преставник на кимот а ти мој заменик, го видов твојот матичен број-пресметав и испадна дека ти имаш 24 години, човече брат ми е поголем од тебе :!: се почуствував ужасно-4 години помал од мене :fubar: бог да чува и да брани, знаев дека нема да се појавиш на обуката и така испадна-претчуствував
    не си требал да студираш компјутерски науки туку да почнеш да пишуваш поезија-имаш дарба, се гледа по постовите на ф.б.и престани да бегаш од мене-ако навистина имаш девојка-твој живот-твој проблем, и не само што си премал туку и паметот ти лета сеуште-се гледа по постовите :nod: и не туку си ги кревај акциите веке не сум заинтересирана за тебе :!:
     
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    И пак си во моите прегратки ... Дали грешиме ?
    Што не тера толку силно еден кон друг :lol:
    Не не сакам повеќе да зборувам сакам само да лежам во тишината со тебе ...
     
  10. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    12.973
    Понекогаш се прашувам дали би функционирале вака ако сме тотално исти?Ти така умерен и сериозен,а јас расеана и неизлечлив зафркант.Да сме и двајцата сериозни како тебе би било премногу монотоно,досадно,да сме двајцата како мене би направиле премногу глупости.Овака јас ја разбивам монотоноста ,а ти не спушташ на земја.Да бевме сосема исти во очите еден на друг би биле незабележливи.Прекрасно е вака никој од нас не се обидува да го смени другиот ,само се надополнуваме.Не се менувај остани таков :*
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  11. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Значи, си слушнал, но не си разбрал...
    Го оставив, да. Но не го оставив поради тебе, не го оставив дека не сум те преболела... Ти беше посебен, се тоа е ок, ама па дотолку возрасен(читај стар) човек да си умислува....
    Те сакав....Те преболев...
    Го засакав, многу повеќе од што мислев дека можам да сакам...Се ветивме еден на друг...Значи имало тука љубов....
    Успат, се случија многу работи, се премислив, го оставив....Ама не поради тебе...

    Не си ја расипувај врската...Јас не ти се враќам...
     
    На Asja и Hipica им се допаѓа ова.
  12. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    2.556
    Пол:
    Женски
    Не ти побарав денеска да дојдеш кај мене и да ми го расипеш денот. Верувај дека не ми е лесно повторно да се нервирам поради твои глупости. И згора на сето тоа се обидуваш да ми кажуваш што да правам, се да биде по твое нели? Претеруваш и не си во право.
     
    На Miss.Ricci и Inna5 им се допаѓа ова.
  13. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    6 најубави месеци ступидче мое. Кога ли поминаа.
    Ајде мило нека ни се множат еден ден и 666 месеци да си славиме дај Боже.
    Те сакам :*
     
  14. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Она утре помина и никогаш нема да се врати
    ти верувам а ти ми вети
    пак да бидам нападна и да те форсирам
    требаше нож под грло да ти ставам и да те натерам да ми пишеш?
    чувствувам дека бегаш од мене
    поеќе би сакал да отидеш и да најдеш нешто полесно од ова нашево ?
    или да останеш и да се бориш за она што го сакаш да се соочиме со се а не секогаш да се прашуваме зошто е вака , а времето минува !
    веќе не те убедувам ништо ниту ќе слушнеш збор од мене дека сме силни и можеме заедно !
    прави како знаеш
    и патем , знаеш колку ретко се гледаме ? :(
    и имам прашања што ги премолчев несакајќи да се глупирам :x
    заслужив да страдам ... затоа остави полесно ти е без мене многу полесно
     
  15. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
    нека дојде утре побрзо !!
    пошто тамуу мнн мнн нема да сме сами со малиот !!!
    Ќе дојдеш и заедно пак 1 недела ...
    јупиииииии јупиии јеј
     
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.983
    Пол:
    Женски
  17. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да те видам....... :D
     
  18. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    932
    Срце јас и ти не сме исти, напротив целосно сме различни. Не спротивни, различни. Немој да очекуваш дека ќе бидам добра женичка и ќе велам Да, драги. :!:

    А впрочем знам дека тоа е една од причините заради кои ме сакаш. :*
    Гледај на тоа вака, јас и ти сме два различни дела од една сложувалка кои совршено добро се спојуваат, се надополнуваат. :* :* Ај лове ју... енд ај ноу ју лав ми ту.
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    Ма јас сум спремна за тебе сега бегалка да отидам :D
     
    На ludoto19 и crazylady им се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    да планирав немаше подобро да излезе :)
    насмеана, весела, разиграна, расположена и воопшто не ти обрнав внимание-па не се врти цел свет околу тебе :D :fubar: и како и секогаш кога сум нервозна, не можам да престанам да зборувам :D и да ти кажам дека многу ми е мило што ме виде во вакво издание ^_^ а не само во солзи облеана-не дека плачам, ми солзат очите и колку да се криеш со качулката на глава, нема каде да се сокриеш-те видов прееска, а сватив дека си ти и пред да почне митингот-лесно ко 2 и 2 :D
    дури сега свакам колку била една сопартијка во право-една :) менува многу работи да, ама и кај непријателите :D