Жална вест љубави,БОЛНА СУМ!Плановите за шетање овој викенд пропадна ,жал ми е не за мене што сум болна ами за тебе ,покрај мене и ти ќе се досадуваш.Јас си се шетам и преку недела ,а ти само си работиш.А сега и ова ти требаше ,да ми вариш чаеви цел викенд по шо знам дека тоа ке го правиш,жал ми е,ај се надевам ќе ми е подобро до утре, задутре.
Моментот кога после палав секс ти ќе ме погледнеш, јас ќе те погледнам и срамежливо ќе се насмееме. Кога мора да се милуваме безгласно поради другите. И знаеш, стануваме се подобри. Знаеш дека вчера си реков самата себеси дека ако не водиме љ. таа вечер готово ќе е со нас. Знам дека тоа е детска работа ама незнам ете се случи. И да се случи и се случи. А сакам што ти стануваш толку проклето немирен и некултурен. Повеќе те сакам таков.
Знам дека те повредиле и разочарале многу луѓе во животот, но не мора и јас да патам поради тоа. Не ти е лесно, но не грижи се: ако се‘ се одвива како што тргнало, јас ќе ти помогнам
Среќна сум тогаш, кога си блиску до мене. Среќна сум тогаш, кога твоите очи барем за миг ќе погледнат во мене. Среќна сум тогаш, кога ти го слушам гласот. Среќна сум тогаш, кога ќе ја видам твојата блескава насмевка. Среќна сум кога те гледам. Среќна сум затоа што постоиш во мојот живот. Среќна сум, затоа што ти си во моето срце!
И ќе излезам после ко демек случајно можеби ќе се разминеме ако имам среќа а и двајцата не веруваме во случајности !
Ти си ми најубавото нешто што ми случило во живот.Со тебе го дознав значењето на зборот љубов.Ти си единствениот на кого не му терам инает,а добро знаеш дека тоа ми е во крв.Со тебе научив да не бидам избувлива,да бидам смирена кога ќе дојде до караница.Знаеш да ме смириш кога сум лута,да ме насмееш кога сум тажна,да ме тешиш и подржуваш кога имам некоја мака.Со еден збор...Ти си ми се.ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА ЦЕЛ СВЕТ !!!
Овој ветер што мислам дека ќе ги однесе ролетните,го носи и твоето име.Незнам каде,ама важно го носи,се надевам што подалеку од моите мисли и од моите чувства. Не знам колку денови се немаме видено,чудно,од секогаш сум ги броела деновите и со нерпение сум ја чекала средната средба,за да те одминам и само да поминам покрај тебе и да го свртам твојот поглед,па потоа кој прв ќе се осмели... Ама сега не... Искрено,со сите мои мисли со сите мои желби,немам никаква воздишка за тебе.Немам желба да те видам. Не сакам да знам како си,мислиш ли на мене,имаш ли некоја.. Имаш,имаш,не се оставаш ти така..Ама што ти вредат кога не сум јас.. Нашето време помина. Знаеш дека ќе те памтам само по убави работи,не сум злопамтило јас. Само памти ја секогаш последната вечер кога бевме заедно,тогаш ја имаше најголемата љубов што некогаш сме ја чувствувале. Нема да се повтори таа вечер.Нема да се повториме ние. Никогаш. Па дури ни тогаш.
маж кој на жена и покажува сила тој е кукавица,бидејки силата ја има само за несто нежно а за друго он се крие и бега затоа е кукавица.
Триста мисли ми се вртат во галава не можам вака да седам зошто исчезнуваш секогаш и вечерва не барам ништо ..само сакам да знам дали вредев толку за да пропадне едно обично ветување веруваш со нас? ќе заборавиш се? престана ли да ме сакаш? толку ти станав беззначајна? ... сакаш јас да оставам се и да си отидам од тука и да заборавиш се . кажи ми и те оставам си станал имун на мене и никогаш нема да ми простиш остави , чим си се откажал не сум вредна си поминал се а од мене оддамна си се откажал
Клавам точка. Сега веќе сватив дека е конечно крај.... нема надеж, нема цел, нема иднина за нас. Сега веќе јасно ми е дека нашето заврши... нашата приказна на која одамна и се знаеше крајот, само напразно се одолговлекуваше.. сега веќе е вистинскиот крај. Само ти никогаш нема да разбериш колку ме повреди и колку ме болеа сите тие зборови кои ми ги кажуваше.... а најмногу од се ме болат тие два збора „Те сакам“, тие беa најголемата и најубавата лага.. Ти никогаш нема да знаеш колку вистински те сакам, и колку горам одвнатре кога ми прелетуваат сите спомени во главата и се сеќавам дека се било лага. Во овој период додека бевме заедно на некој начин, се беше една слатка болка... не престануваше да ме повредуваш, скршена бев а и воедно среќна... Сега кога веќе сум свесна дека е готово, имам само една желба... да не те видам повеќе... сакам да си странец, да не ме познаваш.... како странец да поминуваш покрај мене и да се правиш дека не ме познаваш... ке ми олесни... барем нема да постои надеж во мене. И сакам уште нешто да знаеш... Кој и да те замени, кој и да дојде после тебе во мојот живот нема да ја пополни празнината која ти ја остави... ама баш никој... Никој нема да го завземи твојот дел во моето срце, што и да биде... и колку други да пројдат... ти ке бидеш за мене единствениот! И за крај... песната која секогаш ке ме потсеќа на тебе... нека те потсеќа и тебе на мене... http://www.youtube.com/watch?v=lWA2pjMjpBs
Што да ти кажам...кога и пред да ти кажам ми ги читаш мислите. Би ти кажала дека те сакам, дека ми недостигаш, дека те посакувам... но тоа го знаеш ти, би ти кажала дека неможам да спијам повеќе сама, дека сакам да си до мене секоја вечер кога си легнувам и секое утро кога се будам.... Те сакам миличко!
Дали сум имала секс до сега ..? уф ме пресече со прашањето, искрено не мислев дека си толку отворен. А јас така направив едно срамежливо фацуле и ти викам невина сум како од пушка. Браво секоја чест слушам од спротивната страна.
Денов ми беше катастрофа но ти душичќе моја ми го разубави сакам засекогаш да бидеме вака среќни еден покрај дуг.
Пред другите, јас и ти сме најразличните суштества што може да постојат. :geek: Твојата музика ме тера да станам и да си ја удрам главата во ѕид, ама мајке ми, можам да ја истрпам во одредени дози. Моите филмови претпоставувам дека ти предизвикуваат неубави нагони во стомакот, ама фино лепо, опа, цупа, ќе ги изгледаш. Јас сум цела АааааааааАааааааааааааааА, а ти онака мирно, тивко, полека... смирено. Јас можам да испаничам за 3 секунди, ти само да ми кажеш ќе биде. Можам да ти набројам милион разлики, од овде до инфинити и назад. Ама! Кога сме сами, сфаќам колку сме исти... Некогаш кога зборуваш нешто за тоа како си направил или сакаш да направиш, некои случки од минатото, ме запрепастува сличноста. Се препознавам во некои твои постапки за семејството, за врските, за друштвото... Види мајката, конечно некој кој не е детиште. Штета што порано не ми даде прилика да те запознаам вака како сега. Немој да се менуваш, немој по некое време да ме разочараш или да видам само дека си еден од многуте. Остани ми другар, прво тоа, најбитно е, после е другото. Хороскопот вели, ако твојот знак се заљуби, да се заврземе со ременот, да ги дигнеме рацете и да уживаме во возењето! Епа, ајде.
Да ми удреше шамар помалку ќе болеше. Тие зборови ме докрајчија. И ако бев емотивно слаба, сега не знаам што сум. Не знам од каде се најде сила во мене, па се исконтролирав. Сеедно ми е. Јас ќе се борам за нас. Ако нешто убаво ми се има случено, дефинитивно си ти. И да, јас го чуствувам ова вистинското. Не знаам што чуствуваш ти и гајле ми е за твоите стравови. Ако сакаш можат да исчезнат. Пополека. Ме праша со што си го заслужил моето трпение!? Верувај да не те сакав, уште одамна ќе ти ја удрев криглата по глава и ќе си заминев. А мислам дека добро ќе ти дојдеше. И за крај, после толку болка ме купи. Не се борам сама, ако се бориш со мене добро, ако не пак добро. И да останам сама, нема да е страшно. Па јас цел живот покрај толку луѓе сум била сама Ајде, те молам бори се за ова. Не се плаши и не се откажувај толку лесно. Знаеш и сам дека те сакам, до пеколот ќе одам за тебе