Толку од мене... овој пат е засекогаш.. Збогум.. Сакам да знаеш дека сум среќна и дека сум горда на тебе што се излелзе добро, дека храбро се носеше со проблемот и дека на крајот имаше добар резултат. Иако меѓу нас никогаш, ништо не беше во ред, сепак секогаш ќе се гордеам и ќе се радувам на твоите успеси. Мислев дека полека почнувам да станувам дел од твојот живот, дека наскоро ќе слушнам од тебе едно Те Сакам, се излажав, по кој знае кој пат ноќта ја поминав плачејчи, донесувајќи одлуки, размислувајќи што понатаму, време беше да се збогувам... Се надевам дека ќе си среќен и без мене, дека ќе ја пронајдеш вистинската за тебе, дека ќе те сака онака како што те сакав јас. Сакам да знаеш и дека ќе му дадам шанса на оној кој вистински се грижи за мене, всушност и самата а себе ќе си дадам шанса, ќе се обидам да го засакам, да заборавам на тебе, на се што имав со тебе... Иако тешко ќе биде, ќе дадам се од себе да успеам.
Sакам да гледам други а ти мене. сакам да правам се сто ке посакам без да ми трепне око како ти е. сакам да не си ми вазен олку,па да немам никOј во зивотов за да се забвувам малце и јас. сакам да не ги имам овие чуства и да сум слободна.
Ќе ми прекинеш... Те осеќам.. И сега прашањето е дали јас ќе бидам спремна за да му отворам на крајот кога ќе ми затропа за два дена на врата? Стварно ќе ми прекиниш...
Сеуште сме тука јас и ти. Некаде измеѓу нашиот временски интервал. Некаде помеѓу денес и утре. Некаде помеѓу нашиот заборав и нашите сеќавања. Не сме далеку, но далечни сме… Можевме, но не успеавме. Едноставно тоа сме ние, исти сме но правевме се’ различно. Можеби и вистинските, но во погрешно време. Го мразам тој факт. Го мразам овој љубовен циркуз. Ја мразам целава приказна. Ја мразам и својата гордост, инат и наивност. Го мразам и ова чувство на вина. Го мразам и светот поради тоа што те немам, а како воздух ми требаш. Мразам кога треба да признаам дека засекогаш те изгубив во трагот на бескрајот. Но, најмногу од се’ ГО МРАЗАМ ТОА ШТО ТЕ САКАМ.
Зошто живееме за другите,зошто не ме разбериш како се чувствувам.Знам дека сакаше исто колку и јас тоа да е утре,но за жал не е можно.Уште еднаш се одложува нашата среќа,уште еднаш сме разочарани и скршени.Знам дека јас ја донесов таа одлука иако проклето ме болеше и сеуште боли ,ти инсиситираше да биде но за жал не можеше. Не ме разбра кога кажав дека не верувам дека не знам дали ќе се случи по трет пат и не сакам да планирам,сонувам бидејќи не сакам повторно да се разочарам,нема да можам да го издржам тоа пак.Никој не знае што ќе се случи утре и дали воопшто ќе дојде тој миг кога ќе бидам засекогаш твоја и ти мој,ког ќе сме едно. Офф,сакам барем еднаш во животот да сум среќна и да биде се како што сум сакала и планирала,зарем многу барам? И се надевам,сеуште се надевам дека се ќе биде во ред и дека еднаш конечно ќе дојде тој ден без никакви пречки.
Собрав од некаде сила и ти напишав како да бидам јас кога тебе ти е лошо сакам да нема болка ниту страв доволно нешта ни се случија зошто барем еднаш не можеме да бидеме среќни јас не се откажувам тоа е исто како да се откажам од себеси верувам дека можеме заедно ти реков секогаш ќе бидам тука се обидувам да не спасам не сакам да потонеме не сакам веќе страдање, каење , секоја ноќ солзи , ниту јадам ниту спијам тотално сум скршена. верувам во тебе и само тогаш сум сигурна a ти не знаеш нис што поминувам кога само ќе исчезнеш а јас морам да се повлечам и да не те форсисрам истовремено не знаејќи што се случува можеш да направиш се ова да биде лош сон и конечно да бидеме среќни затоа и покрај се се обидувам да бидам оптимист не сме заслужиле ваков живот ах господе нека поминат овие денови ....
Пријатно ме изненади, во момент кога најмалку те очекував... Секој пат се поголема љубов покажуваш, што е најважно се трудиш!
еј еј види што сум прочитала: Najbolje veze pocinju sa: "Nema sansi da budemo zajedno" Баш као нашево ова м?
Пеколно ми недостигаш. Да збориме за закони на физиката додека ручаме или да развиваме теории на заговор до рани зори. Со тебе се е забавно. И кога ме гушкаш и се тркаваламе заедно до работ на креветот. Не ми е гајле до кога ќе ме сакаш. Сега те имам и ти си најдоброто нешто што ми се случило.
Баш ми е гајле што ми го дозна никот тука. Читај и сфати колку сум те мрзела кога си заслужил. Читај, изначитај се.
Што правиш..Како си? И кај се изгуби деновиве? Многу си чуден, те нема со денови и после некое време еве те . Епа ме нервираш! Иначе алал да и е на другарка ти убаво ти направила-царица е, ти платила за тоа што не ми врати на чат вчера . А ти пак води инат со мене ке ми платиш еден ден
Ке му кажам дека многу го сакам (да можам)ме гледа како најдобра другарка , правиме заедно се, сакаме исти работи се смееме на исто.Денот не ни завршува без зезање ,ги знае сите мој тајни,ги знам сите негови тајни ама џабе кога тој овие денови може и да запроси некоја (не е ни џудо ) му се врти една (само како би ја задавила). Феминки дајте совет што да правам?? (и за кума ке ме назначи,како трган времето). Немам мир откако дознав за таа ако имате нешто за што нема да зажалам пишете ми. Ви благодарам однапред