Се сеќаваш на денешниот датум? Јас да.. Знам дека можеби и не се сеќаваш, сега си среќен со та другата, но јас се сеќавам како вчера да ми вети дека ќе се вратиш и дека конечно ќе бидиме среќни... Се сеќавам и на се она што и го рече на мајка ми, но нека не ти биди срам од мене, нека ти биди срам од сите лажни зборови, да се засрамиш. Но,ти ништо од ова не исполни и испадна најголемиот идиот шо го познавам... Посакувам никогаш да не ме заборавиш, да имаш кошмари, да те прогонвам насегде и се да те потсеќа на мене, да не можиш да спиеш навечер. И Не ти посакувам ништо најубаво, затоа што не заслужваш оти ме скрши на парчиња буквално, ќе ти посакам само никогаш да не бидиш среќен како шо беше со мене, да имаш само проблеми и ништо да не ти тргни на арно и посакувам за сето ова време шо те чекав, шо ми уништи едно лето и шо не беше со мене за сите убави моменти кои ги поминав прошлата година, се полека и полека животот да ти врати. Ако некогаш се сретниме, немој да ми подаваш рака или да дојдиш да се поздравиш. Јас не познавам никаква личност, едноставно таа личност пропадна во вода... Збогум.
Знаеш што? Конечна одлука: ТЕ МРАЗАМ. Така ли ќе си правиме (упс извини поточно ќе ми правиш ) ? Океј , од денес ќе видиме кој ќе го игра мечкиното оро. Срдечен поздрав А јас , јас сигурно можам сама као секогаш.
Убав си паметен си згоден си смешен си знаеш каде да ме погодиш .. абе ништо не ти фали ама ке видиме, ке видиме.. има време keep making my days better, времето ке покаже
I'm not giving up I'm not giving up on us I said I'm not giving up I'm not giving up on love 'Cause I feel it inside Take me over tonight I'll be there when the storm is breaking
Јас не заслужувам? Стварно? Нашол кој да збори. Не те разбирам и повеќе не се ни обидувам да те разберам. Нема повеќе се да е по твое
фала ти убавецу што ми го достави сендвичот на клупата-затоа и беше толку вкусен, дека е од тебе а ти море гнасо низаедна-што се врткаше два пати на гласачкото место-прво да гласаш а после нели да ме замениш-и згора на се ми вршеше притисок за да излезам побрзо со кој памет, море со кое право јас секогаш смирена, фина, толерантна и пред се ИСПОЛНИТЕЛНА а ти секогаш нервозен, напнат и никаков-море арно што ме чу твојата колешка и шефот-ако згрешиш нешто дека ке те убијам и да ти кажам кога ја видов мајкати каква е , однесување, изглед, верувај дека се ми стана кристално јасно на кого ти си таков-копи пејст-ги жалам искрено татко ти и баба ти
Знаеш Стари, ти си најубавото, но и најлошото нешто што ми се случило. Ти со оној кој знае да ме скроти, но и разбесни како никој друг. Ти си почеток, средина и крај. Но, крај на што? Го уништи денес она убаво чувство што го имав во себе синоќа. Благодарам!
Знаеш не ме боли толку многу твојата одлука, ме болат зборовите кои ги кажа, зарем мораше? Зошто во еден миг се што изградив со тебе го сруши? Зошто? Никогаш нема да го простам тоа, Никогаш. Колку и да те сакам, колку и душава да гори и колку и да сакам да ти се јавам, да ти пишам нема да го направ тоа, затоа што овој пат навистина ме повреди.. И самиот си свесен за тоа знам и знам дека сега ти е жал, но нема назад И ме боли, секоја минута без тебе проклето боли, се повеќе ми недостасуваш, те гледам во секого.. Зошто го направи тоа, зошто го кажа, зошто ја уби и последната надеж во мене.
Хахаха ај душо моја сега видов дека и ти си љубоморен конечно да ја покажеш твојата љубомора иако немаше потреба нема ништо тука за да те направи љубоморен знаеш дека само тебе те сакам и не направив ништо лошо и погрешно за кое би се каела...
Хееееј душо ко нам брани да буде све ко лани?? Не се предавам јас А знам дека ќе успеам, наскоро. http://www.youtube.com/watch?v=HdZKYqdOXTY
Џабе се обидуваше да ме изнервираш денес не ти успеа зошто не ни ти поверував на сето тоа што го кажа,сепак забораваш дека јас најдобро те познавам а и темата на која одбра да ме нервираш и зафркаваш ти беше чист промашај .......
Фала. Фала што ми ја докажа реалноста по стоти пат. Што никогаш не ти станав доволно блиска иако ми викаше дека сакаш да бидам мајката на твоите деца. Што ми дозволи да ти се отворам како на никој досега, со срцето и душата на тацна, а да не добијам ништо за возврат. Што ми се доверуваше за ситните проблеми а големите ги криеше. Што заради нив стана себичен и ладен и што ми го скрши срцето. Ти верував, ќе му верувам и на наредниот. Знаеш зошто? Зошто секој го заслужува тоа. Само овојпат срцето ќе си го дадам на некој што ќе го почитува пред да го љуби. Фала за ништо, и збогум.
Не се нашол човек што ќе ме скроти... се‘ уште. Го прифаќаш предизвикот? http://www.youtube.com/watch?v=nP3SSqUcKKk Батали гордоста. Ако го направиш ти тоа, ќе го направам и јас
Кога само би ми понудил прегратка . Зошто во моментов само и тоа ми треба прегратка и да ми кажеш дека се ќе биде добро само толку барам . Има толкава потреба за тоа , да ме гурнеш да ми подадеш рака кога се ми се руши како кула од карти . Ама и ти си еден од заслужните за оваа состојба така да сега сум САМА потполно сама . И ти ветувам ова никогаш не ти го заборавам макар и светот ми го подарил . Трпам , а потоа враќам двојно , и сум лоша . Ха интересно сите судат никој не прашува зошто сум таква па ни ти.