Знаеш кое е најубавото нешто кое си ми го кажал? Дека ме сакаш до тебе. Дури и налутена, нервозна, да не ти правам муабет, да ти ја намрштам фацата и да те казнувам за грешките. Потребна сум ти и во најлошото издание. Фала ти.
Се направив за тебее а ти какоо ми враќааш , немаш ни малку почит и разбирање спрема мене најлесно ти е само да ми кажеш "Ти не ме сакаш си имаш ти друг" а за другото не ти е гајлееееееееееее...Зошто ми го правиш оваа зоштооо и после се ќе ми речеш ЗБОГУМ па пак ми се јавувааш.Зоштооо само тоа сакам да знам ЗОШТООО ???????
..колку беше мил вчера кога ми рече дека животот без мене не можеш да си го замислиш, дека би ти било досадно и монотоно да не бев јас. Епа да знаеш, и јас без тебе не знам како ќе опстанував досега. Те сакам, дојди да се гушкаме.
И сега кога се е завршено, сега ми е подобро, поубаво ми е.. Више не постоиш за мене. Да понекогаш (како вечерва) помислив.. ама не заради тоа што ми фалиш! туку се прашував како сум можела толку слепо да ти верувам? Не, не е во ред. и никогаш не беше во ред.. Сега ке останеш таму каде што си, во минатото. исто како никогаш да не си постоел
Те сакам малечко , мн ми фалиш Зашто не ми се отвориш и да ми кажеш зашто се тргна од мене така одеднаш? Па нели свадба ќе правевме? Нели 3 деца ќе имавме? Барем да се мувавме ако ништо друго желбата да ми се исполнеше Јас ќе те чекам ако треба до крајот на животот па ако ти текне на мене тука сум секогаш за тебе
Знаеш вчера колку плачев на делов од филмов? http://www.youtube.com/watch?v=-r0z4m1TlBA Кога го гледам, се потсеќам на мене и на тебе, и ние се видовме по 100 години исто како нив. И јас исто како неа имав досаден живот изминатите години... И бев исфрустрирана, затоа што цело време внимавав да не повредам начии чувства... Те сакам тебе, до мене, засекогаш...
како можеше да побегнеш на самиот почеток броење-а беше заменик на една од главните набљудувачи т.е. јас а имаш функција потпретседател имал девојка, бил заљубен и што ако а кога ми се јави едната од главните од Општински и кога ми кажа да те најдам, за да се потпишеш на записниците требаше да и кажав еве во рака го имам-бог да чува бе и ја кажав вистината дека си отиде, а како тоа ке влијае на тебе-твој проблем а тоа кога го слушна првиот резултат и сакаше да заплачеш и на мобилниот имаше од некој си цртан апликација докажува дека си уште ДЕТЕ , можеби и цицаш уште од мајка ти а не маж-јас сум поиздржлива од тебе бе, до 4 и пол нокеска останавме цела екипа
Веќе и не се сеќавам како беше... Од оваа горчина немам воља ни да се навратам, на минатото.Заборавив како те милував а ѓаволот не ми дава да се потсетам.Заборавив како да ти се радувам и наивно да те слушам без да очекувам превара. Прашината на сеќавањата полека почнува да ми паѓа на рамењата и душата тргнува да ги скрши градите...и тогаш наеднаш ќе се сетам...затоа и ме боли....
Ми фалиш! Да се припијам до тебе, да уживам во твојата смиреност и да влијае тоа на мене, на мојата вечна нервоза и напнатост. Ми фалат деновите исполнети со љубов, среќа, насмевки. Доста ми е од ова, доста ми е од напнатост, од карање, седење во тишина. Да, ја сакам и тишината со тебе, но не кога е предизвикана од ова. Сакам да си легнам со тебе, сакам да станам со тебе, сакам да прошетам со тебе, сакам се со тебе, но не вака. Фалиш!
заборавив да кажам нешто-кога ми се доближи вчера на неколку центиметри до мене, не ми мирисаше пријатно-ме чуди, нели си женкар и не си толку убав, привлечен а богами ни фатален како што си замисливаш дека си-многу ме потсекаш на тазе оженетиот бивши, ко брат близнак да ти е а тоа дека вчера глумеше нешто фраер ме потсети на песничката-како ли јас да пораснам, се до небо , се до звезди, високо-неа да ја надраснам и да речам малечка, ти си слатка кукличка
Spoiler Дури и сонував дека напаѓам некоја к**ва која ти се приближила...Дека си ме гушкал пак и си ме чувал...Ама во реалноста не е така.Се е само сон...
Сакам да ти кажам многу работи, многу соништа, многу желби. Сакам да остарам со тебе, да ми бидеш светлина во мракот, да ме љубиш и кога е невозможно да се љуби, да ме чуваш од сите. Сакам да си до мене сега, да си лежам на гради, да сонувам дека после многу години ќе ме сакаш, да те гушнам силно, да ми ја стегнеш силно раката и да ме погалиш. Ама, нема ништо од тоа. Твоето себично јас, нема да може да се смени. Гледам, а колку сакам да не го гледам ова. Овие четири дена ме убиваат, ќе ме докрајчат, немам толку сила. Наместо да остарам со тебе, ќе остарам од тебе. Среќен роденден! Ти посакувам многу среќа и успеси во животот, ти посакувам да се заљубиш ( не мора во мене) за да видиш како боли, да почуствуваш како е да сакаш, да даваш, а ништо да не добиваш. Јас ќе те сакам, ама нема да останам и да сум сведок на оваа драма. Па мајке му не сме во филм. Оди дома глуми си, не кај мене
Easy boy, да не се изгориш. Не сум стабилна јас Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=9ovcRloWGC8 Ме зарази со песнава.
Се повеќе и повеќе се уверувам дека ти си вистинскиот и дека не сум направила грешка. Те сакаме и двајцата. Ти благодарам најмил мој