ти направи милион грешки но секогаш ти простував,а тој направи само една грешка и веднаш го оставив.а знаеш зошто? тебе те сакав а за него не чувствувам ништо.
сонце мое , прасенце мое , душо моја , буцко мој, златце мое ( чекај немој да испуштив некое ) хахаха ми недостигаш сонце мое само кога си до мене сонце грее и се ми е светло ајде дојди си конечно да ми светне пред очи те скаам најмногу
Кога ќе пиеме заедно! Кога ќе заедно? Кога ќе висиме заедно на некое дрво и ќе се љубиме? Кога ќе бидеме едно? Кога ќе спречиме толку да влијаат врз нас општество-социјалните стеги?
Сакам да се опијам, онака квалитетно, и очи во очи да ти кажувам што чувствувам и што чувствував цело време. Сакам да плачеме заедно кога ќе ги слушаш тие зборови, ама не од тага и јад, туку од среќа... Кога ќе сфатиш дека ниедна друга не те сака ни те сакала како мене, сега, порано и во иднина.
Го мразам универзумот што ми даде да те вкусам, што те донесе ко студено ветре во мојот спарен живот, а потем те однесе, ко топлина во зимска ноќ .
Би и кажал на една типка што ми се налути заради женска (пре)гордост. Relax baby, it ain't all sunshine, rainbows and stars, there are dark and cloudy nights as well. Опамети се. http://www.youtube.com/watch?v=qObzgUfCl28
Што така од еднаш ајде да бидеми пријатели,пази молимте сака пријатели да бидеме,и што со тоа? демек ке ме советуваш,или помагаш за некој работи? Па уште ми викаш мозе и кафе да пиеме како пријатели,ова ке ти кажам НЕ БЛАГОДАРАМ не сакам да бидам со тебе пријател,е од такви пријателки како тебе девојки ги имам еден куп,најди си некој друг за пријател,и немој да ме замараш.
Дали ти навистина се смени на подобро? Ооооо душо, колку ти се радувам да знаеш Ама довербата тешко се враќа, ќе си дадам време пред целосно да се разубедам... Сега почнувам да чувствувам и грижа на совест за тоа што ти го правам...
Не ја користи шансата кога ме мрзи уста да отворам,да ми одржуваш дијалози и да ми поставуваш бесмислени прашања каде?зошто?.Те молам не е моментот ,оставиме да си уживкам во мрзата .Ааа и не се нервирај безпотребно ;
Што би и кажал мммм од каде да почнам ........ Не е убаво што поради твоја глупава женска гордост не сакаш да ме запознаеш мене, глупаво е тоа што не ги гледаш ни пораките не Фб затоа што Фб дава многу погрешна перцепција за мене, можеби на Фб немам многу пријатели кои што ми пишуваат на ѕид разни глупости и ми лајкуваат слики но во реалниот живот е сосема различно моите вистински пријатели си ги држам во реалниот свет, а не во еден фиктивен свет на Фб. Значи не е убаво така кога некој ќе го видиш и кога срцето ќе ти заигра забрзано, а таа личност да не ти удри никаква рецка ама ни 2% тоа ти го направив денес на скали за твој ум да видиш како боли сето тоа, а не е убаво така а??? А мене како ми е кога ќе ти пишам а не ми враќаш барем од култура види ја пораката не мора да ми вратиш ама неее.....потоа цело време ми гледаше додека бев на пауза и не влезе на час само заради мене стоеше надвор со другарката и цело време ме гледаше, со надеж дека ќе ти пријдам да направам разговор, мислиш не го забележав јас тоа неее срцка ништо не ми бега мене се гледав и се сваќав како е, но кога ти можеш да играш таква игра па зошто и јас да не можам, значи срцка многу многу ме нервираат дигнати и препотентни цури кои што се прават дека се некоја и нешто и летаат у облаци, не си земај таков пример не биди и ти таква, нив модата брзо им поминува како викаат кој лета високо ќе падне ниско, затоа ајде покрај се јас сепак ќе продолжам да ти пишувам ќе бидам упорен но очекувам и ти малку да попуштиш да не се правиш дека I don't give a f*ck ако го направиш тоа верувај ќе нема посреќна мома од тебе и верувај дека ќе бидеш моја и само моја не те давам на друг .
Once upon a time I was falling in love But now I'm only falling apart There's nothing I can do A total eclipse of the heart
Тешко е да се направи избор,тоа денеска го сфатив. Но морав да продолжам по оној пат кој сум го одбрала да го одам, посебно заради тоа што не постојат никакви причини, или сомнежи кои би ме поколебале во моите принципи и морални начела по кои се водам во ситуацијава. Морам да си бидам првенствено искрена самата со себе, дека ако се случеше тоа што можеше да се случи, многу ќе беа повредени , а вклучувајќи те и тебе. Тешко ми е, но од друга страна знам дека постапив правилно, и дека заради оваа жртва, следуваат доста убави работи во иднина. За се што ќе сториме постои повратна спрега, колку таа ќе работи во наша корист, зависи само од нашите постапки. Постапив зрело и одговорно, многумина не би постапиле така на мое место. Не ти велам зборови за збогум, затоа што не прекинуваме со контакт. Ќе ми недостасуваат сите моменти кои си ги имавме, но дојде време да се постапи зрело и одговорно. Знам во иднина,дека доколку би се случиле „ние“, тоа би било без никакви пречки од моја страна,без никакви сомнежи...само ти, и јас. И би знаела дека доколку ова сега не успее, нема да биде поради грешката што можев да ја направам, и дека сум сторила се за да овој пат што го одбрав, биде успешен. Го заслужуваме тој третман.