Не се понашаш како што очекувам. Целовреме ти давам до знаење дека се осеќам грдо, а ти само ми викаш дека од досада или од нигде нигдека измислувам проблеми кај што ги нема. Да, нема проблеми може некои рандом, ама најголемиот проблем е што ние двајца немаме исти карактери. Како вака, како? Веќе 3 години еве, и пак не ги усогласивме карактериве... something here have to be done. Нешто ќе биде, некоја голема промена, и се надевам кај тебе, на подобро.
ахх ми го уништи животот...ми го зароби срцето... и по кој пат веќе не знам кажав дека си заборавен..ама сепак не е така.. инаку мило ми е шо си среќен со неа.. а јас што треба да направам? како на сегашниот да му кажам дека имам уште чувства за тебе..ама да не биде болно ни за мене ни за него?
Не ме очекувај и не се надевај, живеј си понатаму како да не ни постојам. Заслужуваш да си среќен, најди си ја среќата било каде, со било која и било кога. Јас од далеку ќе те поддржам, знаеш.
I wanna be your lighthouse when you get lost I'll light a bright and shining path to help you across... http://www.youtube.com/watch?v=hCbRDmbDR88
Верувај Ништо намерно.. Не сакав да ни се случи најлошо Гордоста, (ќe) не донесе до дно.. `Најдраг мој. https://www.youtube.com/watch?v=qnODK3h ... ata_player
Изгледаш малку нереален кога на другите им кажувам за тебе. Всушност, кога ќе размислам, јас во секое време можам да ти ги набројам сите твои предности и маани, и да одберам да те прифатам како таков. И нека ти е алал како реално си ги прифаќаш, а богами ги прифаќаш и моите. Да им кажувам на некои други колку многу ме поддржуваш, човече, еден во десет илјади дечковци го прават тоа што го правиш ти за мене... Не е можно, од некоја најбанална до некоја најголема работа, ќе мислат дека ги лажам и дека не е можно некој да има таков однос, пред се' пријателски, кога е заедно со некој. Кога слушам се' и сешто за тоа кој што и направил на девојка му, или која го изневерила дечкото, си викам, добро, само јас и ти ли функционираме нормално? Без да треба притоа некој да се менува, да се преправа, да се прави нешто што не е, да се лажеме и повредуваме. Не знам дали затоа што те знам одамна ти верувам толку многу, или што би рекла една моја драга Феминка ( ), потсвесно знаеш дека тоа е тоа. И сеќавам дека не е ова типично клише, као, абе он ли, нема шанси... Фала Богу, јас оставам простор за резерва, ама... некако си ми сигурен. Не знам зошто толку многу. Ти ми рече - нема да те оставам, преку се', освен неверство можам да поминам. Прашање до тебе, бидејќи јас немам намера и желба да ти го направам тоа, дали треба да си ставам сликичка со форевер тугедер? Неколку пати досега ме враќаш во колосек, ме смируваш, размислуваш и помислуваш на нешто кое мене ни на крај памет не ми иде. Ме надополнуваш бе, алал нека ти е, како успеваш да ме надополниш? И те научив веќе како функционираш, знам секоја боја што ќе ја смениш што ти значи. Фактот што последната страница од моите мислења е пола и повеќе за тебе, кажува многу. Јас си го најдов моето човече, за кое, морам да признаам, кога и да го видам, ми подрипнува нешто внатре, таму кај срцето и во стомакот. Јуј. Што ми ееееее?
Ме смееш од срце и кога најмалку ми се смее. Сите мои нервни напади, упатени кон тебе послениве неколку дена ги прифаќаш со насмевка. Се` што ми смета во моментов, го правиш да биде совршено. Ги знаеш местата по кои копнеам, и таму ме носиш. Знаеш во моментот што сакам да правам....почувствува, да! Ја откри мојата длабока мисла... Веќе почна да ги читаш и моите налудничави идеи. Стана совршен, таков каков што посакував да бидеш. Си мавам еден благ шамар, да се освестам. Да, релност си бе човек! П.С. Да, не те фалам многу во темава...оти малер ми е. Ама псута среќа, не се држи во себе Better for you to stay true...
Нема нешто што повеќе го посакувам од тоа да бидеме заедно, и да се гледаме кога ќе посакаме. Ме убива оваа далечина, неможам пак да се борам со истите работи, особено не сега кога сама одлучувам во мојот живот. ако успеам да најдам работа таму, ќе дојдам без размислување.
Не ми недостасуваш ти,ми недостаства навиката кога си правев филмови за нашата иднина,навиката кога мислев на тебе,на нас. Се избледе и мирно ми е на душава поради тоа.
Јас те сакам тебе повеке и точка веке околу тоа несакам да се расправаме јасно ? ЈАС ТЕ САКАМ ТЕБЕ ПОВЕКЕ
Сакам секој ден да ни е убав како денешниов што ни беше. Се надевам дека нема набрзо да ме разочараш повторно за некоја твоја глупост.
Се смиривме, да ама до кога? и двајата сме свсни дека ова вака не оди, но и двајцата немаме храброст да признаеме, кога сме заедно не се поднесуваме а еден без друг не можеме Најлошото е што ни ти ни јас повеќе не гледаме иднина за нас двајца а не сакаме да се ослободиме, Јас незнам што ќе биде понатаму, ама знам дека нашево нема да има Хепи Енд во тоа сум сигурна Изгледа не сме спремни да се изгубиме еден со друг, штом постојано си даваме уште една шанса.
искрено потсвесно сакав да не добие овој градоначалник за да твојот колега З да види како ми е мене-да ја почуствува невработеноста, ама само заради тебе Д сакам да победи овој градоначалник да си го задржиш работното место-можеби не си убав на лице, ама имаш прекрасно
Те сакам! И ќе те сакам. Дали судбината ќе не спои повторно незнам. Знам дека како тебе друг нема да најдам.
Секој пат кога ќе ми докажиш дека ме љубиш, на ваков или онаков начин ,ме правиш да цветам како кокиче во пролет Ми лав ју ту да мунот анд бек.
Прекрасно е чуството кога ќе станам од спиење и во тој момент ми се јавуваш ти и ми велиш добро утро моја малена.