Те сакам премногу.До болка.Период е ова и ќе помине.Знам.Знам дека неможеме еден без друг.Морална подршка си сме.Те сакам толку многу што мислам дека не е можно толку многу да се сака некој човек!
сеа седнувам да учам.. не знам кај си,со кого си,што правиш..искрено,и со секој поминат ден,се помалку и ме занима.. тел ќе ми биде исклучен..денес си ветив на себе си дека нема да ти кренам слушалка.. имај пријатен ден
Никогаш не ме сфати, епа ја немам време више за ова. Идам у бољи живот, без тебе во него. Доста ми е од тебе, доста ми е од се, и да, имаше многу моменти кога го проколнував денот кога те запознав и проаѓале, ама овој е последниот. Толку ти беше, не сакам да те видам никогаш веќе во животот. За глупости? Не, за карактерот твој, што никогаш не се најде на иста бранова должина со мојот. За некој глупост, за мене тоа е најголемиот проблем што можевме да го имаме, и не го надминавме. Не сакам да знам веќе за тебе, е дотука ме донесе. Просто те мразам во моментов. Губи ми се, идам да јадам милка, чао.
Прости ми што не можам да сум до тебе во овај момент кога најмногу ти требам,прости ми што не можам да ја тргнам болката од тебе.Се би дала да ја земам сета таа празнина,болка,распарченост ,да осетиш олеснување само за миг. Јас сум со тебе духовно,но аххх колку само сакам да те прегрнам,да направам за миг да ти е подобро.Проклета да е оваа далечина,проклето да е се,проклет да е животов што ни носи вакви искушенија,зошто мора да е вака,зошто? Никогаш нема да ми биде јасно зошто баш секогаш мора да се случува најлошото,а не најдоброто.Секогаш сум со тебе и ќе бидам,ние сме едно засекогаш заедно во се.
во исто време те мразам но и ми фалиш.и јас не можам да се изначудам на овие чувства што ги имам за тебе.ми фали твојата прегратка,знаеш.
Хахаха лудо мое што веке нема да ти текне не си нормален жими све хахахахаа патем...фала што ми веруваш
Води го - ќе те буцне. Терај го - ќе те клоцне. Качи се - ќе те отпреврти. Скокни си од МРТ - најпаметно. :up:
Пожели сречу другима кад немамо је ти и ја и нек се ником не деси оно што је теби и мени.... http://www.youtube.com/watch?v=a9-TIEEJN-U Изгледа судено ни е
Не можам да поверувам колку брзо поминаа овие 2 години..како вчера да беше таа вечер кога седевме во паркот, на "нашата" клупа и ме бакна за прв пат. И заврна силен дожд, накиснати си отидовме дома. Признавам, до тој ден го мразев дождот но, после таа вечер ме потсеќа на убави нешта, на тебе. Поминаа 2 години од тогаш и денес знам дека благодарение на тоа што сум со тебе, станав подобра личност. Јас и ти сме како сложувалка, кога сме заедно правиме едно цело, а разделени не можеме да бидеме, едноставно не можеме еден без друг. Те молам, биди секогаш тоа делче што перфектно ме надополнува. Те љубам со целото мое битие.
Леле дај јави се, кажи дека ме сфаќаш, дека се каеш што не попушти досега, дека конечно ќе го сфатиш проблемот и моите замерки, ќе се поправиш и замоли ме да се смиримееееееееее... чекам.
Дај бе смири се малку, олади што се вика. И немој да мислиш дека секогаш треба да го правам она што ти сакаш, од сега ќе го правам она што јас сакам.
Е најсикрено мрзам што е ѓубре што не седнува и да разговара со мене што конкретно го мачи. Па биди маж бре и разговарај со мене. Што ќе изгубиш доста со инат доста тврдоглавост. Сакам да му го пукнам носот со еден страшен бокс, може и еден заб да му ја пукнам фацата па да јаде цела недела со цефка супа. ММЕ