Ти ветив нешто на почетокот на овој месец и еве го исполнив. Дали ти ќе го исполниш некогаш јас тоа што ти го побарав тебе? Освести се пред да е доцна...
Имам некои работи да ти кажам ама воопшто не ми се прави муабет, здосадено ми е од правење на муабет и решавање проблеми, се си е во ред, ќе тераме вака додека ме фати точката и тогаш ќе ти го кажам тоа што треба да го знаеш. Дотогаш поздрав со песнава, уф hock: добро е што се среди оти ќе ти ја посветев http://www.youtube.com/watch?v=ekzHIouo8Q4
Моментално се наоѓам во една (се надевам брзо пролазна) фаза, во која не можам ни самата да си ги дефинирам чувствата и да си ги средам мислите. А кога јас самата не можам да си се сфатам, не се ни обидувај да ми влезеш во глава. И двајцата не го сакаме хаосот - впрочем, тоа е првата заедничка работа која ја забележав. Немој да ги сфаќаш толку трагично ситуациите кога наместо со некој близок, седнувам на чет со некој случаен странец. Едноставно, некогаш имам потреба да се искажам пред некој кој не ме познава, не знам како изгледам и не знае колку години имам. Потребно ми е објективно мислење, затоа што (колку и да не си признаваш), ниту ти, ниту некој друг што лично ме познава, не може толку реално да процени како моментално стојат работите во мојот живот. И немој ни случајно да се осудиш да ми речеш дека збеснувам, па да почнеш да ми ги наведуваш причините поради кои треба да бидам среќна. Никој не вели дека не сум. Само што... има нешто друго што внатрешно ме копка.
МИ го кршиш срцето секој пат кога ќе те видам....те засакав а можеби не требаше,ама ете се случи...се надевам дека работите меѓу нас ќе се средат бидејќи вака само одиме во пропаст
Се повеќе си мислам дека има некоја друга поради која настана сето ова...Не ми се прави многу наивен,можеше ти ако сакаше да се преправаш пред мене и да си вртиш таму некоја,ама демек тебе те сакам,да ти стојам јас онака за понатаму,а? А да правиш што сакаш? Е нема! Како иначе да го протолкувам ова откажување наеднаш од се,те немаше со денови,телефони мн мн не,само работа демек и ништо ти неправиш,ко на планина да живееш...Ц ц ц Ми е гајле,прави некоја друга будала,мене не! И Господ голем е,гледа,ќе ти врати тој за се што ми стори,за сите непроспиени ноќи и излеани солзи,за она што се заколна пред него,а го прекрши.Уште и ако вистина имаше друга додека беше со мене,нека ти врати со иста мера.
Не сакам да мислам на тебе, не заслужуваш ни секунда... Не ми е јасно зошто и покрај се, треперам цела кога ќе те сретнам... Како првиот ден се пеперуткиве во стомак.. Зошто ???
(Не ми даде да редактирам,додека го напишав и помина времето за редакција...) Уште неколку реда... Порано,имавме се,мислев дека живеам во некој сон,бев во облаци до пред некое време и никогаш не престанав да те сакам и се правев за нас,но сега,сега ништо не остана од тоа,ти веќе си сосема различен и не верувам веќе да го имаме тоа.Ти се повеќе се оддалечуваше и ништо не ти е важно,како се да правеше за инает,како се да правеше да ми покажиш дека веќе не ти значам и како да ме одбегнуваше.Да не си посмеал да ми кажиш дека не е така! Не си оној што правеше се за мене,што ме сакаше,што се бореше...Сега си само странец кој неможам да го разберам ДА,признавам,претешко е,мислев полесно ќе поминам преку ова,пошто знам,заслужувам да ме третираш поинаку и да ме сакаш,како што јас те сакам и правев се за тебе и секогаш се борев.Но доста е веќе,веќе нема ништо да правам.Нема за што,бесполезно ќе е.Кога еден се бори во врската,веќе не е врска,тој е сам.Немој да си рекол дека ме сакаш,не верувам! Со ништо не ми покажа дека е така,а ова сега е само уште еден доказ за тоа.
Што да ти кажам освен дека ми недостасуваш, дури и кога сум со тебе ми недостасуваш Ми фали стариот ТИ, оној со насмевка, оноj кој постојано кажуваше нежни зборви, оној кој незнаеше да викне, оној кој решаваше се со разговор. Каде изчезна личностa шо ја сакав, личноста со која сакав да делам се. И порано ми ги кажуваше сите твои грижи, проблеми, кажуваше за што размислуваш, правеше планови а сега? Сега си затворен, не кажуваш ништо, незнам што мислиш... И Понекогаш сакам да ставам дефинитивно крај, ама неможам, нешто ме влече кон тебе, и покрај се сакам да бидам со тебе, неможам туку така да отфрлам се Деновиве се пронаоѓам овде Mоzda nisi samnom, al si moj.
Незнам веќе ни што да мислам ни што да ти кажам.Изгледа јас џабе зборам м ? Ако,утре ти ќе збориш а јас ќе си свиркам ... Чао .
Ми фалиш. Не толку физички, пошо се навикнав да те гледам еднаш/два пати месечно, колку што ми фали стариот ти. Си се сменал. А јас не трпам многу многу промени. Врати се, убаво ни е.