Ми фалиш , сакам со тебе да заспивам и со тебе да се будам .. и еве денес место да се гушкаме јас мора да си учам аф.. пуста колоквиумска недела ама ајде ќе надокнадиме следната недела
Дај да најдеме некое решение за ситуацијава,зошто ова веќе не оди вака.И те молам покажи малку повеќе интерес зошто почнуваш да ме нервираш,а знаеш дека во такви ситуации чувствата ми се менуваат од минута во минута,а не сакам да ти се истресувам.Ајде биди фин ко што си убав и изненади ме вечерва
незнам дали воопсто е така али од нас двајца забележав дека женското сака повеке,Чуствува повеке,сожалува повеке и верна е повеке од маското!. така да знаес!.
Ги сакам деновите како вчера Цел ден поминат со тебе, со безброј глупости и смеење, а јас се кикотам бесрамно, те бакнувам и наликувам на недозреана тинејџерка. И после 10 години толку лудо ме засмејуваш, што не можам воздух да земам Смислата за хумор што ја поседуваш е едно од нештата кои најмногу ги сакам кај тебе. Ма кого лажам, се' сакам кај тебе! Остани засекогаш ваков и пружај ми го истово. Не барам и не сакам ништо повеќе, само да останеме вакви и засекогаш да го имаме ова што го имаме. Да те барав, немаше да те најдам. Те сакам
Се ме потсетува на тебе. Слушам музика, во секоја песна мора да се најде стих кој ќе ме потсетува на тебе. Ќе видам нешто, ќе ме потсети на тебе. http://www.youtube.com/watch?v=Eb5OQDdvVw4
Најмил мој! за тебе сум родена и за тебе ќе умрам, живеам само за да бидам со тебе, ми го правиш животот совршен и ми го разубавуваш денот! За вакви мигови живеам! сакам само со тебе да ги минам!
Без да му кажам си знае... Не може да си игра со мене веќе да ми збори кога сака а кога не му реков да се одалечиме и не добив одговор му пишав по 2 часа му пишав- ок ок доволно сум си паметна и да те сфатам кога не го добив одговорот ке го сметам молчењето за потврдно и он ми вика не одговорот не е потврден што ти е ,ја незнам него што му е,не ме сака а неме пушта и ја не се замарам повече со него не му пишувам ни јавувам да видам колку може да издржи без мене. http://youtu.be/aOqOUjQY2Ck
Некаде пред Стража! Надвор врнеше дожд. Ние се враќавме дома! Ја посматрав природата. Наоколу само дрвја, шумички и пролетна роса. По патот имаше коли, не беше ептен мрачно и нималку безживотно. Ме прочита. Ја паркиравме колата и излеговме од неа. Истрчавме и двајцата накај благото брдо со многу елки. Дождот паѓаше над нас. Ние, ние бевме за првпат како ликовите од Вештицата на Венко. Ти беше мојот папа, а јас твојата малечка на која и го бакнуваше папукчето со толку љубов. Ама не беше така! Боли, бидејќи колку и да ја поддржувам твојата разумност, ете понекогаш истата ме фрла надвор од секој мој колсек. Ми го брише целиот мој посакуван универзум. Ми влева повеќе несигурност и страв.
Прееска од нигде никаде, кога задремав, ми дојде помислата дека ти ме оставаш мене. Не прашувајте од каде, шансите за тоа се минимални, ама си имам и јас мои неделно-попладневни моменти. И од нигде никаде ќе почнев да плачам како мало дете (пост-пмс-есовски), не само затоа што ќе го изгубев дечкото, туку оти ќе изгубев и една многу добра личност, еден од најдобрите другари, човекот кој ме гледа како нешто најскапоцено што го има. На никој не успевам да му објаснам како ме гледаш, се додека не видат и сами. И сфатив дека толку многу се навикнав на тебе, не зборувам само за периодот во кој сме као заедно , него општо, откако повторно некако се ,,најдовме,,. Се навикнав на тебе и на твојот муабет и на твоето смеење, и на твоите зафрканции, да не ми мине ден без да те помалтретирам малце, иако ти викаш дека не те малтретирам, абе ајде... Едноставно, мислам дека ми влезе под кожа. Ааааааах, полесно ми е откако си признав. Не, не, стварно ќе се изнагличев. Бог да чува. :geek:
Не ти кажувам повеќе како ми е, и онака никогаш не ме слушаш, ниту пак се интересираш за мене. Денеска посебно ме разочара
Добро до кога вака планираш да правиш?Доста ме следеше и ме контролираше што правам.Ако сакаш да пријдеш,пријди слободно а ако не ај УПМ доста ми давај лажна надеж.
несакајки ми отиде раката на твоето име З и ти веднаш леле таа ке ми пише немој бе мене ли ме јаде за да ми местиш твој другар а и што мислеше ке прифатам а абеее знам дека си ти ГУБРЕ невидено ама ова беше уште еден доказ за тоа арно ти кажав дека постои некој што ми се допага, барем дозна-да не мислиш дека сум забегала-всушност, твое право е КРЕТЕН; дај боже да те пратат на некој паркинг мат во пустина
Ти си бре, жени извинете ме, а и органот нек` не ми замери Спојлер една огромна пичкетина. Колку лица имаш? Три? Четири? Или зависи? Носи се бре. И удави се во сопствената мака, тага и ,,реалност''. A кога сите ќе те научат тука, а Скопје е мало, пресели се во Хиподром или во Ресен. Спојлер Губи се.