Веќе ми е доста од оваа ситуација,сакав само еднаш да се разбериме како шо треба и да ме разбериш мене,јас како се чивствувам, но пак се отиде во неповрат.Мислев дека заслужувам барем еднаш да се остварти она за што сум сонувала,но и сега не е така.Веќе ништо не може да го смени ова чувство во мене.Ја нема веќе таа возбуда,тој ентузијазам,таа мала трема,исчезна се.Боли,ужасно боли тоа што ни јас ни ти не сме криви туку судбината ни била таква.Веќе не можам да се борам против неа,не можам да преминам преку тоа за жал.Ова ме уништи и веќе ништо нема да биде како претходно,се познавам самата себеси за да знам дека нема да се промени ова туку ќе остане вечна трага и нашиот ден нема да биде како што требаше да биде.
Како бубалица во гз си бе аман . Хахаххахах знаеш неможам да те заборавам . Се трудам секој ден ама неможам, јбг тоа е животот. Сега седи дома учи, поправи си ги оценките е веке редно е... Те сакам
Откога се видовме вчера,чуствувам тапа болка по цело тело.. Многу ми е жал за тебе, жал ми е што ти плаќаш за животните грешки на твоите,дека си избезумен и оставен сам.. Жалам дека и јас те издадов, те оставив кога ти бев потребна..Но ти незнаеше да ме цениш,незнаеше колку вредам и дека ти бев огромна подршка..Ги послуша нив,застана на нивна страна, на страна на истите тие што те доведоа до тука... Ти си силен, ќе се снајдеш.Мораш да успееш. Го молам господ да те чува. Жалам ама јас веќе неможам, неможам да тонам заедно со тебе...Зашто не ја прифати помошта??Зашто беше толку горд??? И што сега? Ми рече-ќе ти умрам, ќе ме закопаш... Чувај се, и биди силен
Знаеш ли секогаш кога ќе си легнеме стуткани во дневната знам дека кога мислиш дека спијам ти си пушташ солзичка заради мене? Знаеш ли дека се будам на најмалиот шум и шпиунирам со очите? Или пак ако денот ни бил убав ти цела ноќ ќе стануваш и ќе ме гледаш и ќе ми се насмевнуваш. Како би верувала во вистинската љубов кога насекаде околу мене се случуваат педерски неверства. Како да ги ставам на страна тие туѓи искуства кои ми ја покажуваат јасно машката психа и машкиот мозок. И знаеш јас сум цврсто убедена дека машко како машко во крвта му е да си погледнува настрана и да сака нешто плус. Или да направи нешто плус. И знаеш тоа ми е јасно како ден ама не ми е јасно како може иако го знам тоа јас да чувствувам болка. Колку сум луда кога јас чувствувам болка за нешто кое сеуште не ми се случило?! Јас сум ендемски вид очигледно. Спојлер (Енцименци и Илипили бидете силини и двете, верувајте во доброто кај луѓето)
мн мн мноооооооооооооогггууууууууу ми недостасуваш мене и на нашиот принц те очекува секој момент да влезеш од вратата и да го гушнеш. п.с.Туѓината пуста да остане!!!
Wanna know a secret? Спојлер Многу глупа девојка имаш Точакот ќе го навредам ако кажам дека е „глупа ко точак“.....тротинет бе! Е таква е :geek: Само идиотче ко мене можеше на оној начин да го сфати она што го кажа, во нешто што нема ни 0,5% негативно, да го најде баш тоа Кај се најде вакво препаметно главче со мене да бидеш..... Ја кажуваш една од најубавите работи до сега, а јас тоа го сфаќам на некој начин на кој ни најголемиот будала не може да го сфати. Ни сама не знам од кај ми дојде таа мисла. Ооооо сонце мое, знам дека сум неподнослива деновиве. Остај неподнослива, ама и глупа Тоа е, тазе фарбана плавуша од вчера што може да ти каже
Мислам дека си еден од ретките кој кога влегува во супермаркет се упатува во оддел за домаќинство. Па разгледуваш тави, калапи за мафини, ми објаснуваш кои се за ролати, а јас само те гледам и се радувам што си таков. Друго знаеш што ми значи? Што ја ставаш мојата среќа на прво место. И ако раскинеме, а мене би ми било полесно така, би тагувал, би пател и би се жртвувал да ја изгубиш твојата љубов. Ти знаеш да сакаш. Вистински, без себичност, сакајќи се` најдобро за мене. Не сакам да те изгубам.
Мислам дека си еден од ретките кој кога влегува во супермаркет се упатува во оддел за домаќинство. Па разгледуваш тави, калапи за мафини, ми објаснуваш кои се за ролати, а јас само те гледам и се радувам што си таков. Друго знаеш што ми значи? Што ја ставаш мојата среќа на прво место. И ако раскинеме, а мене би ми било полесно така, би тагувал, би пател и би се жртвувал да ја изгубиш твојата љубов. Ти знаеш да сакаш. Вистински, без себичност, сакајќи се` најдобро за мене. Не сакам да те изгубам.
Не знам што би ја без тебе среќо. Да не си ти бре сеуште би била бездушна идиотка со сарказам левел 1646543274, која не води грижа за туѓите чувства и вродена невроза или нервоза, што ли. Ме врати на самата себе да си личам. Да шетам со насмевка по цели денови, без причина ко некоја будала. 5 години вака не сум се почувствувала и сега ти благодарам. Кој рече дека човек не може да те смени. Се лаже...
Да ти го правев ова што ти мене ми го правиш, БИ МЕ МРАЗЕЛ верувај. Намерно или не, не си свесен колку ме боли твоево однесување..
И не знам дали сета таа маска која ја притискав поцврсто на мене еднаш ќе се скрши, ама едно знаев – колку полоша бев со него, толку повеќе го сакав. Колку повеќе го повредував, толку повеќе сакав да го сакам.
Секогаш ќе се чувствувам должна кон тебе.Секогаш ќе мислам дека никогаш нема да ти возвратам на ист начин.Зошто си прекрасен,буквално.А јас те сакам.Повеќе со секој ден.Не мислев дека е така,дека после 10години некој ќе засакуваш се повеќе. А и да ти признаам-посекси си сега во 30-тите