Многу ми е тешко што си замина и многу сум тажна сега те сакам, ми недостигаш, со душа го чекам денот кога ќе повторно ќе бидеме заедно и ќе ти докажам тоа што ти го ветив
И ете пак дојде кобниот ден да се разделиме, да заминеш на пат, но веќе почнувам да се навикнувам на ваквите разделби. Ама секако дека тешко ми иде, ми недостигаш премногу, некако многу брзо ми иде од топло па ладно. 24/7 заедно и наеднаш оп... Донна сама, тебе те нема Но ќе издржиме бе мило, пак ќе си дојдиш и пак ќе бидиме заедно. Само неколку дена се во прашање и можеби ќе врни па нема да имам потреба од излегување, намалено расположение за дружење бла бла бла... Така се тешам.
убаво што беше така експресивно расположен Д, што ми кажа некои од своите тајни деновиве да знам со каков човек си имам работа а тоа е дволичен-нормален дечко и заторен тип со некои манијачки потези што сакаш да те гледам поинаку-не како другар можеш само да сонуваш, искрено и баш размислував нокеска како да те спуштам-на посебен начин, има да ме запамтиш со пријателите блиска, со непријателите уште поблиска
Сакам да пружам алишта на мало балконче во Нант, ти да ми носиш мали чоколадни труфлеа враќајќи се од работа, да возиме точаци, раскантани и со контра кочница, да мрсиме коси на кеј на река и да цртаме срциња по облаци! Е баш да!
Знаеш и фали твоето будење ноќеска, сакам да ти го слушнам гласот додека сонувам.Ми фали и доаѓањето пред врата и тегнењето од моја страна дали да излезам или не.Зошто повеќе не ги правиш овие работи љубов...ме сакаш на милион други начини, ама јас сепак сум женско и понекогаш сакам вакви романтични изненадувања...знам не си таков, ама некоја порака додека киснам на факс или за добро утро верувај ќе ми го разубави денот. ...немој да ме сфатиш погрешно, јас сеуште те сакам баш каков што си...само понекогаш имам впечаток дека порано повеќе се трудеше околу мене, ми годеше она екстра внимание кое го добивав...сега веќе го нема.Длабоко во себе знам дека сеуште бескрајно ме сакаш и ќе ме сакаш...ама некогаш, само понекогаш ми прелетува мисла дека можеби сепак повеќе не... Ми недостигаш како да те немам видено со денови, месеци... Можеби е само ПМС стање...сепак гушни ме вечерва како некогаш и остави ме таму да сонувам за идни заеднички времиња.
ти ги читам статусите на ф.б. некое време и не те свакам што сакаш да кажеш-еден ден леташ во облаци, другиот си скиснат ко скиснат квасец да не земаш ти нешто па те факаат кризи така одеднаш а тоа дека ги замолуваш сите членови да те аднат за пријател ти беше најдобро-нема што а најнов статус ти е сингл и тоа со големи букви дури и еден од другарите ти пишал поубаво ке било да било светкаво-овој некој бетер од тебе па да ти кажам не ме чуди што со Д сте другари-покрај тоа што сте колеги-исти сте
Ангелу мој ке го поминам јас и ова....ЖИВОТОТ МНОГУ ПАТИ МИ ЗАДАДЕ УДАРИ НО ЈАС ПАК СТАНАВ И ОВА КЕ ГО ПОМИНАМ ДОДЕКА СИ ТИ СО МЕНЕ НЕМОЖЕ НИШТО ДА МЕ УНИШТИ
Ти се восхитувам на таа доблест што ја имаш, да кога те напаѓам, не се трудиш да се одбраниш. Кога ќе ти налутам и не ти зборувам, а конечно ќе седнеме да го решиме проблемот, секогаш си подготвен ти да допринесеш, ти да се потрудиш. Или ако сум јас виновна, велиш "Ќе се потрудиме и двајцата". Не сакаш да ми укажеш дека грешам, да се чувствувам лошо, туку товарот го префрлаш на двајцата. И знаеш, вчера кога ми рече "Сакам да се врати тоа време кога ми пишуваше убави пораки. Тогаш беше среќна, јас сум правел да се чувствуваш така, па проблемот мора да е во мене", се подзамислив. Јас би изрегирала - "Добро бе, зошто не си како порано, зошто веќе не се трудиш, не ми велиш ништо убаво?" Не би ми текнало дека причинител може да сум самата. Или... знам од мала кавга да правам огромна, ти префрлувам за многу нешта кои се измениле, со толку многу нервоза во себе, а ти успеваш да останеш мирен и да одвратиш "Ќе се обидам да го поправам тоа. Извини". А колку пати сум ти признала дека ти ја злоупотребувам добрината, сум те молела да бидеш малку построг или пак сум се шегувала на твоја сметка дека си мекуш, а ти ниеднаш не се почувствува понижен или дека не го ценам твојот карактер, па уште и ми дозволуваше да си играм мајтап. Зашто, многупати луѓето кога ќе видат дека оној другиот си поигрува или злоупотребува, се повлекуваат назад и не сакаат да вложуваат онаму каде нема корист од истото. Не си таков. Гледаш дека сум свесна за тоа, но ми дозволуваш пак и пак да те повредам. Буквално, искрено, па уште и ќе ми кажеш " Што да правам, те сакам? ". Не дека јас нешто големо ти правам, но толку си мирен и добар, што мислам дека ти ја цедам енергијата. А ти само си молчиш, зашто доволно ти е да сум покрај тебе. Налутена, неподнослива, тажна, со насолзени очи, бесна и дрска... И имам милион мани, а кога ти еднаш ќе повишиш тон, се подзамислувам дали можам да бидам со тебе засекогаш, дали тоа би ги преминало границите. Не си ми рекол "А чекај, дали паметиш тогаш кога ми врза шамар? А оној пат кога употреби пцовка?" Туку само ме убедуваш дека нема да ти се повтори и се извинуваш што си ме загрижил и натажил. А тој бес сум го причинила јас, со моето молчење, додека ти се нервираш. Толку сум мал, мал човек споредено со тебе.
Се надевам дека денес конечно забележа како цело време намерно се врткам околу тебе. Разбери ме. Секој момент во твоја близина за мене е богатство. Кога ме погледнуваш со сините блескави очи, среќата во мене е неопислива. Ги обожавам прекрасните руси локни во твојата коса. Ги следам сите твои потези и ти се восхитувам, секое движење со рацете, секоја гестикулација. Ти си олицетворение на совршенството. И тоа не само надворешно. Убавино, те сакам најмногу и сакам тоа да го знаеш!
Не, никогаш нема да разберам зошто е вака,срцето ми се распарче повторно,а знам дека и тебе не ти е сеедно,и тебе те боли но зошто не си дадеме поддршка еден на друг,зошто не се обидеме да преминиме преку ова ахххх.Не можам да го издржам ова,дај нека заврши веќе еднаш бидејќи не уништува.
Не го сакам ова чувство .. Мислев исчезна некаде во празнината на мојата душа .. Да, во празнината која ти ми ја остави, после тебе се остана празно и безцелно .. Мислев не ми требаш, имаше денови кога се чувствував одлично и помислував на тебе, но со помислата дека веќе сум те преболела. Почнаа веќе и спомените да не ме болат, но тоа само на некој ден ... Мислев поминало веќе се, ти по својот пат, а јас по мојот. Но, некој од нас тапка во место, а можеби и двајцата. Јас останав да живеам во моите соништа, а ти ги живееш твоите соништа, со друга покрај тебе и премногу блиску до мене. Боли таа твоја близина, боли тоа што се заврши како што и започна, со погледи .. Порано ја барав твојата близина макар и само да те гледам, а сега сваќам дека и тоа ми е малку .. Ми ги разорува вените, како силен отров ми струи низ телото, ми ја гребе душата, секој нејзин допир, секоја нејзина насмевка, ме боли тоа што таа ја има мојата среќа. Ме боли тоа што не си мој, и никогаш и не си бил. А јас на пати бев твоја, сеуште сум и веројатно ќе бидам.. Не си дозволувам уште еден како тебе да ми се случи, а и не верувам дека некој би те заменил. И болат сите погледи, и двајцата не знаеме што секој од нас крие .. Го одолговлекуваме крајот, иако веќе одамна се е завршено, иако можеби никогаш и ништо не започнало .. Или можеби има нешто посилно од се .. Посилно од дргиот до мене, од другата до тебе .. И го мразам тоа чувство, мислев веќе не постои .. Но кого залажувам ... Јас сеуште те сакам, и понекогаш навистина го мразам тоа....
Се мразам себеси што толку брзо се навикнувам на некои личности. Не ми требаше многу,да се навикнам и на тебе. Го мразам денот кога ќе заминеш.
Hajde sklopi ochi nestani u san, dochichu ti u snovima kad noch proguta dan. Dochichu ti u snovima da ti u kradem poljupce! http://www.youtube.com/watch?v=UydP3SA7sbQ