Требаше многу поубаво да помине овој ден,ама веќе нема надеж.Само полошо може да поминуваат деновите понатаму.
Боли... Ќе ми помине се, само се надевам дека што и да беше причина вредеше, вредеше за да ме уништиш. Но не си ти толку суров колку што сум јас глупава ниту пак си толку лош колку што сум јас наивна... И луѓето прашуваат како сум, им велам добра сум како може да бидам, а уствари сум распарчена но не можам на никој да го кажам тоа затоа што ќе ми плесне дека сите ми зборувале да прекинам а јас не сум слушала. И не слушав, никој не слушав. Се надевав цело време, давав шанси како луда, се лажев самата дека ако не ме сакаш на начин на кој што јас сакам да ме сакаш, дека тоа не значи дека не ме сакаш искрено и со целото срце, се лажев со глупави, детски изреки, се лажев дека ќе пораснеш, ќе созрееш, ќе се смениш. Безрезервно давав се, се што може едно човечко суштество да даде, и како ми врати? Колку повеќе што вложував и колку подобро што се однесував ти само со лошо враќаше, болка до болка, рана до рана... не заслужив човеку, не заслужив... па уште вината си ја барав во себе а правев надчовечки напори за да успееме додека ти едно како си не праша откако ти ја распослав душата пред тебе. Те мразам понекогаш, заради се што ми стори, заради сите солзи пролеани овие 7 години... но повеќе сум ти благодарна, заради тебе научив понатаму со некој друг како НЕ треба да се однесувам, станав многу посилна и се изградив како личност... фала ти за се, и добро и лошо. И покрај се не ти посакувам ништо лошо, само посакувам да ти се јавам да излезеш до улица и да мавам во тебе додека имам сила и да те гушнам уште еднаш плачејќи и да имам некој вид closure, но нема, никогаш веќе... затоа што заслужувам во животот некој да ме цени и сака, искрено... не знам дали некогаш пак ќе се препуштам на некој до толку, затоа што те сакав со целото срце и целата душа и на крајот изгорев... времето нека покаже. А ти, ти ќе се каеш, премногу... но со секое атомче од телово се надевам дека ќе ти биде прекасно. http://www.youtube.com/watch?v=zLa-1ZxVdA4
Знам дека не ги мислиш многу од зборовите што ги кажуваш, и без разлика колку често и да помислам дека животот би ми бил многу поедноставен без тебе, не можам да те оставам и ужасно ме боли кога слушнам за крај од тебе... Не можам да те оставам кога ти е тежко, сакам да се покажам храбра и да се борам со тебе... Да ти помогнам да пребродиш... Колку и да мислиш дека дотурам масло на огнот, јас се трудам... и кога ќе ми речеш дека нема што да ми е тежко на мене, дека јас немам проблеми, размисли уште еднаш... ме боли, искрено ме боли... ама нема да те оставам додека не те поведам на правиот пат. И колку и да размислувам за крај, на крај пак ќе те молам да размислиш пред да прозбориш за тоа, и сето тоа од една цел само... да не ти биде тежко, да почувствуваш дека имаш потпора во мене, на која ти како да си слеп во последно време... како се што правам да не е доволно... Немам веќе што да направам, немам веќе што да дадам... ама ако ти треба заштитник секогаш ќе бидам тука за тебе... А кога помине бурата најубаво ќе се види каде ќе води ова нашето... До тогаш не ми останува ништо друго освен да смирувам ситуација...
Среќо моја единствена до кога вака................. секоја ве4ер се повеке и повеке ми недостигаш ... Многу те сакам многу ај да го завршам факултето и ке бидеме заедно до крајот на животоот додека смрта не не раздели
Ja паметиш онаа сликата од букварот !? Поточно, приказна во слики беше, со двете кози кои тегнеа јаже и навистина не се сеќавам што се случи со нив на последната сликичка од стрипчето ама претпоставувам што би им се случило на козата и нејзиниот - во случајов, јас и ти. Знаеш, за да не нè снајде некоја провалија, би требало едниот да попушти, а знај дека тоа нема да бидам јас. Барем не (и) овој пат. Среди си ги мислите, па се надевам ќе се разбереме. Некогаш.
Oстави ме сама да ги откријам и дознаам тајните на животот. Па не мора само тајните - целиот живот. Не сакам да знам се пред време. Ако си постар некоја година од мене не мора да значи дека знаеш баш се и дека истите работи што си ги открил ти ќе ми се случат и мене.
Ти благодарам. Што ме сакаш и чуваш со поглед и со дела. Не можам да напишам ништо повеќе, само дека ти благодарам најмногу на свет.
Чепкав низ сликите во компјутеров и ги најдов сликите од почетокот. Убави спомени,исти сме и денес а сепак различни. Уште неколку дена 2 години. Неможам да верувам дека конечно го имам оној вистинскиот кој ми треба и е баш онаков каков што сакав да имам покрај себе. Ти благодарам што постоиш,и мило ми е што и после 2 години го имаме истото она бакнување,гушкање и милување како на почетокот. (Само што не се гризиме до безсвест сеа. ) Хаха.
Да знаеш само какво изненадување ти спремам за сабајле шок ќе биде за тебе. Не се ни сомневаш колку пријатно ќе те изненадам.
Ти да пиеш, јас да се пијанам Ај доста се зезам, ама стварно сакам да те видам. Ни една недела не поминала, а веќе ме опфаќа нетрпение. Ќе го биде или не - не знам. Само знам дека убаво се гушкаш. http://www.youtube.com/watch?v=u1gwjtupiXA Е немаш појма зашто не ти кажувам
Сфатив дека се што фалеше беше искрена нежност, оние зборови што ти ги кажував порано, оние мисли што ги прочитав тука во едни стари мои мислења на темава и што ми ги насолзија очите... Ми ги насолзија затоа што паѓам на романтики, ми ги насолзија со такви солзи кои ги леат тинејџерките на оние романтични писма на љубовните филмови, или на оние романтични предлози за брак што ги гледаме на youtube... Онакви среќни солзи, што викаат ех, и јас ја имам среќата да го имам тоа што го има таа девојка... и сфатив пак, дека нежните зборови се се што недостасува, убавата мисла е најголемата подржка. Ти напишав една искрена порака, искрено и од срце, и веќе следната секунда ти се смени, пак во твојот глас го почувствував она милото што ми недостасуваше, она за што копнеев. И ми збореше толку милно, а јас летав во облаци, очите ми беа полни со солзи радосници. Ми викаш те сакам, ми викаш се сакаме... И те сакам душо, да го знаеш тоа. И заедно ќе пребродиме се, само треба вистински да го сакаме тоа... Спојлер Од тебе заборавам и правопис, кога го гледам предходното мислење ми иде да се закопам во некоја дупка
душо моја ти благодарам што си си мене во секој момент тоа е нешто безценето те сакам најмногу на светот и едвај чекам да те видам
мене ме сменија а тебе не-знам дека твоите од работа го прават тоа како и да, е да си овластен претставник не е платено-секогашниот партнер е исто од твое маало и ти посакувам како што јас останав до 4 и 30 наутро така и ти да останеш овој круг па да видиш како е
Обожавам кога си блиску до мене. Кога ме обзема синилото на твоите очи. Кога го следам секое твое движење. Кога ја гледам секоја црта на твоето лице, бисерната насмевка, совршените дланки, твоите потези, твоето однесување. Го обожавам секој дел од твоето тело и душа. Обожавам кога чекориме блуску јас и ти. Твоето присуство за мене е најголемото богатство. Имам потреба да ти признаам дека те сакам најмногу!
стварно не е фер од твоите,ден им се допајгам ден не ама знаес подобро со нив да се расправам од колку со тебе
Синоќа те сонував. Ме гушкаше и бакнуваше. Бевме убави заедно. Единствен сон кој сакам да стане јаве. Нон стоп ми си во мисливе, а штета што не си ми во животов...
http://www.youtube.com/watch?v=ZFJL_57cn-k Да не се објаснувам ... Нема светло,а нејќам ни да ми зборуваш,ни пак да ти зборувам. И заклучувме кој е лудиот помеѓу нас двајца. Може. И остави ја брадата. Уствари,само неа.