Не знам дали ти имам спомнато, но како се движам по продавници, разгледувам се` што е потребно за едно домаќинство и разни декоративни дрангулии, но никако не можам да ги замислам во сегашнава дома. Напротив, размислувам за една наша градина, каде ќе насадам лалиња, многу лалиња и бели кринови..и зумбули. Ќе купам од оние прекрасни виолетови керамички саксии со цвеќиња ишарани на нив и ќе ги поставам на прозорците. И како стариот дедо кој го видов денес, ќе им фрлам трошки на гугутките. А ќе чуваме и мачки. Бели, со жолти точки на нив, црно-кафени и задолжително едно целосно црно маче, со жолти очи што светат. Ќе те одвикнам од тие сендвичи и јас ќе ти готвам нешто вкусно. А неделите ти ќе ми помагаш. Ќе подготвиш бело месо, а јас ќе правам сос. Утринското кафе ќе ти го заменам со свежо исцеден сок од портокал. Ќе бараме нови рецепти, како и досега, ќе го пробувам неколку пати ко демек за вкус, а ти ќе ме караш за нетрпеливоста и ќе ми ја направиш онаа фаца - "Ама почекај нека биде готово". Некогаш ќе го шетаме Водно, ќе пешачиме и ќе ми се смееш на немањето кондиција. Ќе те замолам да избегаме од гужвата и да најдеме местенце за нас двајцата. Повремено ќе го посетуваме и моето ритче, ќе оптегнеме едно ќебенце и ќе грицкаме. Ќе седнеме под дабот, а јас ќе се сеќавам на времето кога тоа било мој крај, а сега имам нов дом. Ќе воздивнувам и ќе си соберам цвеќиња и шумски јагоди, за спомен. Неретко помислувам дека ќе имаме една мала принцеза. Ја носиш во раце, пазиш да не ја повредиш. И` пееш и и` се смешкаш. И тогаш твојата, а и мојата среќа е целосна. Знам дека нема да биде така. Ќе имаме толкави трошоци што за експериментирање со храна нема ни да зборуваме. И во тие бессони ноќ од плач на детето, тешко дека ќе размислувам колку убаво семејство имам. Ќе бидеме уморни, нервозни...но сакам да верувам дека љубовта ќе ни расте. Сакам да сонувам, ете така ми е убаво.
Еден од поубавите комплименти кои ми ги даруваш е оној кога ми викаш дека ме засака на почетокот баш поради тоа што сум била зелена. Дека сеуште ме сакаш и Љубиш бидејќи сеуште сум Зелена. Затоа што се глупирам, затоа што сум полу дете во тело на девојче. Затоа што проклето добро знам да бидам забавна и да те излудам со мојата ненормалност. Затоа што со мене никогаш не знаеш на што си ти. Имавме бурна ноќ. Ти се качив на глава. Беше жустро. Болеше! Изморена сум заспала, не ни памтам кои ни биле последните зборови. Само знам дека си легнавме налутени. И се изненадив кога се расонив утринава гушната целата, како твоите раце ме опфатиле во една голема прегратка. Свашта, вршитам од патетики понекогаш. Од глупост и суета може нема да ни успее. И пак јас сум крива и за тоа. Секогаш и сум била со сите луѓе, не само со тебе. Незнам како да живеам во денешницава. Си кажав дека сум од времето на Бајрон.
додека стоев и гледав во далечините да се појавиш, многу работи ми прелетаа низ главата. нашиот одмор во нашата мала соба во охрид... водевме љубов по цел ден, спиевме гушнати додека надвор врнеше... гледавме филмови а јас уште не почнат филмот заспивав во твоите прегратки и ти ја гушкав раката. мечтаев за наш дома и нашата ќеркичка која ќе личи на мене и ќе има име слично на моето... ние две ќе бевме твоите убавици... чекав цели 10 минути. бев во 9 без 10 бев на договореното место... да.. се надевав дека и јас тебе ти недостигам ужасно. додека идев мислев деа веќе чекаш и дека кога ќе се појавам ќе речиш неможев да дочекам да те видам но не... ти закасни 2 минути. приметив како ти се тресат рацете. сакав да ти ги бакнам. ме болеа твоите солзи душо моја. кога ме гушна посакав да умрам во твоите прегратки затоа што знаев дека тоа беше последен пат. ова беше збогум љубов моја...
Јас без тебе не би постоела знаеш ? Ти си ми добро утро без тебе денот не би ми бил ден и едвај чекам да поминат уште 6 дена....Но искрено едвај чекам да поминат овие година дена две и веке конечно да видеме заедно те скама најјмногу од се
Душичкааааааааааааа , најубаааааааааааав е добро сеа малце си глуп ама нвм , па не се прашува дали те свиѓам кога веќе сум излегла со тебе ама ете денес се поправи и си ми срцуленце
http://www.youtube.com/watch?v=pN4hdqKLWis Oh well, hunny you, tonight I'm here, tonight Oh no, fall like a star Oh in time, you and I, we'll shine.
Бр. 21898487324 - Те сакам затоа што мислиш прво за мене потоа за себеси. Те сакам затоа што можам да бидам ранлива пред тебе, а ти да ме гушнеш и кажеш нешто заради кое се навлекува насмевка на моето лице. Те сакам затоа што можеш да им откажеш на другарите за да бидеш со изнервираната ЈАС, затоа што другарка ми е гнаса. Те сакам затоа што во овој свет на себични, зајадливи, завидливи, одмаздољубиви луѓе, си целосна спротивност и ми врати ронка верба во човечкиот род. Не си како другите. Тие немаат сличност со тебе. Посебен си. Единствен. Затоа те сакам .
И повторно круг! И повторно чувствувам како ми лизгаш од раце!Мислам дека ќе дојде некоја и ќе кренеш раце од мене ...ќе побараш едноставност . Се плашам дека некаде попат ќе се загубиме , всушност ние и веќе се губиме ,времето минува промените не престануваат , секогаш мислам на тебе И лута сум ти да ( ако воопшто имам право да ти се лутам ),ме оставаш секогаш да мислам како си и што се случува ,не ме оставаш да допрам до тебе , се обидувам и ќе престанам овој момент кога ќе ме поглднеш во очи и ќе ми кажеш дека си престанал да ме сакаш, дека не сум онаа истата во твоите очи сама сум , бегам од се и од сите , чувствувам дека лутам без цел... Овој пат осаменоста нема со кој да се бори, едноставно победи тогаш кога јас одлучив да изгубам. Но нека боли ...веќе оддамна боли Не можам да дозволам да станеш рамнодушен на мене. Ќе те оставам малку да размислиш и сам да ме побараш. Ако ме побараш. Приметив дека те гушам, напорна станав , еве се повлеков и сега сме тука каде што сме - никаде!
Ако испадне точно ова што го мислам моментално,стварно не можам да поверувам колку немаш доверба во мене.Да паднеш толку ниско со ова што го правиш,не знам што да ти речам.Стварно.
Извини што сум ваков идиот. Извини што сум толку безчуствителна. Мене ми треба да си средам мисли, а тебе ти треба да бидеш со мене. Колку контрадикторно нели? - Скоро секогаш се разминуваме. Ете, признавам. Во право си. Како камен ладна сум. Поради тебе- да. Ова се само последици...
Знаеш,сакам да те слушам како се смееш,сакам да те гледам најсреќен на свет.Сакам ни еден ден да немаш никаква грижа и заедно да одиме напред,да ја градиме нашата иднина,нас,да растиме и понатаму заедно како до сега.Знам дека се ќе помине и еден ден ова ќе биде само лош спомен кој што ќе биде засенет од нашиот ден и нашата среќа.