Те сакам љубов моја. Иако е рано да знам но кас чувствувам дека ти си тој вистинскиот. Никој не бил толку мил со мене, полн со разбирање. Ретки се тие што ја третират својата девојка толку убаво. И што ја прават да се чувствува најсакана. Јас не знам што направив па те заслужив тебе.. Како и да е среќна сум што те имам Те сакам... (ќе ти го кажам тоа после кога ќе ми се јавиш да ми посакаш добра ноќ)
Изгледа ме заборави, а вчера кога испаднав кога те видов многу насмеан и расположен како да не се замараш за ништо, а ти си крив овој пат, петокот се испонаша баш како мало дете, зошто оти ја седнав во возот покрај џамот, а ти си сакал да седиш таму и фино лепо си стана позади мене седна,на другото седиште и кога стасавме се поздрави како првпат да се гледаме и од тогаш те нема, и ми го расипа и денот. не можам да поверувам дека се лутиш за глупости ти пишав во петокот ништо не врати, вчера те чекав цело време ај си реков да ти титнам- попаметниот попушта, ама очигледно испаднав глупа пошто гледам не се замараш, а највеќе ми е криво кога те видов вчера пред продавница се понашаш како ништо да не било, како мене да ме нема!
http://www.youtube.com/watch?v=CvBfHwUxHIk You can stand under my umbrella , Како тогаш после факс, ти текнува?
Сакам да ти кажам грашко дека те сакам најмногу,дека никаде не би запознала личност како тебе.Се би дала да те видам повторно среќен и задоволен од се.Ме имаш мене,тоа ти значи многу. Како ли ке издржам повторно 2 недели без да те видам.Но ако,љубов моја ова е последен пат да останам две недели бидејки потоа ке си идам секоја недела и следува мојата матура и лето во кое ке уживаме двајцата,секој ден да му се радуваме на она нашето. Само едно,за англиски матура мораш да ме спремаш. Те сакам најмногу и ми недостигаш сонце мое најсветло
Не си ти крив што си нашол будала што е слаба на тебе. Што незнае да повлече граница, да рече еве до тука било. Сама сум си крива што неможам без тебе, незнам да се снаоѓам без тебе. Сама сум си крива што сеуште се надевам дека се ќе биде како што беше првата година, кога се плашеше дури и да ми преречеш за да не се скараме. Ама ете, се свртело тркалото, поминале одамна деновите кога си ме држел како капка вода на дланка. Поминале деновите кога си се плашел да не ме изгубиш.. За 2 недели ќе станат 3 години, ејј.. А јас се поужасно се чувствувам кога сум до тебе. Не ми оди ни без тебе, ни со тебе.. Сакам само да расчистиш со лагиве, да решиш ШТО и КОГО сакаш да имаш покрај тебе и да признаеш. Па нек ме боли, е*аму, нек ме суреди. Нека ме докрајчи болката ама бар да сум на чисто, да знам каде стојам.
Слушам сите другарки си ги частел "милка" а мене не ти текна по пошта да ми пратиш . Страмота еј, како може да не ти текне . Иначе вчера ме изненади со тоа што кажа "Нека остане тајна, ама ајде ке ти кажам-ти си ми симпатија " само да ме видеше како изреагирав кога го видов тоа, мислев ке се онесвестам аххх . Те сакам
не секогаш треба да ти биде побрз јазикот од мозокот,како и порано што беше и сеа треба да си и да не се каеш за кажаното,повеке не си дете на мама и тато,сеа од тебе некој очекува сеа веке ти си маж со своја фамилија и сеа си татко на прекрасно бебушче,кое не е должно да ги трпи последиците на кои те натерале твојте.те сакаме и јас и син ти и те чекаме,а и фала му на господ што се се реши на смирен начин,сеа да си тука ке те изгушкам и ке ти кажам дека се ке помине.
Ти не си нормален сега во 1 саат ти текна кафе да пиеме малце ти беше цел ден со мене па уште и кафе вака касно , но како и да е јас те сакам каков што си па ќе ти сварам кафе ти дојди само.
Сакам ова да го споделам со тебе, верувал или не Не сакам да те чекам вака ко‘ загреота. Спојлер Ајде, кога ќе си дојдам, ќе уживаме во нашата мала Атлантида, потопениот Охрид
Секој пат кога ќе те видам јас се чувствувам баш вака http://off.net.mk/video/razno/ochi-polni-zhivot
Ми фалиш, премногуу , деновите без тебе се пусти, ноќите долги. ми требаш за повторно да ја имам онаа вистинска блескава насмевка, ми требаш за да не ме прашуваат каде наеднаш изчезнал сјајот од моите очи, ми требаш за да го смириш срцево, да ја заживееш душава, ми требаш за да продолжам понатаму, ми требаш за да се борам со проблемите, Ми требаш за да можам да живеам... Ми требаш за... Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=9-qD952pZ2E