Незнам што би правела без тебе мило, преубаво ми е, пресреќна сум. И на секој збор би додавала суперлатив, но да не досадувам ќе бидам кратка. ТЕ П Р Е С А К У В А М
Јас тебе еднаш да те имам, ветувам дека никогаш нема да те повредам, и дека ќе те чувам како капка вода на дланка... Јас скроз го загубив умот, седам и размислувам за тебе, размислувам како би ти ја галела прекрасната коса и како би те гушкала. Уште кога дознав колку си бил нежен и внимателен, уште толку се затрескав Ти си убавец, и ќе најдам начин да дојдам до тебе, макар каде сакаш сокриј се
Вчера кога ме гушкаше под стреата, а јас кенкав за скршениот чадор, и се запрашав, дали секогаш ќе биде вака, дали ова, дали она... Ја имав твојата топлина, и сигурност. Незаменливо чувство на Нас. Дека ќе си бидеме, и нема што да се мозга тука. Те љубам.
сакам така да бидес на моја стана пред нив инаЧе тие ке поЧнат да газат ама нема да дозволам те сакам
Сакам да си ми стариот, сакам да си мил, да си нежен, да си внимателен. Но не премногу сум бесна Оди.
Само биди блиску до мене секој ден. Како денес, денес твоите сини очи ме погледнаа. Секој момент со тебе за мене е како магија. Најголемо богатство, нешто што ме одржува жива, нешто што ја одржува насмевката на моето лице. Ти си единственото нешто за кое сонувам, дури и будна. Само на тебе мислам секој момент. Сакам да го чувствувам твоето присуство до мене. А твоето присуство во моето срце е вечно, тоа чука само за тебе. Те сакам!
види види господинот манекен се вклучил што се однесува до мене можеш слободно да се исклучиш и никогаш веке да не се вклучиш ама на семо на ф.б. туку и од живите бе гнасо една нарцисоидна вчера да ме видеше само од некоја страна каква бев-насмеана, расположена, ке си речеше не е истата девојка што значи дека можам и без тебе во овој живот
Сакам да си до мене,да ме гушниш и да ти спијам на градите.Ми фалиш овие денови,мразам ко ќе не си до мене,ја мразам и празнината после расправијата...
Сликата си кажва се, ама обожавам ко ќе ме гушниш и бациш како преје, немој да ме повредваш само, те молам !
Сакам да е мојата половина… да го знам.... да е мој и да е свој истовремено... сакам да е љубопитен, да се интересира и да ме прашува... колку и да сакам да не кажувам... сепак да не се сомнева... сакам да можам со него да сум искрена, сакам да го имам него, се она што ме привлекува кај него, а да не знам што е тоа...дали неговиот шарм, интелегенција или љубовта која ми ја дарува...сакам да ме сослуша...не мора секогаш да ме разбира, сакам да ги краде зборовите од мојата уста а да ми ги подарува дланките на мојат врат... сакам..........
Те сакам, те сакам, те сакам, те сакам, те сакааам Не верував дека ќе можам повторно да сакам некој после мојата прва љубов што траеше со години, се додека не се појави ти...Ми недостигаше ова лудило кое ме обзема полека но сигурно.Признавам, на почетокот се противев, но не можев и понатаму.Чувствата се родија...Се заљубив во твојата внимателност спрема мене, во твојата насмевка, твојата ведрина, твоите преубави блескави очи, твојата добрина, твојата грижа спрема другите, твојот најубав глас...Се заљубив како петнаесет годишна тинејџерка...Couldn't help it...Што сака нека биде...
Некако неможе да се погодиме на иста фрекфенција... преска дури на моменти беше awkward... а и двајцата се трудиме... јас не ги сфакам твоите шали, ти не ги разбираш комплиментите што ке ти ги кажам. А ми се свигаш...многу! Знам дека и јас тебе. Братучетка ми што е 3 години помала ни се смееше на муабетот. Незнам зошто неможам да се опуштам пред тебе како што сум пред другите? Почнувам да се прашувам дали е точно она "Спротивностите се привлекуваат"?! http://www.youtube.com/watch?v=kPQGWVIt0XE
Знаеш, викаат дека неблагодарните ќе сфатат што изгубиле откако ќе престанеш да им удоволуваш и простуваш. Ама тебе, тебе ти е толку сеедно за тоа што јас го правев за тебе.. И после толку време, ме боли. И пак, морам да ги лажам. А каков избор имам? Сфаќаш што направи, нели?