Среќен 18ти роденден !! Секогаш да бидеш весел, среќен и насмеан, да немаш грижи и најубав помин во Измир. Те чекам да си дојдеш, па да прославиме. Те сакааааам
Почнуцам да се оладувам со тебе...Нема да те молам,ништо од тоа... Умре "пријателката" која секогаш беше овде за тебе... До сега издржувам,за натаму ке видеме...Кога ке видиш дека не сум повеке таа на која што си навикнат... Ке биде забавно.
На тебе некој комшија со кирамида да не те мавнал сабајле ?! Што ти е денес на тебе бе ! Во еден момент ме изнервира , а во друг ме расположи . Сабајле се чувствував ужасно, ако не беше ти цел ден ке мислев само на лоши работи. Инаку многу си откачен мноооогу, алал да ти е ! Хахахаххаахахаха лелее неможам да поверувам, инаку ја сум таа што ти глумам дека Марио ми треба на тел Те сакаааам!!!
самиот си призна дека 15 девојки до сега во твојот живот поминале вака или онака, ниту една не си успеал да задржиш Д а сега мене ми велиш те сакам каква што си-за што ме сметаш ти мене бе јас нема шанси да бидам со тебе па што сака нека биде и немој мене тие финти ист си ко З ама ист-бре ко иста мајка да ве роди тој 24, а ти 27 таквите ко вас НЕ СЕ МЕНУВААТ и немој мене да ми мачкаш очи дека сакаш некое пристојно девојче за себе оти такво со тебе може да си го извлече подебелиот крај , и ништо друго
Камо да можев среќа да те наречам. Колку пати сум ја имала оваа тага и разочараност во себе. И сето тоа заради тебе, кој незнае што треба да цени. Не те молам за ништо повеќе
Уште од сега знам дека за неколку години ќе посакам да се врати времето. Да можам пак да бидам покрај тебе, онака безгрижно да седам до тебе и да те молам да ми дозволиш да ги стискам црнките на твоето лице. Да ти ги осеќам повторно очите на моето тело, како ме гледаат без да трепнат. Да ми повторуваш неколку пати едно по друго дали знам колку сум убава. Да ми кажуваш дека се гордееш со мене, дека си среќен што си ме запознал и дека несакаш никогаш да ме изгубиш. Дека сакаш животот да го поминеш со мене и сите да ни завидуваат. Ќе посакам, ама и сега знам дека тоа време не се враќа никогаш. Само ти успеа да го разбудиш најдоброто во мене. Мразам што ми недостигаш премногу во овие моменти.
Дека многу ми недостига, и постојано мислам на него Дека се' би дала да го вратм времето назад и да сменам некои работи. И на крај би му кажала дека многу го сакам
Иако велиш дека се грижиш за мене,дури и понекогаш го покажуваш тоа,почести се моментите кај што си незаинтересиран за мене.И тоа многу ме боли..Кога очекувам твоја подршка ти ми лупаш в лице 100 критики.Но ако,се сум издржала и ова ќе го издржам и знам дека ќе помине..Но ќе дојде и мојот ред,твојата болка !
Ти простив за се, заборавив, не ми беше важно што ме повреди безброј пати... и покрај се што ми направи јас гледав кон подобрата страна, ти дадов толку шанси, мислев ќе се промениш... и секој пат ти го докажуваше спротивното.. Ти со тоа што си, нема да се смениш никогаш.. Не вреди да кажувам погрдни зборови, затоа што и тие се преблаги да те опишат. И сега се срамам толку многу, се срамам од себе си.. зошто јас испаднав поголема будала од тебе, зошто ти верував... мислев стварно ме сакаш.. Ех која будала сум била, светска! А највеќе се срамам што успеав да те засакам, и тоа толку многу што си дозволив да плачам за некое небитно суштество како тебе... ти си едно големо НИШТО! И сега збогум создравје, терај си по патот... и немој ни за секунда да си наумил да ми се вратиш и да ми се лигавиш оти дури тогаш ке ми го пукниш филмот... Продолжи си со барањето следни жртви, па можеби ке успееш една од нив да ја задржиш со тој памет и тоа понашање... само која уште поголема будала би била таја не знам... И се надевам ќе најдиш некоја шо ќе те сака како мене, со среќа во потрагата... само чисто се сомневам оти на такво лајно како тебе ни муви не се лепат.. со извинување... Ајде чао пријатно!
Премногу грешки правам .. премногу те нервирам.. и тоа се за ситници.. понекогаш кога ќе се замислам си помислувам Па добро , како ме трпиш толку време?! И покрај сите нервози пак сакаш да бидеш до мене , пак сакаш да ме бакнуваш , пак сакаш да ме прегрнуваш Ми даваш 1345670654 шанси да се оправам и да бидам таква каква што ти сакаш! Единствен си , го знам тоа! Ретки се луѓето како тебе во ова време .. Не сакам да те изгубам , не ! Нз што друго да кажам освен да му се заблагодарам на бога што ни го вкрсти патот. ТЕ САКАМ
Да не си ти јас немаше да ги преживема овие денови,секогаш си бил тука да ме крениш,да ме свестиш и покрај се остана со мене. Ме боли кога сум ваква и кога те туркам од себе,но ти по не знам кој пат ми докажа дека никогаш нема да ме оставиш. Фала ти за се што направи за мене мил мој.