Еби си матер, ќе пукнам ама нема да те барам, и седи офлајн цело време, ако се ставиш он случајно да не ти пишам.
Не знаам како да почнам Се радувам на тоа што се трудиш, се менуваш, таков те сакам бе сонце... Дали би се борела за нас!? Оо да, не те пуштам јас тебе така лесно. Нешто длабоко во мене ми вели дека ќе успееме и покрај целиот тој страв. Горда сум на тебе, ова е огромен успех! Ама ова е само почеток, ќе успееш и ќе ја имаш кариерата од соништата. Јас ќе сум тука за да те подржам, да ти бидам и утеха после секој пораз и секоја победа да ја славиш покрај мене. Немам зборови да ти кажам колку се радувам за тебе, ти си прекрасен во секоја смисла на зборот. Биди ваков каков што си сега, нашево почнува кон сосема друга патека да оди. Чекор по чекор, ќе успееме и ти и јас во сите наши соништа и цели. Те сакам, онака детски, искрено, чисто. Ти си првата мисла наутро, последната навечер. Сакам да спијам покрај тебе, да се будам покрај тебе, да шетам заедно со тебе, да ми читаш стихови од песни, да ме караш кога се нервирам за беспотребни работи, да ме гушкаш кога плачам.
Ги прочитав нашите разговори (мал дел) колку тага има во нив...ми се насолзија очите низ што сме минувале... Имам едно спакувано “извини”за тебе!Ќе почекам да го отвориш па веројатно ќе исчезнам. Заслужуваш да си среќен љубов моја ,нас тоа премногу тешко ни оди Ти знаеш колку го љубев твоето срце,а го изгубив. Ама бадијала велам да беше како што не беше. Нека се радуваат сега душманите на нашата разделба, а времето ќе каже што готово е, а што не. И да оди се во бестрага, секако за таму сме ние двајцата...Или сепак не?
Благодарам за 3те години по ред уништување на денот кој мнн ми значи ...Знаеш разбирам јас се, само себе си неможам да се разберам...Идиот невиден сум ...
не ми е јасно што се замислуваш М ако сум те прашала некоја информација каде нешто се наога, значи дека на тебе ми текнало да те прашам -најблиску си со работно место до таму, и претпоставувам дека знаеш а не да ми се правиш паметен-ти на мене а со кој памет пред неколку месеци јас се плеткав со тебе, е тоа не можам да го сватам навистина луда глава ама за срека му припагаш на минатото и пази да не налеташ на мене а каде што сум тргнала таму ке стигнам ми кажал ти или не, не сум јас од круша падната
сто сме досле до питаЧки стап а памет никаде ти е,алал да ви е и тебе и на тато твој 1.тебе оти работис и сите пари он ги ужива. 2.оти е паметен на женет син да му зема пари,и не тоа потреба туку онака те цеди и цеди без да забележис. едно браво за двајцата,а највеке за тебе оти си на прво место и така убаво те седлат!.
што ми требаше да додадам еден дебил ко тебе за пријател на ф.б е ајде де мумија, статуа и после другар ми ке се чуди како ваква девојка е сама, не е за чудење туку е за крстење работава -мој живот -мој проблем и точка
Сакам да ја видиш љубовта што во мене грее за тебе. Погледни ме, кога од моето скриено катче и се восхитувам на твојата убавина, на твоето совршенство. Те сакам!
Ти не разбираш како функционира женскиот мозок. Мене ми фали заштита, ми фали да кога некој ќе ме навреди, застанеш пред него и кажеш - Еј, чекај, не можеш ти така со неа. Не дека јас не знам на вербален начин да му вратам соодветно, далеку од тоа дека сум слабак, можам да бидам многу остра и да направам да се покае за тоа што го кажал. Но - некогаш сакам да бидеш малку повеќе маж. Не ми е гајле дали ти е другар, брат, познаник, имаш должност да ме заштитиш. Кога некој ќе каже нешто лошо за тебе, а е неправедно, знаеш ли дека како лав му скокам? Подготвена сум на секој начин да те одбранам. А ти само мирно стоиш настрана, па уште другиот се обидуваш да го оправдаш и одбраниш, зашто имал домашни проблеми?! Чекај бе, мене не може некој да ме нарече плитка или да ми вели - што се замислуваш ти, а прв почнал со арогантно однесување. И сега зашто типот имал проблеми (гарантирам психички), јас треба да го сфатам. Додека цело време се обидувам да бидам културна и да не вратам на тие негови спуштања, а на крај и пцовки, ти најде него да го браниш. И после тоа што сум рекла дека маж ми треба, значело тепач. Немој, молим ти се. Па и јас не сум некоја жена, не ми е гајле како ќе испаднам во туѓи очи, да се претставам со својата нежност и чувствителност, туку напротив покажувам заби и ако некој направил да ме боли, нема да се двоумам да го направам истото. Ете, не сум тепач, но треба да покажеш каде ти е границата, да заржиш кога е потребно, а не да ќутиш и трпиш туѓи навреди. Не кажав дека си п****, но ако се пронајде во тоа, извини.
Те сакам. Обожавам кога ми кажуваш дека сакаш СЕ да правиш со мене, ама не многу често го покажуваш тоа. Небитно, остани си покрај мене.
Експлозија чувства, малку време. Ми фалиш, ми фалиш, ми фалиш! Не ми е доволно времето што го поминувам со тебе. Сакам уште! Сакам да си се сакаме со сонцето. Да оставаме зраците љубов да се впиваат во нас, без никакви ограничености.