Чекам да дојде моментот, кога ќе влеземе во нашата, друга димензија, да го живееме моментот на единствен, наш начин. Да прсне љубов од нас, да ја преплавиме нашата мала планета со воздишки. Ќе бидам најсреќна. А сега, сум само среќна. Зашто не си ми близу. Зашто не можам да ти покажам на начинот на кој што сакам. Зашто не можам да нурнам во прегратките кај што сум најсигурна, најмоќна. Чекам среќа, огромна. Те чекам тебе. http://www.youtube.com/watch?v=hXe1jpHPnUs
И знам дека бев несозреана ,бегав од тебе несвесно те повредував,лоши постапки непромислени но ти си човекот кој ме изгради како личност знам дека не сакаш да ми простиш. Но јас пораснав созреав знам што сакам,денес само ми требаш ти и малку среќа ..и не не сум лута ,повредена сум ,но некогаш и јас те повредував тебе ,не ти замерувам во мене има премногу љубов да би отстапила место на лоши чувства
Би ти правела сендвич. Не зошто така треба, ами зошто мене ми е мерак Вечер ќе делиме пијачка и цигара. Ко у средно.
ајде стани досадно ми е више.претеризам бре мајкуму само спиеш биди како мене малце..стани бе чорап...
сакам целосно да бидес така мирен,со љубов,со разбирање,да ме сослусас,да ми кажес сто и како да! така сакам да си,усте тие некои ситници ти фалаат Често си се запрасувам засто ти фаалатне го сакас тоа?досадно ти е?себеиЧенс и повеке од сто треба незнам
Кога ќе умреме потпрени еден на друг, сакам да не стават во ракета, да не однесат во вселената и да не пуштат да се распрснеме.
Значи ми се оди на пица и тоа ептен и тоа во Костарика. Преку глава ми е од кафиња во Сити мол, зар мора и вечерва пак истото?
значи не,не мора да излегваме ти акаше цел ден,јас дремам на работа како тежок ретард и ми викаш сега да си одиме дома....ма секогаш си бил и ќе останиш тежок СЕБИЧЊАК
Ова е последно што ти го кажувам, ветувам. Одсега натаму ке почнам нов живот, се од ново. Случајно те запознав и од почеток беше предобар со мене, ама на крајот ме остави без зорови! Се однесуваше како некој принц од бајките , досега не бев сретнала таков. На крајот се упропаси кога кажа да си најдам друг и што сум се замарала со тебе. Е овде веке навистина немам зборови секоја ти чест .Нека е проклет денот кога слушнав за тебе, и го мразам секој миг што те сакав . И ти си бил како сите други, ништо повеке но многу помалку . Се надевам дека на други така дека нема да им даваш лажна надеж и дека еден ден ке се опаметиш и дека мноооогу ке се каеш. Ти не ме заслужуваш, не . Се надевам дека еден ден ке запознаеш некоја што ке ја САКАШ со полно срце, а не така од корист. Се надевам дека еден ден ке се сетиш на мене, или ако некогаш се сретнеме пак кажи дека јас бев таа што те сакав најмногу а ти само ми даваше лажна надеж и на крај ништо. Се надевам дека во скоро ке се смириш и со многумина другари со кои си скаран, ама не стварно се понашаш некако како од затвор да си излезен (во последно време зборам) . Ти посакувам многу среќа во животот, и да знаеш дека ке те заборавам. Збогум !
Џабе ти е сега се! Ти си само дел од моето минато и таму сакам да останеш,зошто кога имаше шанси се да се поправи,тебе те немаше нигде и несакам да ме повредуваш повеќе,зошто не заслужив.Остани ми жив и здрав,се надевам ќе најдеш некоја што ќе биде таква како што ќе сакаш ти-шмизла!
Колку само сакам да можам да ти се јавам и да го слушнам твојот глас. Колку сакам да ти кажам дека ми фалиш и дека ми требаш. Не гледаш ли дека животот ми се распаѓа. Кај си сега? Кај си сега да ме гушнеш и да ми кажеш покрај тебе сум? Неможам да те заборавам. Се трудам. Знам дека не ме сакаш. Знам дека нема да бидам со тебе. Ти ќе бидеш во моето срце, само се надевам ќе можеш барем на миг да излезеш од моите мисли. Знам дека лажеш дека немаш друга. Глупи се твоите изговори зошто не си со мене. Биди среќен, а јас и понатаму ќе пишувам тука за тебе.
За ова што ми го направи има да ти го спопикам домаќински. И да ти биде јасно дека за тебе јас не стојам закачена на закачалка.
2 години најмил мој. Не велам дека секој ден ни бил совршен,но сепак за мене се најубавите денови. Те сакам со цело мое срце ! Ти си ми се ! Да се множат !
Знаеш ти се. Го знаеш целиот град, сите улици во него и патот по кој се движиш во моите вени. Не насмевнувај ми се, добро знаеш дека сум слаба на тебе. Беше егзотичен и емотивен во исто време. Беше неразбирлив и љубезен во исто време. Ме сакаше и ме оставаше во исто време. Заминуваше од мене и ме бараше во исто време. И така беше, одеше па се враќаше, заминував па запирав. Се обидуваше да застанеш за да ме видиш каде сум, заборавајќи дека сме изгубени во лавиринт.