Најмило мое ти ми го исполнуваш секој миг со убавина,светлина,среќа.Ти си она за кое што секоја девојка сонува,ме сакаш безрезервно и не ни сонував дека ќе имам таков Ангел крај себе да ме чува,штити и да биде со мене.Иако некогаш знам да претерам и те нервирам,но знај дека те сакам најбескрајно само тебе и се ќе направам за да те направам барем малку среќен од тоа што ме правиш ти мене. Никогаш нема да те разочарам и секогаш ќе сум со тебе.
вчера те видов на слика бивши со една девојка и внукати-мислам дека го видов гаволот хим селф ми доагаше да вриштам ко мало девојче-можно ли е таа злоба кога јас бев со тебе да не ја забележав свесна сум дека не се заборава така лесно личност со која си поминала долго време заедно, потсвеста е таа што го прави тоа-знам уште паметам кога ти е роденден-третиот ден од денес
Јас незнам зошто повеќе не чувствувам потреба да ти ги кажувам некои работи. Ете, веќе некој период е вака. Кога само што ќе полетам од среќа, ти со некоја ситна глупост ќе ме треснеш на земја. Да, знам дека не сакаш. Ти си НЕНАМЕРЕН човек. Не велам дека сакаш да ме повредиш, или тоа го правиш со цел. Ама едноставно касно го пушташ мозокот. Кога веќе ќе ја оплескаш работата. Позната сум ти како крајно толерантна личност. Ама чувствувам како чашата се прелива, така јас губам дел од себе. Не сакам да заврши нашата бајка. Несакам да оди во овој правец по кој е тргнато. И незнам дали е подобро вака, или тоа што ни го носи иднината ќе биде подобро... Не сакам живот без тебе, но не и ваков со тебе. Толку малку треба да промениш, само треба да сакаш. Види ги кај се црните точки. Исправи ги. Немора секогаш да те упатувам кон се`. Понекогаш си мислам дека губам сила од постојана борба со тебе. Со твојата личност. Знаеш дека мразам пасивност. А, толку си прекрасен човек...
знаес да расипис многу работи ме нервира ужасно тоа ама габе ова ти го кажувам кога пак и пак и пак го правис ууууфффффф
Ниедна разделба со тебе не ми била лесна. Но, затоа била корисна. Онаа вечер, кога го достигнавме врвот на караниците, одлучив дека е најдобро да продолжиме еден без друг. Ти, со некоја посмирена, подобра, која нема да ти ги воочува туѓите грешки и нема да се нервира кога манипулираат со тебе. Одлучив дека треба да си бараш слична, во тој твој оптимизам, зашто јас ќе те уништам. Ми смета што лесно простуваш, што дозволуваш сешто да зборуваат за тебе и пак ти се прават другари. Мене тоа ме боли и ми се превртува желудник од нив, а ти ги сметаш за пријатели. Ете затоа сметав дека е невозможно да функционираме заедно. Паднаа многу солзи. Истовремено си признавме дека откако сме нашле еден во друг се` што сме барале, соодветна замена нема смисла да бараме. Ќе си останеме сами . Ти не би манипулирал со туѓи чувства кога друга не можеш да сакаш, а јас...па и јас истото го имав на ум. Ми се налути за таквиот крај и не сакаше ништо да ми кажеш. Освен пар реченици, во сета болка. "Фала му на Господ што ми даде жена како тебе. Секое машко сонува за девојче како што си ти." И кога ти кажав дека не е од себичност, туку за мое страдање, а не твое, искрено те запрашав, кој би изгубил повеќе. Ми одговори дека ти. А тоа не е вистина. Ми кажа дека поради мене секој ден си наоѓал среќа во малите нешта. Лесно ти било да станеш во 7 саат со помисла на мене. Убаво е да одиш на работа, да се трудиш да создадеш нешто за нас. И ми рече дека без мене сето тоа изгубило смисла. По спуштањето на слушалката, сфатив дека и мојот живот е бесцелен ако не си во него. Немав волја да станам сабајлето. Не ми беше гајле за дипломската, бидејќи ќе немаше кој да ми ја држи раката и да се радува на мојот успех. Немаше кој да ме дочека со насмевка, да ме погледне со тие очиња и да ми каже дека ме сака. Немав мирен сон, а затоа прво што направив кога станав беше да ти кажам дека те сакам. И кога те видов и те прегрнав, а ти не ме искара, туку ме стискаше посилно, се почувствував живо. Ми стана јасно дека без тебе сум ништо. Само ќе живуркам. После секој губиток, чувствата ми се интензивираат и станувам посигурна дека не сакам да те изгубам. Нема повеќе никогаш да дозволам. Никогаш.
Кажано е се со песнава нели абе те обожавам само што доскотеката ние ја заменивме со домашна атмосвера https://www.youtube.com/watch?v=02uCLFdMVa4
Сакам да сум твоето славејче кое ќе ти пее постојано. И сакам кога ми пишуваш длабоко во ноќта дека сум твоја лепотица. И како си среќен за мојата среќа. Како се бориш за мојата среќа. И ајде да не бидам себична и да те опуштам, олабавам, измасирам.
Се измени или така мене ми се чини?Ако си , веднаш го сакам стариот мој дечко назад.Бидејќи таков повеќе те сакам.Незнам на што се должи ова однесување.
Знаеш што???? Пробувам да сум ладнокрвнаа ко ти што си!!! Да не ми е гајле што ке се случи, дали некој ке повредам, дали нешто ке се случи..... Истоо ко ти што си!!!!! Се надевам ке успеам...... тешко ми оди, мака ми е на душава, ама ке продолжам, се надевам ке успеам...