писувам и плаЧам седам и се мислам дали јас или ти гресиме? каде јас каде ти? неможам да сватам,љубов или само брак? до кога мислам до кога или веЧно? живееам или глумам??? ама знам срејката е далеку моја,иако ти си ми срејка а те имам до мене сепак не е се до тоа кога не живееам со љубовта љубов!!... маж си ми да!.ама изгледа се усте си мало дете и не си маж ти не можес да имас фамилија со мене кога таткоти ке ни кажува сто и како нека пукнам ама фамилија јас нема да имам со дете кумандено од тато и додека е женет..јас знам дека децата се кумандат али не и кога се женети,тогас веке тие се мажи а не деца. ајде де сега и нека ти каже тато кога да имаме се°с
Јадев лукче, ајде дојди за да ме издегустираш ваква миризлива. http://www.youtube.com/watch?v=KaasJ44O5lI
Додека со мајка ти ги гледавме сликите на тие мали суштества, ти така ме прегрна и ме бакна пред неа, како да сакаше да ми кажеш Еден ден... Многу филозофирам и преувеличувам знам, можеби тоа беше само обичен бакнеж а јас поинаку си го протолкував.. Ама па од каде толкав сјај во твоите очи? Иако само се насмевнав и малку зацрвенев бидејќи тоа го направи пред твојата мајка, сепак 300 филмови ми се завртеа во главата. Ама не реков ништо да не ме сметаш за луда, можеби како што кажав си сум голем филмаџија а ти во моментот си сакал само да ме бакнеш... А можеби и сум во право.. Којзнае.. Уфф како и секогаш ПРЕмногу размислувам..
дека ми е жал за тоа што се случи, дека сакам да го вратам времето и да сменам некои работи. Дека премногу ми недостига, постојано мислам на него и дека многу го сакам
Ако можев да те пречекам на автобуска, вака ќе изгледаше тоа Ми недостигаш, прв викенд не сме заедно.
... it's like you're my mirror o-oh. Кога ти се задлабочувам во погледот, ко да се гледам себе си со таа некоја мутава нишка која во последно време ми е како врежана во главата. Не знам зошто отсекогаш сум била (и што е најжално, упорно продолжувам да бидам) таков скептик. Не знам што сакам, мислам дека кај и да е ќе почнам да се однесувам како недосозреана тинејџерка во критичен период. А ти ... мирисаш на смиреност, ме галиш и ми велиш дека ќе биде добро. Ама прашањето е, кога ? Па тука и двајцата молчиме. Мене ме плаши помислата, што сè може да ни донесе и накалеми времето, а и околностите. Ме плаши до таа степен, што дури навечер и не можам да спијам, ами се врткам наваму-натаму додека не ми зажежи во глава и не станам и почнам да летам со мислите таму некаде. Зашто, потребен си ми, тука и таму и секаде до и со мене, оти - знаеш, во спротивно секогаш ја добиваш мојата безрезервна поддршка и утеха. Знам дека нема да ме разочараш, ама морам да се искажам, зар не !?
Ти пишувам писмо,мислам на тебе и наеднаш...телефонот зазвонува...Ти си... Телепатија имаме огромна знам. Толку многу ти изнапишав се што чувствувам...се е измешано...но мислам дека поентата ќе ја сфатиш.Прв пат пишувам писмо.Инспирација си голема за мене. Ти благодарам за песната што ми ја посвети вчера,преубава е...и знам што сакаше да кажеш со тоа.
Некогаш знаеш да бидеш подобар човек од мене. И ти се восхитувам поради тоа. Едноставно јас не би можела да го замислам мојот живот без тебе
Среќна сум, знаеш? Среќна бидејќи те имам! Ти си најубавото нешто на овој свет!Ти си моето се! Никогаш не би променила нешто на тебе! Те сакам! Твоите прекрасни зелени очи,твојата неодолива насмевка... Знаеш ли дека си единствен во моето срце? Те обожавам! И да... ми недостигаш секогаш кога не си до мене... Остани секогаш со мене!
Секогаш ќе сме вакви матуфи,знам дури и кога ќе остариме и ќе бидиме бабичка и дедичко и ќе ги учиме нашите внучиња на правилен живот,но од друга страна за нив ќе бидиме од оние бабе и деде кои што без разлика колку се стари во духот се чувствуваат како 15 годишни тинејџери. 5 години и 9 месеци заедно,како вчера да беше кога ќе застанеше и ќе речеше дека сакаш да ме гушниш и така стоевме 10 минути ,не мислевме на ништо и денес сеуште е така и знам дека ќе е така секогаш прегрнати еден со друг,заедно.ете не после толку време пчанираме,живееме еден за друг,постоиме и дишиме како едно.
"Сакам наредниот пат да го донесеш твојот парфем, за да испрскам насекаде, особено на перницата и да заспивам со твојот мирис." Ме топиш, знаеш? Летам и летам и жива сум само кога си до мене. Пред неколку дена беше убаво да замислиме како би било во наш дом. Јас пржам компирчиња, ти спремаш пици, се консултираш за секоја состојка, ми ја отвораш рерната, пазиш да не се изгорам. И во таа самотија, си дозволуваме да бидеме (малку) повеќе луди, се смееме, бакнуваме и тешко е да се одделиме. Тој ден направи да копнеам за семејство со тебе. Ме мотивира да се трудам, работам, планирам за едно наше катче. Ќе те направам многу среќен, исто како на оние слики каде со детска невиност се смешкаш и уживаш. Ми беше толку мил, со огромна кошула во чудни бои, но насмеан. Не знам, од тебе зрачат некои искрени емоции. Кога видов колку си бил среќен како дете, посакав да ти се врати тоа време. Немам таква моќ, но ветувам дека ќе дадам се` да се смееш. И добро ми оди засега. Те љубам.
Сон ли е или си стварноста што ја посакувам... Толку смирен,толку разбирлив...човеку јас не сум навикната на сето ова.Но тоа е тоа што ми треба. Во очите наши се гледа љубов.Не очекував толку брзо да се заљубам,но таква сум ти јас брзо се заљубувам и одљубувам. Те слушам како занесено си планираш иднина со мене,а кога веќе ќе ти текне што зборуваш касно е,веќе сум слушнала внимателно. И како и секогаш идеме на нашето место и уживаме во тишината. Прекрасни песни ми посвети,а јас не останав должна. Прости ми што понекогаш премногу и пребрзо зборам,и што нагло искажувам емоции и правам планови иако не е време,но знам дека таква и ме сакаш. Ако,сакај ме секогаш,ќе те сакам и јас.