Знам дека можеш среќо моја.Верувам во тебе и знам дека ќе успееш.Воедно благодарам за прекрасната вечер Те сакам !
Човек, ми недостигаш. Не како некој со кој да се потиш навечер од што неможете да се наситите, ми недостигаш општо во животов. Не се знаеме од вчера, две години сме веќе... И зошто те нема сега? Ле ле. Ќе се мрднам.
многу ми е лосо за тоа сто никогас не сакас да ме послусас а јас секогас тебе после 3 год врска и скоро една год брак не сакам се усте да ги правис тие неубави работи ме повредувас да знаес неубаво ми е,а можес и да унистис и други работи сто ги имаме
Едвај чекам да ми ги видиш очичките како вљубено те гледаат тебе, како ти да си мојата втора најљубена глава. И си ми! Си ми донел коренче од моето најубаво цвеќе. Сега цела соба ќе ни мириса на љубов. Ти го љубам челото, ти го љубам, ти го љубам. И знам дека еве многу одамна не си го слушнал тоа те љубам од мене. Ами тешко ми е лично да се отворам, иако веќе добро го познаваш говорот на моето тело, па знаеш како треперам покрај твојот поглед.
ова е втора година како ме познаваш година-две си само постар од мене-не можам да сватам ЗОШТО ме загледа неколку пати завчера и не кажа ништо сменета сум јас-однесување, гардероба ама и ти некако така ми делуваш или можеби не ти се веруваше дека тоа е истата девојка-поспонтана,насмеана а сепак тврдоглава и си тера по свое само се прашувам што бараше и ти и цела екипа на медитација заедно со нас-ние сме веке напредни-ова ко намерно да не можам да те извадам од паметот да си бидам искрена од секогаш си ми се допагал само ете и двајцата чекориме по ист пат а неможеме да се запознаеме-судбина
Се борам против тоа затоа што те сакам и заради се` она што го проживеавме. Му пркосам...но ФАКТ Е... Се менуваш. И ако е за стално, мора да ти кажам дека ич не ми се допаѓа...
Сакам како што си замислувам така се да испадне. Да биде еден убав викенд со прошетки и многу љубов. Сакам многу сакам
Сакам да ти кажам дека ти верувам.Ама ако ме излажеш нешто готов си. Затоа што ја те немам никад излажано ниедна секунда .... Никогаш.
Мислам, реално ја заслужуваш ладнокрвноста од моја страна. Ти дадов прст, ми зеде цела рака. Пак јас душевно оштетена!
Јас би и кажал...Љубов моја толку долго време помина од како сме заедно,толку љубов толку хемија помеѓу нас..Секое утро ми почнуваше со тебе,секоја вечер до зори заспивав со тебе,тешко ми е да се одвикнам неможам ни за секунда да те извадам од глава,а камо ли од срце..сети се само на сите најубави моменти имаше и лоши знам ама не биле намерно направени од моја страна стварно (како што ме кривеше) незнам зошто така сум постапил,али ми беше страв да не те изгубам незнам стварно..одам и седам на нашето место сам и го враќам филмот назад во најубавите моменти од мојот живот кои што ми биле со тебе..но дојде до тоа што дојде уште не ми се верува дека те немам до себе,кај и да одам све ме потсеќа на тебе знаеш сум ти зборел за тоа ..колку само те сакам знаеш дека све би направил за тебе..ама кога ти веќе одлучи така така нека биде што можам да направам после тоа..ништо..знам дека сакаш барем другари да бидеме ама јас неможам така разбериме како да го поднесам тоа,затоа го избрав ова срањево да се разделиме целосно..Колку што те сакам толку и среќа ти посакувам во животот а тоа е ПРЕМНОГУ!!! Јас ќе одам далеку од тука барем таму да ја најдам среќата..знаеш..штом дојде до ова јас неможам веќе тука,кога поминувам низ центар во секоја девојка те барам тебе со надеж да те видам иако знам дека ќе ми биде дупло потешко ама знаеш дека сакам да те видам тоа и ти го зборев ама ти несакаше..тоа е тоа..се откажувам од тебе целосно а највеќе сум се плашел од ова..никогаш не сум сакал намерно да те повредам ама незнам зошто сум го направил тоа..ЉУБОВ БИДИ НАЈСРЕЌНА,НАЈДИ ЈА СРЕЌАТА ГО ЗАСЛУЖУВАШ ТОА..ТИ СЕКОГАШ ЌЕ ИМАШ ПОСЕБНО МЕСТО ВО МОЕТО СРЦЕ..ТЕ САКАМ ЗЛАТО НЕ ГО ЗАБОРАВАЈ ТОА..со тешко срце..Збогум..
Додека зборевме за тебе се потсетив зошто те сакав. Незнам зошто го кажувам во минато време. Можеби зошто сакам ова побрзо да заврши, да заборавам дека некогаш беше дел од мојот живот. Уште неуспеав да се исплачам на раат, ги стискам солзите во мене. А многу болат...
Твојот парфем остави белег врз моите сеќавања... Колку и да те заборавив,секогаш кога случајно ќе го осетам тој мирис,те замислувам се исклучувам и губам...
Остатоци од твојот парфем на мојата облека колку е преубаво чуството кога ќе дојдам дома и ќе сватам дека сеуште мирисам на тебе ,уште да ми се јавиш за добра ноќ и мирно ќе спиам те сакам душичке
И велам, по не знам кој пат, најдобар начин за да привлечеш нечие внимание е да престанеш да и обрнуваш внимание на таа личност. А јас не сакам да привлечам внимание, не сакам да те натерам да сфатиш дека доста често знаеш да ме повредиш. Сакам сам да го знаеш тоа, сакам сам да чувствуваш и да не се обидеш да ме расплачеш или повредиш. Гордост-ја имаш во изобилство, а јас не сакам да се свестиш откако јас ќе оладам. Што би ми значело твоето освестување тогаш? Тогаш кога нема ни да ме интересира нешто во врска со тебе? Не сакам веќе да зборам затоа што кога и да се пофалам за нас, ми тргнува нешто наопаку па вечерта ми завршува со солзи. Не сакам да зборам ни за тоа дека ќе престанам да се замарам со тебе и ред други работи. Нема да зборам, ќе постапувам!
Ме радуваш и исполнуваш. Убаво ми е кога ме будиш за да не задоцнам некаде, убаво ми е кога ќе ми се јавиш изненадно дека тргаш накај мене и ќе се појавиш со лесковачка Вчера бев лута и бесна, но кога ми се јави дека веќе си тргнат и кога те видов како ме гледаш се стопив. Љубов е! Знам, чувствувам! Обострано е, за среќа. Не можам со зборови да опишам колку многу сум среќна, заљубена, ниту пак како те доживувам. Утре има да се стопам во твојата прегратка и да те преплавам со бакнежи. Фалиш!