Лута сум ти..и не не е за безвезната изглумена караница.Во совршено време ми даде глупава причина да изглумам навредена а јас ја искористив шансата.Ти се лутам предвреме ако заминеш пак без мене.Ако повторно не си тука 5 месеци полесно ќе ми биде да мислам дека моја била одлуката. И не!Проклето не е фер повторно да го прославам мојот роденден без тебе..се плашам да не прерасне во рутина.
Ми фалиш озбилен Денес замина , а веќе ми фалиш Па што ќе правам јас без тебе цел месец? Ич не си фер што ме остави вака ,а ти кажав дека нема да успееме без тебе Како и да е озбилен убаво да си поминеш и се радувам за секој твој успех таму Мн ми беше срценце овие неколку последни денови... Фала што постоиш
Дали имаш поим колку си убав? Да знаеш само дека овде има една будала што 24/7 мисли на тебе, ќе добиеш нагон да си ја треснеш главата од ѕид
Зошто е сè толку поинаку? ... самотијата и болката Девојката со кафени очи, не веруваше во нешто толку поинаку. Еден дел од мене сеуште се надева на нас
Дали бевме на шопскааа? Не. Леле-ееее. Ќе те скршам на парчиња и ќе треба да те собирам потоа. Имам стотина глупости во мојот оревски мозок. Еднаш си викам мора да не те нервирам, мора да ти угодувам, да те масирам, да ти се упикавам - нели сите така прават па. Ама и бидејќи ти го заслужуваш сето тоа. Види сега... Но неможам бре. Тоа не сум јас. Ако го правам тоа тоа ќе биде вештачко, без љубов. Тоа ќе биде некоја друга, а не јас Каренин, таа од Неподносливата Леснотија на Постоењето! Нема да биде палавата, скокотливата, скокачката и гласната Каренин. Туку ќе биде некоја кукла. А се ежам од тоа. Се ежам претерано од тоа да бидам кукличка девојка. За мене тоа е пропаст. Најлошата катаклизма е да сум како сите кои ги гледам околу мене. Шминки, шишки пеглани, секогаш штиклосани, како се смеат на секое машко а не ни им е ни смешно - ау досадно. Ќе си удрам ластегарка ако некогаш станам толку тупава. И сега како да си помогнеме? Како јас да можам да те љубам слободно без ниту една пречка која ми вика stop...! И таа пречка навечер некогаш кога ми се уклучува не ме остава да спијам. Еб.те тешко ми е во тие моменти. Во таквите моменти јас сум биполарна личност . Од една страна си ти, а од другата никој друг освен ЈАС самата. Самата со мојата жед да бидам како јагнињата и јарињата. Ова нека го сфати кој како сака. Или не, подобро ќе се обидам да ви го доближам некако. Јагнињата и јарињата се бели, тие се мојата невиност, мојата лудост, моето скокање. Сакам скокање, сакам тркалање и сакам воајерство. Сакам да имаме приказна и во планината. Ти не ми дозволуваш да бидам немирна. Мислам не дека ми забрануваш ама ако сум со тебе се прашувам дали некогаш ќе имам секс во природа? или додека врне. Не сакам да сум смртно културна и примерна. Се знае пред кој трба да бидеме такви. Ама неможе бре мил мој ти да не си ич авантуристички настроен. Сакам да пиеме и да се опијануваме и да се смееме. Немора пред никој друг, не ни сакам пред други. Сакам та да го правиме пред самите нас. .....
Сакам се со тебе ...да се зезаме...да сме озбилни кога е време за тоа...да молчиме...ти да работиш јас да ти зборам нешто без врска... сакам да шетаме заедно во твојот роден град па после малку во мојот... да ми кажуваш што мислиш за мене оти само ти го имаш тоа право ...абе се сакам со тебе ...се
Кога ми пушташе денеска песни ме врати 10 години наназад и ме стопе .Мил мој секој ден ме изненадуваш со нешто ново и правиш да сум најсреќна на свет.Знам дека душата те боли поради последните случувања, но ние сме заедно и ќе бидиме без разлика на се.Со душа чекам да дојде моментот кога секој ден ќе те гледам,милувам,ќе ти правам појадок,ќе шетаме долго до доцните часови во ноќта припиени еден до друг.Ах се надевам дека сето тоа нема да остани само сон туку наскоро ќе биде реачност.
Благодарение на тебе денес е најубавиот ден во мојот живот! Не можам да ти опишам колку ме правиш среќна. Во светов нема посреќна личност од мене. Денес почувствував како солзи радосници надоаѓаат во моите очи, срцето чука како никогаш до сега. Твојот глас за мене е најубавата музика, а твоето лице за мене е најубавата слика. Сакам да го гледам само твоето лице кога се будам и заспивам, и само твојот глас да биде гласот што ќе го слушам секое утро и вечер. Сакам цел живот да останеш до мене. Никогаш не заминувај затоа што ти си единственото нешто што го сакам и за што вреди да живеам. Ти си светлината на мојот ден, единствената личност заради која се будам секое утро. Во тебе е собрана целата убавина на светов. Те сакам најмногу!
Те сакам ! Признавам, никогаш не те заборавив. Не можам, едноставно е. Ти си тој кој ми ја враќа насмевката на моето лице, ти си причината за мојата среќа. Не знам како ќе ги издржам овие наредни 10 дена без тебе.
Таман кога мислам дека нешто се променило кај тебе сфаќам дека сум згрешила. Мислењето твое тука и пораките што ми ги пиша се многу контрадикторни. Само јас знам дали сум среќна или не.. поздрав!
Што ти требаше да ме поздравиш преку другарка ми денес ? И така ми беше нопаку тргнат денов.. ама кога ми кажа таа на прв час, ме зачуди и ме замисли. Не знам дали онака ме поздрави, или пак .. ти фалам можеби? Којзнае.. Долго не сме видени. Се футкаме постојано, не можеме да се сретнеме. А ако се случи тоа.. еднаш месечно, ти го разбирам погледот и ти ја чувствувам силната прегратка. И се стаписувам.. не можам да ти возвратам од милионите мисли кои ми се вртат низ глава, и си заминуваш ладен и попарен, заедно, иако вешто ја поставуваш убавата насмевка на точното место. А не треба да е вака.. имаш друга и ја љубиш како што гледам, а и жива прекраснотија е. Озбилно, да дојме некогаш на муабет за неа, ќе ти пуштам рака, или High Five ќе ти направам, зашто си успеал да фатиш таква женска. И да, заборавив.. сега се ме потсеќа на тебе. И солзи ми навираат од очиве. И сам знаеш колку малку треба за да почнеш да ми фалиш, иако не треба да е така.. И знаеш колку сум слаба на тебе, иако не сакам да си признаам..
Те сакам зашто трошиш голем дел од времето во маркетите, барајќи ми нешто посно. Те сакам и затоа што поради мене јадеш посна пица, за да не ми правиш лиги. Те сакам затоа што кога сум ти лута, ми велиш само - кажи ми што ти е, за да не се нервираш, не сакам да ти е лошо. Те сакам зашто кога луѓето ќе те заборават и пак ќе те побараат, го имаш истиот однос кон нив. Без префрлување, лутење, непростување. Те сакам затоа што ми призна дека иако ми вети дека нема да ме бараш, немало да издржиш до наредниот ден. Во превод, те сакам за неоткажувањето од мене, колку и да сум неподнослива. Те сакам затоа што си ти. Просто и едноставно.
За што? За што беа тие две години? За вака ли да завршиме ... И така. Сеа ќе си поќутиме и двајцата. Ќе останам мал милион работи недокажани. Али у реду е нели .. И ќе се видиме после многу време, некаде случајно ... Ти нема да се насмееш. Нема ни јас. И ќе ги вртиме главите. И ќе се правиме дека ни е сеедно. Ем то е.