Немам зборови за да напишам што чуствувам. Комплетна сум и јас, а гледам и ти. Ми ја наполни душата со радост кога ми рече дека си среќен. Се е на место, јас, ти, факултетот, кариерата, фала му на господ се оди по нагорна линија. Нормално е да се има падови, ама знаам дека ќе поминат. Те бодрев кога падна, зошто знаев дека ќе станиш и ќе успееш. Сега успеваш, ќе бидам пак до тебе за да те туркам уште повеќе. Како што си ти моја сила, така јас сум твоја. Те сакам човече многу поголемо од мене
Секогаш мислев дека јас сум онаа проблематичната .Мислев дека засекогаш ке останам сама со мојата лудост ,како две неразделни другарки . За прв пат се заљубив ...во тебе.. Те сметав за мое прибежиште ,заштита ... Скоро три години си моја среќа и несреќа . Секој твој "удар" ми причинуваше задоволство ,ме исполнуваше како ниеден друг маж .Страста ми го помати разумот .. Одеднаш ме стигнува се она од што бегав овие години . Мириса на крај ...
се појави ти вчера на состанокот-и мене ми се стемни, скиснат ко скиснат квацец што ли бараше таму, кој ти кажал дека ке има состанок и како и секогаш ме гледаш, го коментираш моето однесување и после толку месеци откако незнам со која не беше, пак сум јас таа која штом ке се појави ти боде во очи -а јас весела, насмеана, и те слушав кога му зборуваше на другар ти што и како си правел, каде си бил, ама ти свати дека не ме интересира ништо од тоа и ги затворив очите глумејки релакс ме бива за глума
Во последно време некако се потешко ми иде да ти кажам те сакам, гледам како лесно и убаво ти кажуваш, а мене нешто ме кочи. И морам да кажам дека официјално го мразам тоа твое агресивно и некултурно понашање, незнам како од добри родители такво некултурно дете испаднало, сите ти сметаат, сите се идиоти, можеби и јас гледам многу добро во луѓето, ама ти дефинитивно претеруваш и си во друга крајност... леле колку сме различни.
Најмило мое нека ни се множат! Уште безброј години да си бидеме вакви, весели, среќни, насмеани заљубени Те сакам и засекогаш ќе те сакам, ти ми го правиш животот поубав уште од мигот кога те здогледав, јас сум истата уште од пред 4 години, уште те сакам толку многу како и тогаш и верувај дека ќе те сакам се повеќе и повеќе затоа што си прекрасен. Затоа што секогаш кога ќе те видам едвај чекам да те гушнам, да те бацам! Те сакам од СРЦЕ! Ти си мојата прва и последна љубов! Знам дека понатаму ќе имаме многу убав живот и секоја наша годишнина ќе биде наш нов почеток, исто како од првиот ден ! Нека ни е среќна годишнината! Нека ни се множат!
Како да ти признаам дека те сакам? Како да соберам храброст? Мислам дека блесокот на твоите сини очи ме заслепува. Кога чекориш покрај мене се топам. Сакам на цел глас да го извикам твоето име. Сакам да ме слушнеш и се да разбереш. Не знам како ќе реагираш, но сакам да знаеш дека мојата љубов за тебе е најголема, најубава и најискрена. Кога чекориш покрај мене сврти се и погледни ме, во моите очи можеш да прочиташ се што треба да знаеш. Те сакам најмногу!
Ми недостигаш, знаеш? Ми недостигаш таков каков што си лудак, смешен, интелигентен,секогаш ненаспан да ме бакнеш кога се чувствувам осамена,да ме сакаш како порано да бидеме среќни.
Целлаааа недела ми е најубавааа... Ми ги исполни сите минути со љубовввв... Пресреќна сум . Те сакам најмноогу!!!!, не е битно што не фаќаме спортска... битно среќни сме и двајцата. Те сакам најубав мој!!!
Ке ми недостигаш премногу дури веке и почна...Овие денви со тебе беа најубавите во мојот живот знаеш дури вакам дека среќна сум само кога си ти до мене тука некаде тогаш не осекам никаква болка тогаш ништо не ми фали ништо не ми смета само ти да си до мене....Заедничката иднина што ја планираме заедно ме прави пресреќна и само го чекам момент кога конечно ке можеме за секогаш да бидеме заедно и знам дека нема да има подобар маж и татко од тебе ти си дар од бога што не верувам некаде во светот да постое друго суштество како тебе пресреќна сум што те имам никогаш нема да те повредам и да те напуштам те сакам премногу
и така значи целта ти била истата само начинот на пристапување друг види види затоа ти бегаш од мене и во живо и на ф.б. ко од болест што се замислуваш дека си ти бе Казанова волкот влакното го менува карактерот НИКОГАШ само не ми е јасно за што ме сметаш ти мене ако ти си во паметот зелен ко зелка и само на едно мислиш, јас сум веке ЖЕНА што си го живее својот живот и не се замара со таквите ко тебе убаво е што постојат личности што ми ги отворат очите и ке те натераат да сватиш дека не е се така розево како што изгледа ми се гадиш човече и му благодарам на мојот инает што не ми дозволи да направам некоја глупост за која ке се каам додека сум жива-ех, да можам да те избришам од пријатели а пред тоа да ти па да се покаеш за тие валкани мисли што ги имаш во паметот
Се би дала да ти го слушнам гласот ,ама не ... ке си пукнам ама гордост не ми дава . На крај краева ти си крив ,а не јас . Па затоа нема потреба да се чуствувам лошо... а се чуствувам . Уффф ... не ми е лесно
Колку пати само ке ми пролета низ глава мислата што ја имав за нас кога се запознавме... Дека си ми недостижен , дека нема ни да биде ништо од нас .. А види сега кај сме Среќна сум што ми те имам а и што ме имаш. Периодов вака ке ни биде, ама мора да издржиме, знам дека ке издржиме ! Те ШШШшшакам ШШШшшкафЧчче мое