Ме става животот во искушение, а јас си барам изговори за да не му одолеам. Ми требаш да бидеш мој столб, да ме зацврстиш на земја, да не летам, да не се будалам. А тебе те нема.
Еднаш барем да ти текнеше да се извиниш после караница, еднаш барем да ти текнеше прв да ме побараш..
На челото наивна да не ми пише.... Ти ќе кажеш нешто и ја одма ќе ти поверувам.... Така други оди и лажи....она ти ѕвоне ти и се јавуваш како близнаци сте и после ќе ми викаш не можеш да ја поднесуваш....
Те мразам како што девојките ја мразат чоколадната торта зошто ќе се здебелат а сепак, не можат да престанат да јадат.
..И не не сум ти лута, дел од нештата сама ги предизвикав оној ден почувствував како ми се рушат соништата не сакам да бидам огорчена мене ме интересираа твоите чувства во моментот кога ме виде ..што чувствуваше? не ме интересираше ниту која е до тебе ниту што мислиш да правиш ...само сакам да знам што помисли кога ме виде... И да знаеш дека немаше да те видам си ги местев паричките во новчаникот ..но за момент погледнав и ете ти судбина!
Јас веќе не знам како да се однесувам со тебе.Од една страна не сакам да те повредам пак и да продолжам понатаму без тебе колку и да ми е тешко,а од друга страна сакам да те имам покрај себе.Знам дека после се што се случи си позатворен во однос на искажување чувства ама ако нешто ти значам покажи го тоа.Нервите ги кинам со тебе,а не знам ни дали на крај ќе ми се исплати.Појави се и тргни ги овие црни мисли од мојот памет.Иако не сум ти кажала ни па ќе го сторам тоа во брзо време моето срце чука само за тебе и знај дека се уште те сакам
Што би му кажала??.... Многу си Јас се прашува зошто си ја одбрал таа блуза без да обрнам внимание што пишува на неа.Не знаев дека си толку креативен да направиш таква маица. Само ќе ти кажам дека ме се допаѓаат сите разговори со тебе. ТЕ САКАМ !!!!
како можеше на сите да им кажеш дека ти се свигам само да не застанеш пред мене и да речеш-срце, ти мене ми се свигаш, убава си, згодна си е кукавица бе а ме виде дека комуницирав и со другите машки-и со другар ти значи дека не јадам луге, како прво и основно а тоа дека си женкар-си и самиот индиректно си го призна тоа, па не крената незнам каква ке бидам со такви-така и знам дека ке бегаш од мене колку што можеш повеке и во живо и на нет, ама ако стварно нешто сакаш да имаш со мене, ке ги надминеш сите пречки и ке застанеш пред мене
Ми се пие ми се плаче. Телово ми бара алкохол како жедниот вода. Ама не пијам. За инает. Ќе ти пишам, кој ќе се кае сабајлето ..
Некогаш музиката беше виновна за нашето постоење, денес ти си виновен за нејзино непостоење. Некогаш беше поинаку. Никогаш пак. Никогаш повторно ние. Никогаш повторно љубов, од тебе. Никогаш повторно пеперутки, во тебе. Никогаш повторно среќа, во нас двајца, истовремено. Никогаш повторно длабоки воздишки со уште подлабока љубов. Никогаш повторно ние, какви што бевме. Какви што сме. Какви што ќе бидеме. Тажна слика. Тажен период. Тажни ние... Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=noMrs6Q1RpM
Spoiler "Дај ми го п...... Не неможе имам уште (лажам). Знам дека лажеш, врти се. Немаа! Ајде врти се. Нема! Епа не ми го фаќај! Море врти се." и си имавме убава вечер. Мислам после узо и коњак како може да е.
Ако лажам дека ми е скроз сеедно, подобро ќе ми биде? Ќе се чувствувам подобро? Нема... И во блиска иднина нема ни да ми биде. Тоа е мојата проклета потреба од тебе да направам подобар човек, и да се надевам дека некогаш ќе станеш таков, или само ќе се лажам себеси. Незнам од каде ми е таа потреба за тебе, и незнам зошто на некој начин мораш да ми бидеш во дел од мисливе и животов присутен секогаш. Многу ми е јасно дека не заслужуваш ни со една единствена клетка од моево тело да те чувствувам, а те чувствувам, и ме болиш, страшно многу. Ме болиш како што не ме болел никогаш никој предходно. А имало други, сите поминале и престанале, кога требало да престанат... Само ти не. Само ти си секогаш присутен, и правиш да се чувствувам одвратно. А не заслужуваш поради тебе да се чувствувам одвратно. Впрочем ти не заслужуваш никакво чувство од мене, дури ни омраза, затоа што и тоа е чувство. А не те мразам, неможам да те мразам, само се прашувам дали некогаш ќе дојде ден кога ќе ми изчезнеш од животов, и ќе почнам да бидам рамнодушна спрема тебе. Факт е дека секогаш ми будиш чувства, какви и да се. Можам да ти бидам гневна, и кога сум ти гневна а се зборува за тебе чувствувам немир, копга не сум ти гневна, а се зборува за тебе, убаво ми е... Заклучокот е тој, дека за тебе секогаш имам некое чувство, а сакам само да бидам рамнодушна. И незнам како да го постигнам тој момент, да бидам рамнодушна спрема тебе. Зошто едноставно јас и ти неможеме да успееме? Можеме да имаме огромна љубв, може да ни биде преубаво, а незнаеме како, секогаш ја посеруваме работата, секогаш се повредуваме до крајни граници... И пак, исто како пред 4 години, останаа куп недокажани работи, кои ќе продолжат да ме печат во животов, исто како тогаш, исто како и секогаш... А ти, нема да станеш подобар човек за мене... Веројатно ми е пишано цел живот да мислам, што ако ти беше подобар човек, или што ако јас и ти знаевме да се зачуваме еден покрај друг. Веројатно и ќе ми останеш врежат како мојата најголема љубов во животот, ако во иднина не се појави некој што ќе те засени, и ќе направи да станам рамнодушна спрема тебе. Да, таков ми треба, не ми треба некој покрај кој ќе те заборавам, ми треба некој, покрај кој ти ќе останеш само спомен, а таков, незнам дали некогаш ќе се појави... Што ли ми требаше во животов воопшто да те запознаам?
''И токму кога ќе помислам дека можам да правам што сакам со него -тој прави што сака со мене'' Зошто кога ме одбиваше- јас ти се нудев. Јас умеам да патам...Така повеќе љубам!