незнам какво е ова чувство кон тебе... кога те нема - ми требаш,те барам,а пак кога си тука - ми е сеедно.Сакам да можам да заборавам на мн работи од минатото,но секогаш мора нешто да ме потсетува,да ме враќа онаму каде што бев најсреќна,а знаеш.... многу те посакувам,посакувам да сум ти единствена,да незнаеш за друга освен мене,да бидеш најсреќниот што ме имаш мене,да се гордееш со мене,да забораваш на се друго,едноставно сакам да бидеш среќен со мене ... Ми Недостигаш Ми недостига твојата прегратка Ми недостига твојот бакнеж во чело...... Врати се !
Си рачунам прееска на календар кога се видовме претпоследен пат, пред 28 дена. Како менструација си мајке ми! Се појавуваш еднаш месечно и се губиш!
Колку само од неубавото, се чувствувам убаво. Некоја среќа, оти што и да се одлучи - ќе биде убаво. Барем за мене.
ти си о храброст иако си машко, а јас сум храбра и похрабра каде каде од тебе иако сум женско, чекајки те тебе ке умрам чекајки па ке морам да направам нешто, не ми останува ништо друго, не ми даваш опција така да кога ке те видам ПАЗИ СЕ
Mе прогласи технолошки вишок со тоа себе се прогласи ГУБИТНИК.Доправа ке војуваме јас и ти. Ке видиш што значи родител кој си ги сака децата. Истата онаа зена што ти со години мислеше дека ја кршиш , сега е илјада пати посилна , попаметна, знае како со таквите како тебе . Доправа ке видиме кој е кој ама овој пат јас не сум сама.
Еј феминки извинете мислев дека сум на испукајте се .а НА МОЈОТ БИ МУ КАЖАЛА ДА СЕ ПРИБЕРЕ ЦЕЛ ДЕН Е НАДВОР СЕ НЕКОЈ ГО ВИКА КОМШИИ , ПРИЈАТЕЛИ. Се извинувам
Фала на "разбирањето" и фала што ни еднаш не се понуди да дојдеш со мене некаде, што има врска што се мачам нели
Се сеќаваш ли на онаа вечер, кога дојде цел пицнат? А јас кога излегов на пижама, без прслук, ко клошар да те пречекам? Се сеќаваш ли дека ме бакна петнаесет пати до собата, а 3 метра е ходникот? Се сеќаваш ли дека ти расправав дека сум фарбана и се правев шмизла покажувајќи ти ја косата, а ти не сакаше да чуеш за ништо друго освен за усниве мои? Се сеќаваш ли кога ми кажа дека си можел да се заљубиш, а тоа не ни доаѓа никако во прилог? Се сеќаваш ли кога се сети утрото што ми кажа и кога пак ми го повтори истото? Се сеќаваш ли кога ти недостигав? И побитно, кога ми го кажуваше тоа? Се сеќаваш ли кога бараше да не се нервирам и да те гушнам? Се сеќаваш ли кога ти се расплакав таа вечер, за твојата ситуација и кога ми го опфати лицето со тие раци твои и ми кажа: да не сум ги видел тие преубави очи да плачат за нешто вакво уште еднаш? Се сеќаваш ли кога се избањавме со вино и си седевме така и двајцата и убаво ни беше? Се сеќаваш ли на нас пред нас? Се сеќаваш додека бев со тебе кога поминуваше низ сите тие срања? Кога бев едина која ги знаеше тие срања во твојот живот? Се сеќаваш ли колку пати сме правеле безвезе муабети? Се сеќаваш ли колку пати си ме изненадил со твојот повик, сум те изненадила со некоја моја порака? Се сеќаваш ли кога те викав сине? Се сеќаваш ли колку гомна си имаме изедено за Барса и Реал? Јас те реметам за Реал, ти мене за Барса. Се сеќаваш ли кога пиевме прв пат? Се сеќаваш ли кога се запознавме.. Јас на се се сеќавам. И се паметам. И кога ќе те видев наутро таков целиот свиткан оти не те собира во мојот кревет, премрзнат и кога ќе ги опколев рацеве околу тебе, ми беше убаво. Ми будеше радост. Кај си сега .. И зошто не ме побараш ... Дури сега гледам дека си ми бил и си ми постанал многу во мојот живот за тие две години.
Се исплати секоја секунда што ја поминав мислејќи на тебе и помината со тебе. Само сакам да те видам наскоро, и да ме гушнеш онака најубаво, како што ти знаеш да го направиш тоа. Да се стуткаме еден во друг. Да ми шепнеш во уво оноа што сакаше да ми го кажеш.. Те сакам - ти кажав колку ми е клише „простава“ реченица, но морав некако да го завршам краткиов текст посветен на тебе..
Ти дозволив да заминеш без да ме прашаш,без да размислам никогаш нема да си заминам,а ќе те пуштам да си одиш Денес сеуште постои мојата љубов кон тебе, но не е како некогаш - посилна е! Зборувам без глас.... Молчиш..... Проклета тишина
Незнам зашто се замарам со тебе... тука си па те нема.. Топло-ладно. Ми се смачи со глупавава игра. Незнам на што сме... Од утре ќе бидам на Bitch mode-ON!