Зошто секогаш ги засакуваме тие што не игнорираат,а ги игнорираме тие што не сакаат ? Некој ден ќе се мрднам од ова !
Помислив дека совршено те познавам,а всушност дури сега го видов твоето вистинско лице. Имам чувство дека стана мој непријател. Мислев дека се ова е сон од кој брзо ќе се разбудам.Но,станува пореално и посурово. Сега треба да се борам против тебе.
Те сакам! Ете тоа сакам да ти го кажам. Можеш да се замараш со безброј ствари, да имаш мисли кои ќе ти го замараат тоа главче најубаво: it is just a ride. A matter of choice.
Ме нервираш многуууу... Знаеш дека мразам кога ми префрлаш мене вина и пак си правиш по твое! Не комуницираме 3 дена? Така сакаш? Океј, овен сум знаеш дека НЕМА ДА ПОПУШТАМ. Ти така си одбра, така нека ти биде. И не заборавај еден факт после 3 дена кога ќе се јавиш, е незнам мене дали ќе ми се прави муабет сега. Ама пак ќе речам.. сам така си сакаше - нема проблем.
Ти благодарам. Што си тука да ме поддржиш, што си тука да ме поткрепиш, да ме смириш. Немаш поим колку најмногу тоа ми значи! И да, сините панталончиња ти се многу секси.
знам зошто постираш љубовни песни на ф.б.-демек видетеме колку сум заљубен-абе на седмо небо си , ама не пагам јас тие финти будалче еден ден лебдиш во облаци, а друг ден се ко скиснат квасец , ке видиме до кога ке ти трае заљубеноста јас чуствителна, ама ти 100 пати почуствителен од мене си иако си машко
Морав некаде да напишам ..... Јас среќавам странец , странец кој некогаш ме сакаше премногу , зарем ти ...да бидеш тој. Приморана сум да ја спуштам главата на улица срамејќи се од нашиот пораз , не успавме после се што поминавме не успеавме ...се удавивме во морето на промашени љубови . Нашата љубов е силна , посилна и од секоја спуштена глава и секоја ноќ што ја поминав плачејки од секој миг кога ти требав, кога плачеше . Јас го сакам човекот што е во тебе кои постои додека ме гледаш и плачам за него знам дека си сам...а не можам да те гушнам , далечни сме. Затвори очи штом си сам , во ноќите кога не спиеш и сети се на мене . Прости ми љубов моја те среќавам кога лутам некаде така беше и овие две ноќи по ред , морав, тонам , сама сум , скриена од сиот свет не сакам свет без тебе. Таму некаде...длабоко во срцето те носам секогаш , а и ти мене. Господ знае за понатаму , молам за сила молам за двајцата.
Ми фалиш "мали" иако се немамо видено само 2 дена.. Сакам да ме гушнеш, да ме пољубиш по чело, онака нежно како што само ти знаеш.. Ти благодарам за сите прекрасни моменти до сега.. се надевам ќе има уште многу, многу... Те сакам..
Далеку е Турција знаеш?Ваака е подалеку.. 2 ден од како отиде.. сега не е тешко но знам дека остануваат уште 27 дена и некои 12 часа.. Сакам да дојде оној момент кога по истите скали на аеродром отиде ..така да се вратиш да те прегрнам поцврсто откако те пуштив да одиш. Сега не можам да ти кажам дека ми недостигаш можеби само тука чекам да ми се појавиш со кока кола лименче Те љубам вееке го знаеш тоа..