Ми го скрши бре срцето Подобро у глава да ме пукаше Ова не се издржува Време проаѓа, но болкава останува
Обожавам кога наутро ме будиш , кога првото нешто што го слушам е твојот глас.Кога ќе ми кажеш дека денес ме сакаш и дека ти значам повеќе од вчера а помалку од утре.Ти благодарам што си тука.Те сакам бескрајно многу !
сто убаво се лигавиме наутро знаеме дека треба да станеме али не ни се станува од креветЧе па така си се лигавиме и лигавиме додека се разбудиме убаво како бебиња сме
Знаеш што... само заради тоа што во овој момент не можам да ти го кажам следниово, не значи дека подоцна нема да ти биде кажано.. Едноставно ме изморуваш, ги потрошив солзиве за тебе. А чувствава почнуават да гаснат. Жал ми е, тоа се придобивките на тоа што на самиот почеток ти размислуваш за крај. Немој да мислиш дека сакам да прекинеме. Супер ми е со тебе. Но, еднастовано ПОЧНИ веќе еднаш да не размислуваш за тоа што и како ќе биде. Дај му значење на твоето те сакам. Нема да те повредам, ти ветив. Имам лимит и принципи, што буквално никогаш нема да ти дозволат да ме прегазиш. Дали го сакаш овоа, јас и ти заедно? - јасно се изјасни дека сакаш, дека тоа е тоа што ти треба. Никој не те присили на овоа. Ти беше иницијатор играва да започне. Ми требаш ти, а не твоите предрасуди. Ќе можеш ли да ми образложиш каде води твојот разговор..? Ако сакаш да го уништиме овоа, немој да размислуваш. Ајде. Ќе те поддржам во твојата одлука. Ќе го прифатам поразот и залудно изгубеното време потрошено на тебе, бидејќи јас и ти никогаш не постоевме.
Тебе луѓето џабе би се труделе да те сменат, кога ти не се мењаш кога другите сакаат,како сончоглед кој се врти каде сонцето изгрева,каде што му е поубаво и посветло.Се вртиме во некој круг од клише во кој среќата и убавината траат кратко, а гордоста и тагата долго,круг во кој брзо ги поминуваме среќните денови на врвот,а дооолго се задржуваме на дното од тажните, денови кои ги враќаме старите бедни почетоци назад и менуваме само мал дел, а мислиме дека сме смениле се,или сепак ништо,но доцна сфаќаме бидејќи кругот го движи својот тек а јас и ти сме заробени таму,каде мечтаеме по стрите почетоци кои нема да ги вратиме никогаш,за кои мслиме дека се трудиме доовлно,а не се трудиме воопшто.Навидум се е добро,како убаво спакована кутија за подарок,а внатре празна.Имаме се,а всушност немам ништо.Лажни надежи,каења,ветувања.. И ете пак сме назад во бездната која нема почеток и крај, еден дел ти припаѓа на тебе, еден на мене,тие делови никогаш нема да припаѓаат на друг,иако некогаш нема да сакаме да си го признаеме тоа,а и двајцата добро ќе го знаеме. До некои подобри денови, а дотогаш кругот е све што ни преостанува.
Една ноќ , ќе ти не достигам премногу ,ќе ти недостигаат моите темни очи кои за тебе се најубави, ќе ти недостигаат песните што сме ги сакале и местата на кои што сме биле. Ќе ти недостигаат нашите разговори, скриени погледи ...можеби веќе и ти недостигам. И тогаш ќе простам се, и ќе побарам да ми простиш.Зашто само вистинските љубови трпат, тагуваат, болат ,тажни се, се сеќаваат и никогаш не забораваат. Ти ќе се вратиш еден ден овде. Ќе бидеме сами. Ти ќе се вратиш, јас ќе дојдам. Ќе се насмевнеме. И нема да треба ништо повеќе. Нити помалку. ...и знам дека посакуваш. Знаеш, после милион секунди оддалеченост, сакам со тебе да ја поделам близината и тишината. Да ги испреплетам прстите со твоите, да ти ја доближам насмевката и да го впијам мирисот на твојот парфем. И да те бакнувам. Долго. Се додека со бакнежите не ти ракажам колку ми недостигаш кога си одиш.
Знам дека и тебе не ти е сеедно и дек и јас ја претерав,не сакам да те обвинувам за ништо ама не ми е јасно зошто секогаш мора да чекаш до последен миг за се.Ако се одолговлекува нештото не може да се сопре,мора да се направи сега или тогаш...Се надевам само дека се ќе излезе како што треба и на крајот ова ќе биде само лошо сеќавање како многу други до сега.
Како ја издржува телото твое сета таа љубомора што ја имаш јас не знам! Физички ќе се исцрпиш, ќе те испие, за психички не ни правам муабет. Абре не сум Анџелина Џоли човече опушти се.. Не прави да те замразам
Малечок а голем, само мој. Знам дека сум толку тешка. Знам дека сум себична. Сакав овој Велигден да е наш, да сме заедно. Само некогаш не гледам колку и ти си растргнат. Неможам да знам како ти е, јас имам мое семејство, ти твое. И двете се проблематични на свој начин, едното повеќе од другото. Сигурно боли тоа што ти го правиме несвесно, јас, мајка ти и татко ти. Многу си убав во жолтиот џемпер.
Веке немам зборови со кои би ти кажала колку ми недостигаш....Душава ми е испиена од тага и копнеж по тебе, дали знаес дека по цели месеци живеам за да бидам само неколку дена со тебе ? едвај чекам да престане ова и конечно да се прибереме да бидеме заедно до крајот на животот конечно да престанат овие раздлеби и маки ....ми требаш премногу те сакаммммммммммм
Се возикам со тебе наоколу, си шетам низ твојот стан. Понекогаш се прашувам зошто и двајцата се измачуваме и кој ќе го повлече чкрапалото. И знам дека сите твои „случајни“ допири не се толку случајни. Ни моите не се.
не е фер не можеме нисто од таткоти имајкати иако сам призна ти ми изгледа како да неможес добро да сватис или пак не сакас несто да направис а сто убаво ни е нас двајцата сами ама сами де ние двајцата