а да ми пишеше кога ме гледаш дека сум онлајн на фб само лајкови ми ставаш а не ми пишуваш а баш сакам да знам што се случува во твојот живот,дали веке беше во војска,што бидна со девојката заради која престана да ми пишуваш и ме делитна од фејс,гледам конечно си ја купил колата што ја посакуваше,а јас јадна уште си фантазирам за тебе,се потсекам на моментите кои ги поминавме заедно а прва да ти пишам нема шанси,се плашам да не ме разочараш повторно,no way
Сакам да ти се заблагодарам. За сите мигови кога паѓав ко' ливче а ти ме влечеше од дното. Јас и ти си знаеме, нели. Нема потреба никој да паѓа на газ. Никој не е човек од злато, м? Фала ти, затоа што правиш да се чувствувам убаво, и затоа што правиш подобар човек од мене. Толку многу би ти кажала, и ти знаеш се` што би ти кажала. На крај ќе се расплачам, и тоа го знаеш. Секогаш плачам кога ќе си го вратам филмот. Ама, пак, јас и ти си знаеме. Си знаеме се`. те Љу-бам.
Не можеш никогаш да ја претпоставуваш мојата љубов за тебе. Не можеш да знаеш колку таа те живее кога не си тука
Не ти кажувам повеќе како ми е кога и онака никогаш не се интересираш за тоа, за мене. Незнам само како успеваш да бидеш толкав голем идиот, па згора на се и да се гордееш со тоа. Епа гордеј си се на егото твое, да видам до каде може да стигнеш со тој твој памет
Иако се смрзнав ноќва ми беше прекрасно помината со тебе јас и ти сами и свезденото небо над нешто најубаво ,а останатото го знаеш
Ме сонуваш некогаш? Јас да , да пак те сонував, на будно те сонувам со отворени очи .Те гледам со затворени очи,кога те нема параноја,страв , тесна ми е кожата не знам што со себе , сакам да го убијам времето а тоа ме убива мене . Сонуваме..не сме толку далеку ,чекаме. Каде и да отидам, што и да остане од нас, ова овде секогаш ќе биде вакво.Секогаш ќе бидеш мојата прва љубов , мојот сладок немир ,кој до коска ме боли , ме боли а јас го молам да остане не сакам да престанам да те сакам. Се среќаваме, не можеш да избегаш од тие судбински средби . Понекогаш се фаќам себеси како тонам во спомени ,ми се чинат блиски, се фаќам како бледо гледам низ прозорот во светлата на градот ,зошто го направив тоа? зад сето тоа немаше ништо друго освен љубов , грешки , ненамерни,ситни мали големи,исрени , без искуство,кои можат да се поправат. Да си ветиме некое среќно време кое ќе дојде? Јас и ти се разминавме со среќата безброј пати. Останува да боли. Ќе ме боли и оваа ноќ и онаа после неа. Како одново? ...уморна сум и да пишувам веќе.
Понекогаш јазикот ти е побрз од умот, па затоа се доведуваме до вакви ситуации. Но, ако ништо друго - знаеш да речеш извини и да си признаеш дека си згрешил. Тоа е една од особините кои најмногу ги сакам кај тебе.
Тешко ми е кога те гледам таков, кога гледам како сам си го упропастуваш животот... не гледаш ништо пред себе, не си свесен ни самиот што правиш... зарем не ти е ни малце гајле за никој?... И ќе ми речат, него никој не го сака, што ќе му е таков.. ама ете мене ми е, ми е гајле.. се прашувам дали ти значи нешто тоа што те сакам, ете токму таков... иако воедно и те мразам што стануваш сам себеси непријател, што сам си штетиш... те мразам и толку многу те сакам... кога би ми дозволил, би била покрај тебе.. и би ти помогнала, би сторила се.. за тебе, за мене,за нас... за да станиш човек. И се плашам за тебе, ме плаши самата помисла од тоа.. дека еден ден ќе стане уште полошо, а најтешко ми е тоа што сакам а не можам да направам ништо. И после ќе ми речат, тој не те заслужува, што иднина имаш со него... ама ете, срцево те одбра тебе.. баш таков, и што да правам против него. Ќе ми речат остави го нека си оди по патот што си го избрал, ти заслужуваш подобро.. ама како? Не е лесно, воопшто..
За првпат по толку години заеднички живот по будење од кошмар не почувствував потреба да те прегрнам за да се смирам. Едноставно отидов до кујна, се напив вода и пак легнав во кревет, вртејќи ти го грбот. Џабе се сите клетви и погрдни зборови. Горенаведеново кажува многу како се чувствувам и како почнав да се чувствувам во врска со тебе. Синоќа изгоре еден многу убав дел од мене, го пеплоса, го уништи. По тоа однесување, се` што можеш да добиеш од мене е глума додека мене ми одговара да глумам. Срам да ти е! Господ гледа, само тоа ќе додадам. Најде кому да му згрешиш. Некому кому твојата среќа му беше приоритет. Не требаше да се плашиш од моите вчерашни солзи и прекорен поглед. Плаши се од мојата насмевка и смиреност отсега натаму.
Фала ти за сите убавини кои ми ги направи. Но, фала ти и за неубавините. Фала ти за сите нервози...кои ме направија ПОСИЛНА. Во секое лошо, има нешто добро. Ете го.