Ме боли главата од возење со тебе цел ден. Ветер в лице. Потпрена јас на твоето рамено. Можеби ти тежам, но не велиш ништо. Љубов е. Очи ми капат, ама морам да ти кажам... вечност со тебе малку ми е. Си наоѓам тревки во косата. Ти на мене мирисаш. Вози и пеј ми истовремено, пак. Тој си, љубов си ми.
Имам 1000 причини да те мразам и да ти бидам лута, Но 1001 да Те Сакам и да сакам да бидам со тебе и покрај се'
Ти со сертификат не си нормален.... Гледаш дека седат постари до мене и ми намигнуваш.... еее за ваа ќе ти врнам дупло...цело време заради тебе се смееат на моја сметка..
Кратко и јасно" Многу убаво си поминав синоќа " сакам пак И еден позз до тебе http://www.youtube.com/watch?v=kVYs_YE5Duk
Ми фалиш многу и се радувам на деновите заедно што ќе ги поминеме. По цели денови. Да имам малку мир повторно во срцето.
Баш си стока невидена...ништо да не се ценело бе кај чоек ќе ти се извинува ти нафуран ќе ми се праиш...а од сеа друг филм ќе глеаш...
ах дуске моја некогас мора да ти дадам рака и да ти кажам дек абесе онака оооооо ама тоа го правам бидејки ти секогас ми давас рака на мене ама јас заслужено е па и јас ти дадов рака за брао ама не до толку како јас сто сум
Ти благодарам што се грижиш толку многу за мене .. Ме правиш да се чуствувам посебна личност во твојот живот ... прекрасен си ... Ке ти вратам дупло за тоа ... знам да те сакам повеке ..ке видиш .
Ми треба да ме однесеш на планина зошто знаеш дека тоа ми треба. Да ме пуштиш да гледам тапо во реката, да си ги средам мислите. Да ме гушнеш одзади додека стојам во кујната, да ти кажам дека градиве ми пукаат од емоции. Ти си ми решението за се и се е полесно да се поднесе кога знам дека ќе завршам крај тебе. Колку не феминистички и да звучи тоа сакам кога се грижиш за мене, кога можам да се препуштам на тебе да ме чуваш. Ти си идеалниот спој. Кога ти реков дека си потполно несовршено совршен за мене ми се насмевна и ме праша каде сум го прочитала тоа. Го почувствував. Клише е, ама ме инспирираш. Со секое шише вино зад нас сум се посреќна со тебе. Еј среќна. Ова го немав кажано одамна знаеш? Сигурно правиш нешто правилно. За мене, за себе, за нас, за моментите за кои живееме, за бакнежите меѓу кои ми кажа дека вака не си се почувствувал од пубертет. За оргазмите и совршениот секс кој прерасна во водење љубов. За секоја секунда од кога сум со тебе.
сакам да си покрај мене да ме гушкааш јако како што знаеш,да ми покажеш уште еднаш дека само со тебе сум сигурна.TE SAKAM и ми фалиш наај...