Еј странецу во подем! Понекогаш паѓам во искушение да пишам збор два...Знаеш ли колку време ти немам напишано една единствена реченица? Еден ден. Една ноќ. Едно утро. Една вечер.Секогаш паѓам во искушение.И знам дека губам. Не чувствувам ништо освен тага, очај, болка…ги заборавам чувството на безгрижност,летање во облаци,топла прегратка ,врели бакнежи, заборавам како е да се возиме долго ,да молчиме да се скараме... заборавам..времето си го прави своето. Ми требаш… Имам желба. Имам и потреба да се смеам. Никој не ми е виновен за тоа. Виновна сум што сум и што не станав нешто друго. Што го изгубив своето време. Го потрошив погрешно.Промените ќе дојдат ќе бидеме приморани да одиме секој на своја страна ,ти некаде а јас толку никаде,ќе ме сака некој ,ќе те сака некоја. Имав други сонови...сега стари рани а нови патишта. И ќе ми кажеш што остана од нас? Потрошени шанси ?Загубено време?Прашина во воздухот?Спомени што болат?
Те сакам, аморенце мое. Поише од се`. Дојди ми што поскоро. Фалиш. Те сака твоето мало забегано маче.
Си ослабел човеку. Едно тенџере месо си, па уште и ослабел.. И не ти е убава фризурата ваква. И ми недостигаш. Само да не сум грешка со моето не кај тебе, само тоа не ...
Никој не знае како тебе да ми го разубави денот. Те молам не расипувај пак, нека бидат сите денови убави како денес.
Се препознав во тебе.Најмногу се препознав во твојот тажен поглед.Како брат и сестра да сме...Гледам во тебе, а се гледам себе...Да сакаш значи да се препознаеш себеси во некој друг...Барем така велат...А мене тоа по втор пат ми се потврдува...Ќе се препознаам ли во некој друг по трет пат? Кој знае нели... Зошто те запознав? За да ми се потврди нешто што и пред тоа го знаев? Или да ми се потврди тоа дека во животот можам да сакам повеќе пати, а не само еднаш? А зошто, кога нашата љубов е невозможна? Најпрвин неколку срамежливи насмевки, а потоа само солзи ми донесе...Сега треба да минувам низ истиот пат на заборавот...Тој толку тежок пат...Полн, ама полн со сопки...Зошто да минувам повторно низ тој пат? Кој ќе ми одговори? Никој...Знам...Сама треба да минувам...Сама треба да се борам, срце златно.Прекрасен си, но не си ми суден...Биди ми жив и здрав! Лепото!
A те сакав, како никој, никогаш и бев спремна да направам се' за тебе, се' за нас.. Се прашувам каде ќе бевме сега ако некои работи не се случеа, ако некои зборови е се кажеа.. дали ќе бевме посреќни или?? Ти замина, се што ми остави се сеќавањата на тебе, на преубавите мигови поминати заедно, неколкуте слики, и премногу болка.... Ме научи да сакам без условно, да се борам, ме научи да се смеам дури и кога очите ми се полни со солзи... зошто ми ја покажа само убавата страна, зошто не ме предупреди дека еден ден ќе заминеш, зошто не ме научи како да се борам кога ќе те немам тебе??
зошто и ти и Д имате толку чиста душа ко мене а двајцата сте толку несрекни тој е сам-не може да најде девојка а тебе секоја врска ти е ко авантура-(не сакав на ф.б. да искоментирам, ама постов ти беше ко јас да го пишував) не ми ги читај мислите ако ми веруваш се обидувам да сватам, ама неможам, не ми успева
тоа што ти го правиш се вика платонска љубов-барем на таква ми изгледа мрш во Арачиново, Албанија каде ли да беше-супер беше без тебе се надевам дека ти се допагаат изненадувањата, оти се ближи денот кога ке ти приредам едно незаборавно ке сакаш да се убиеш, да те снема верувај
знам дека треба да се навикнам со твоите зборови оти не ги кажувас намерно,ама ете пак ме повредуват и ти го знаес тоа и јас го знам и ете пак се слуЧува
Сакам да си идеме од овде. Тука немам среќа. Тука јас не сум јас. Сакам да одиме во Англија. Да ни поминуваат деновите како овој денеска. Да шетаме по дождот, ја да се смеам, а ти да ми кажуваш колку сум ти секси. Ајде веќе да направиме некаков чекор. Некаде, Италија, Франција... Замисли таму ќе си се фрцкам со цигарчето, а ти слободно ќе ме љубиш.
Ха! Океј, она шо сакав да ти го кажам е дека те сакам. Те сакам посилно од себе. И Чарлиеви Ангели се јаки филмови, со кул акциони сцени.
Знаеш многу те сакав...И сега успеав да те преболам, иако мислев дека никогаш нема да можам. Веке не мислам на тебе 24/7, мислам само на мене и мојата иднина. Порано само ти ми беше во мислите, и кога станував и кога заспивав...но за жал се смени освен тоа што уште се возбудувам кога ке те видам дека си укличен на фб... Порано по цел ден висев на фб за да се оклучиш, а кога ке се вклучеше јас бев најсреќна на свет и одма ти пишав . Ете ден денес кога ке ја слушнам песната "Believe" ме потсека на тебе, бидејки ти беше омилена. Незнам едноставно некои работи што ме потсеќаат на тебе да ги заборавам, а најмалку да те заборавам тебе. Ти се јавував од скриен бр само да ти го слушнев гласот, и така еден ден те разбудив и ми беше многу жал, ама спанко си што да ти праам . А погледнев во часовникот-и ако беше цагер секогаш замислував желба да те видам некогаш, но за жал таа желба не ми се оствари. Може би ке се оствари во иднина да те сретнам така случајно кога ке одам кај другарка ми што живее во твојата населба, и не верувам дека ке ме познаеш. Ахх некои навики неможам да ги отфрлам од мојот живот како на пр секој ден ти го гледам профилот на фб . Веке не те сакам како порано не, само можам дека беше драг спомен во мојот живот. И да ти кажам дека не си најдов друг, не !!!-Се сеќаваш што ми рече тогаш "Најди си друг, повеќе не се замари со мене" ! Ама другиот ден изгледа се покаја и ми пиша како ништо да не било. Се надевам дека сега си се смирил со сите другари и дека повеке никогаш нема да се караш со нив, иначе другарка ти ме изнасмеа со тоа "Оној твојов **** 365 пати се сликаше за табло" кога ми го кажа тоа како ненотмална се смеев ахх полн си со бисерчиња ако почнам да ги пишувам ке ме раздени . И за крај- никогаш нема да те заборавам ама веке не те сакам како порано . Уште имам желба да те видам, иако ти нема да ме видиш или препознаеш. Ти посакувам се најубо и пред да направиш нешто размисли убаво затоа што секогаш кога ке направиш нешто се каеш за направеното ама за жал касно е!!!
Ете дојде и тој ден од кој најмногу се плашев. Ме гушкаше ...така силно ме стегаше до себе. Знаев дека имаш нешто да ми кажеш. Во тишината се слушнаа само зборовите..впонеделник си одам... останав занемена,воздухот одеднаш стана потежок. Засекогаш ? те прашав... Да. Утре е нашата последна средба. Збогум љубен.
. ..Те сонувам иако не смеам, иако не сакам. Луѓето се сеќаваат на минатото ако сакаат, но забораваат ако можат. Кога мислам на тебе и самотијатa ми е убава. И животот ми добива некаква смисла, но често како да ги одбегнувам полесните патишта и создава испреплеткани случки , можеби за поука. Не дозволувам сама да учам, од сопствените грешки а често грешам. Љубовта не умира, неа ја убиваат луѓето. Те молам разбудиме од овој лош сон, од сон кој ми создава само тешки болки. Разбуди ме и одведи ме некаде далеку, зашто овде нема место за мене и тебе, за нас. . ....Да те заборавам, неможам. Така уште повеќе те засакувам, а знам дека кога си сам никој не може да те остави. Полека и тивко губам се... Живеам но не чувствувам... имам сила, а слаба сум... неподвижна во срцето, смрзната во душата. Тагувам но не плачам. Сонувам а будна сум. Посакувам моќ а нема ниту капка среќа. ... За да го најдам она што сум го изгубила треба да се вратам по истиот пат, по кој одев, а не можам не смеам. Чувствувам страв во глувата ноќ исполнета со чудни гласови. Сама сум иако те имам тебе!