Денес највеќе од се сакам да те гушнам, како никогаш, од се срце да ти кажам што ти посакувам на овој твој ден. Биди жив, здрав и многу многу среќен. Се надевам дека наредниот твој роденден ќе го славиме заедно.
Барем се трудиш и никогаш не престануваш, многу правиш за да не се караме и за да не се вратиме на старото, за да не се лутам за секоја глупост, да не избувнувам, ме сфаќаш, уствари само ти ме сфаќаш,само ти знаеш што ми треба,секогаш! Фала ти..
Интересно беше она топло-ладно однесување. Иако и двајцата го практикувавме, кревам бело знаменце и сметам дека е доста. Ми требаш...
ако си тој што се сомневам дека си од вчера, наместо да ме гледаш мене и да ме озборуваш со другарите, колегите, шефот-а знам дека го правиш тоа,посвети се на својот живот-не мислам на излегување по кафеани, трчање по девојки, туку на надоградба на своето образование-ако си дипломирал продолжи понатаму, запиши се на мастер студии, а не тато носи, мама меси ти со платата луксузирај се-ако пропадне фирмата ке те видам што ке правиш тогаш со вакво темпо целата интелегенција што ја имаш во вода ке ти пропадне по 10 години главата од зид ке си ја удираш погледни ме мене-девојче што се обидува да се пробие,да исплива на површина- цело Скопје ме разбра во каква ситуација сум, ама храбра сум и НЕ се откажувам па светов да се сруши леле да можам да те почестам со една звездите има да ги изброиш
Кретену, дури и сега кога го имам најубавиот дечко во градот во рацете, не ми излегуваш од главата! Зошто секогаш ме демнеш и го држиш в раце моево срце? А вчера дојде, ми се насмевна и ме гушна.. силно како некогаш. Ама најверојатно никогаш нема да дознаеш дека позади маската што ја гледаш се крие девојка која многу ноќи ги поминала бессони плачејќи по тебе. Велат, да покажам што всушност чувствувам- да ти докажам дека ми значиш. Извини, ама оваа гордост става вето на се она што сакам да го направам.
Се сеќавам на почетокот кога ме праша што ќе правиме во врска со моето краткотрајно (ама краткотрајно, ми се повраќа кога ќе ми текне дека треба три месеци да те гледам само на скајп ), јас најладно што можев и најискулирано ти реков - Ќе одам и ќе се вратам, тоа не е проблем. И ти само ми рече, ќе видиш, таман ќе се навикнеме еден на друг, ти ќе треба да одиш. Како бе секогаш погодуваш развој на дејства на долги стази, а? Еве, некна беше уште месец и пол. Сега е уште месец и неколку дена, нареден пат ќе биде дека тргам наредната недела. Жими мене, знам дека ќе одам и ќе се вратам и се' ќе биде океј, ама ќе се раскинам од плачење, уште од сега знам. Така некако фино си затеравме, кога сакам да те слушнам само дигам слушалка и тука си, за гледање исто, кога ќе посакам да те гушнам во добар дел од времето можам, ако сакам да те погњавам, пак си тука. Е таму кога ќе посакам да те слушнам, ќе треба да почекам да ми заврши смената, да изверглам до дома, прашање е уствари дали и воопшто ќе имаме интернет во собите... И се плашам бе, се навикнав да има некој на кој што можам да се потпрам во секое време и кој ме вади од секакви глупости, некоја поддршка и сигурност ми даваш. Некако ме омекна бе , си бев цврста а ти ме омекна. Премногу долго се криев во моето оклопче, а сега види, оп, оп, по малце, ете ме. Сега ќе си рече некој пак го караш за нешто, баба ми тоа ме прашуваше, и изгледало како јас да сум била лошата. Сум бабо, сум лошата, внатре во душичката ме боли кога те повредувам за некоја работа. За која било. Тој човек треба само да го гушкаш и да го сакаш. Ме плискале и мене бранови во морето такозвани живот, ме потопувале, сешто се случувало, ама и тој минел низ некои бранови и олуи и работи кои малку по малку го гребеле и го обележувале. Го најдов таков што ме држи мене цврсто кога ми треба да ме држи некој, и се надевам, многу се надевам, дека нема јас несакајќи да го слизнам и да го испуштам кога најмногу ќе му требам. Јас сум ти тебе човекот на кој можеш се' да му кажеш, и лека полека, и ти стана тој човек за мене. Ми стана издувен вентил, а многу се плашам да не те задушам со моите глупости. Си ги вртам мислењава, и заклучувам дека се' што порано сум пишувала тука, сега ти кажувам тебе. И ми фалиш кога сум дома, ми фалиш да те чекам како касниш , да ме сетиш кога нешто не ми е како што треба, во истата секунда кога ќе видам ок си? знам дека ме читаш и без збор да изустам, ми фалиш и да ми ѕвониш да провериш дали спијам, не е битно што ќе ме разбудиш, битно ќе ти прозборам дека дремнувам и утре ќе ти ѕвонам, ми фалиш едноставно, ДУРИ, дури, ми фалиш и да ме клоцаш навечер. Несвесно клоцаш и не ме оставаш да спијам, ама свесно ме гушкаш и ме галиш. Остани си вакво човече, прави ме среќна, смеј ме секој ден... никогаш нема да зажалам што ја одбрав оваа патека со тебе.
Дојде време да се гонам од одовде, овој живот да го сменам. Потребна ми е немирност и палавост. Ми горат ушите од досада.
Навикна да сум постојано тука, и не научи да ме цениш. Никогаш не бев доволно добра за тебе, сега ќе видиш како е без мене. Што е многу многу е, и доста е. http://www.youtube.com/watch?v=vsPv3EwkEgE It made me so mad cause I wanted it bad for us baby Now it's so sad that whatever we had, ain't worth saving If the love that I got for you is gone If the river I've cried ain't that long Then I'm wrong, yes I'm wrong, this ain't a love song
Немам веќе солзи. пресушија. дали повеќе плачев поради тоа што замина засекогаш,или поради тоа што не се поздравивме за последен пат ? не можам сеуште да дефинирам. излезена сум од графика,не мие верно дека никогаш повеќе нема да те видам. Немој да ме заборавиш. Ќе ми фалиш. http://www.youtube.com/watch?v=i6WMXsXT-Tk
Спојлер Ми недостигаш. Кого лажам јас дека сум силна. Не можам ни да се сконцентрирам, ни да правам нешто, џабе е. Зарем не ти недостигам ни малку?! Зарем овие 6 месеци ти беа онака?! Дај, изненади ме. Побарај ме. Ќе ти се вратам и нема збор да речам. Мрш бре п*здо една! Поголем маж од тебе сум, се борам и за тебе и за мене и би се борела. Оди бе побарај се. Колку те сакам, толку сум и гневна на тебе. Шетај... И не ми се јавувај бре. За што да ми се јавиш, за пак по старо. НЕ!
Љубов си ми! Среќа си ми! Мотивација и инспирација... ма се си ми. Најубав си ми, најпаметен, најзгоден... ма НАЈ за мене си
Од сите досега, само тебе неможам да те преболам. И незнам дали ова ќе биде нешто што ќе ме гуши до крајот на мојот живот, и дали до крајот на мојот живот јас ќе се сеќавам на тебе, ама ете, колку и да сум лута, колку и да сум гневна, се поминува и одново се заборавам. Само ти не помиуваш, редовно си присутен, и лажам дека ми е сеедно за тебе, кога не ми е, тотално не ми е.
****** за тебе е ова Те сретнав онака случајно и тоа на сред улица . Беше со другарка ми-истата таа што ми го покажа оној кретенот што некогаш многу го сакав... И ми подаде рака, се запознавме и така отидовме заедно на роденденот. Ми беше могу мило што се запознавме, што седевме заедно на роденденот, што се сликавме, што си правевме муабет и се друго... Таа ноќ беше преубава за мене, од се срце ти благодарам после толку време единствена личност што ме направи среќна беше ти . После кога си одевме, кога ме прегрна осетив што е топлина... Таа ноќ се вљубив во тебе ... Почна да ми пишуваш на фб и ептен се зближивме. Онака посебен си од сите други машки на светот, имаш карактер, имаш добро срце и се нај нај. Ниедно машко во животот не се однесувало така кон мене, како што се однесуваш ти. Ти благодарам за се, и ми недостасуваш проклето. Знам несакаше да си заминеш ама мораше, си отиде и во скоро време ке дојдам и ти пак ке дојде овде се надевам . Кога те запознав тебе јас почнав да живеам, и на крај кога ми кажа дема ме сакаш.... Немам зборови прескреќна сум, после толку време пак вистински се чувствувам среќна ти благодарам за се. Не грижи се утре се ке биде во ред, и моите маки почнуваат со школото . А знаеш од сето тоа што ме направи најсреќна?!-Тоа што кажа дека сакаш да ме гушнеш уште еднаш и да си заминеш...Цела ноќ плачев, за жал немавме можност да се видиме ама ветувам ке дојдам таму кај што си сега, а летото ке дојдам на летување во твојот роден град и ке се видиме пак. Те сакам најмногу, и ти благодарам за тоа што ме направи среќна... Знам омилена ти е... http://www.youtube.com/watch?v=384aT-yAfNI
Немам кому да се лутам. Имам само време кое ме чека. Нема друго. Ти ми беше тишината на рамото која ме чуваше од зло кога не можев да се чувам од светот. И сега морам сама. Сосема сама. Ништо ново,само стари рани и спомени.