Ми беше мило што те сретнав на 1 мај, не ни знаев како се викаш,ништо, ама убаво си поминав посакав да те видам уште еднаш и ете ми се исполни желбата , се видовме пред црква работава е На велигден сум се заљубил .... нема да ти ја заборавам фацата кога ме виде ........
ако одлучам да си го деактивирам ф.б. профилот и да ја напуштам партијата, дефинитивно ке биде заради тебе-ми одиш на нерви со твоето однесување, што се замислуваш дека си ти над човек
ма колку убаво си се разбудуваме наутро јас и ти е добро де сега 11 Час не е наутро бас ама сакам да кажам последно време сме како јагненца,како гулабЧиња како................... како најубави срценца преслатко
Ги изгубив чувствата, не можам да ти кажам „те сакам“ без да почувствувам потреба за тоа..не знам веќе што е среќа, што е тага, што е љубов. Ти отежнувам и на тебе, знам..но не можам да одлучам за некои работи а претходно да не си ги средам мислите, да знам што е тоа што јас го сакам во животов!! Ми треба време.....
Ден два. Преживувам некако... Фалиш. Гласот ми фали, допирот, мирисот. Ми недостига подршката, замерувањето, лутењето, гушкањето. Туткањето до тебе... Зар не ти недостигам јас? Не ти недостига ништо од ова? Зарем се што кажа на почетокот беше лага? Ајде, дај потруди се. Нема да фрлиме нешто вакво
Ќе заминам некаде.Решив.Ако ми успее... Нема да ти кажам ,само ќе се спакувам и ќе тргнам .Ќе ме боли , до коска . Нема да ти кажам ,нема да те гушнам ,нема да ме гушнеш,нема да плачам пред тебе ,нема да знаеш дека одам само јас , а срцето си го ставам тука. Ќе мислиш дека се откажав ,ќе мислиш дека престанав ,ќе мислиш дека сонувам други соништа. Ќе бидеме далечни ,многу повеќе од сега. Љубов до болка-такви сме , се уништваме ,пуштаме да не боли секој ден секоја минута. Ќе мислиш дека сум станала некоја друга а јас ќе бидам токму спортивното. Не те оставам, само сакам да увидиш дека можеш да ме изгубиш. Ќе се вратам.Наскоро. Нема за долго.Картата ми е во два правци!
Го мразам тоа што те сакам! Зошто дојде, зошто!??!? За да ми ги вратиш старите чувства? За да те засакам уште поише!? Те сакам, многу те сакам. Зошто си ми несуден, а сепак моја судбина си? Зошто те нема сеа, ни да се јавиш, да ме прашаш како сум? Ме боли, многу ме боли. Се` се кине во мене. Не знам зошто сеуште се надевам на тебе и те чекам. Те сакам!! Повеќе од било кога! Ми требаш! До мене! Со мене. Но тебе те нема..
Очекував многу повеќе од тебе ... Има празнини кои и со тебе ми останаа празнини . Нешто ми фали осеќам непотполност , осеќам несфатеност монотонија ... Да бидам изворот на енергијата ми здосадува , се уморив сакам да допрам . Не сум сигурна дали сме едно за друго . Многу твои одговори ме разочаруваат ме треснуваат од земјата , како да си се изменил . Не си тоа што беше , или само мудро го прикриваше вистинското лице ? !
Се сменав, знаеш.. почнав да ја гледам светлата страна на светов, онаа која што не памтам дека некогаш воопшто сум ја гледала. Знам дека се прашуваш, како така од нигде-никаде.. ама не знам и јас. Не знам ни зошто. Ама надеж имам, веројатно.. Не за нас, зашто не си го дозволувам тоа.. туку за сè останато, секое делче од мојата сложувалка. Иако имам премногу несигурности, кои знаат да ме уништат на моменти.. имам некое чудно, оптимистичко, убаво мислење и се надевам дека сè ќе се подобри. Не знам како.. сè уште се трудам да најдам барем едно нешто во денот што ќе ме направи среќна. И се трудам да станам подобра од ова што сум. Тоа е веројатно и позитивната страна на несигурностите.. ме тераат постојано да се стремам кон нешто подобро, за себе првенствено, и за оние кои ми значат. Не знам како изгледам сега во твои очи.. можеби никогаш нема да знам, ама знам дека со самото твое постоење ме промени, а ако останеме блиски (на што премногу се надевам!), ќе продолжиш да го правиш тоа, (не)свесно. Благодарна сум ти.. многу повеќе од она што можеш да го замислиш!
Знаев дека нема срце да ме трпи да останам со еден збор, како во претходниот пост. Напротив, имам да ти кажам еден мал милион работи. Знаеш колку сакам да зборувам. Епа, ми фалиш, да. И почнува да ме фаќа онаа паника и да ме акаат триста филмови, кој од лош - полош. Нели, кога нешто не е онака како што ние сакаме, кога се одолжува некоја работа или кога едноставно не знаеме што навистина се случува, секогаш помислуваме на најлошото. Врати се, Земја повикува Збеснав.