Мирис на нас и последно збогум. Последен поглед и минута подоцна - последната насмевка. Морам да запомнам како е.
Оди во петок, и убаво да си поминеш. Но ако една од двете гуски проба да направи нешто со тебе, ќе зажали. Внимавај, те молам. Тие две се би дале за да бидат со тебе..Биди претпазлив.
Со твоето присуство, твојот поглед, твојот глас ми го разубавуваш денот. Мојата среќа си ти. Само биди тука, биди блиску до мене, сакам да знам дека си блиску. А во моето срце си само ти, и засекогаш само ти таму ќе останеш. Сакам да го знаеш тоа. Те сакам најмногу!
Изгледа како да знаеш се, а воопшто не е така. Не знаеш скоро ништо.. Само знаеш дека ми се допаѓаш. А ни тоа не е точно. Едно е допаѓање, а друго е безусловно сакање.
Ми недостигаш, те сакам....но ФАКН ГОРДОСТА твоја е на високо ниво ќе ме бараш еден ден ќе ме нема...како што сега тебе те нема
Како што минува времето се повеќе и повеќе се прашувам како ќе биде понатаму,се плашам од тоа што може да ни донесе иднината,но знам дека со тебе сум сигурна што и да се случи. Не сакам цел живот поради други да страдаш,не сакам да те гледам како се уништуваш поради бесчувствителноста и тврдоглавоста на некој друг и да запаѓаш во бездна.Затоа јас секогаш сум и ќе сум тука за да те извлечам од неа,никогаш нема да дозволам да падниш. Ние пораснавме еден со друг,созреавме и научивме да се справуваме со се заедно па така ќе е и овај пат.Само најискрено се надевам дека сега ќе излезе се како што треба и дека конечно и двајцата ќе сме задоволни.Се надевам дека ќе ни следува убав период,а богами и цел живот бидејќи како што ни кажуваат јуѓето-ние сме сродни души складни еден со друг.
Незнам што се случува со нас. Ниту пак знам што се случува со тебе. Знам само дека не сум добро, тагава е посилна од мене
Оф,што да ти кажам бе ?! Мразам кога ми викаш ,значи 182854318 пати имаме разговарано за тоа а ти упорно ми викаш,за банални работи,за работи за кои не сум крива.Јас нечинам за тебе,нее..Епа што да ти правам,јас сум ваква,а ме засака ваква,ми велеше :"Торте ти не си совршена,блиску си до совршенството"..а денес ,денес сум даааалеку од тоа многу далеку..ехх ..така цел ден со воздишки.Лоши и замислени воздишки..а можеа да бидат воздишки од љубов и задоволство.Но знам дека е период,знам дека и ова ќе ни помине и повторно ќе сме океј .. но до кога вака..до кога бе ?! аааааааа ,ми доаѓа да те убијам мајке ми