Те сакам , те сакам , те сакам , те сааааааааааааааааааааааааакам највеќе и многу ми фалиш малечко... Едвај чекам да се вратиш и да те гушнам иако поминаа само 10 саати од кога замина ти веќе премногу ми фалиш и многууууу сакам да те видам!!!! А кај се 3 месеци? како и да е јас ќе те чекам а ти како сакаш!!!! И btw фала за најубавата вечер иако останав ненаспана сепак ми беше прекрасно и извини што неможев да се воздржам а да не заплачам...
Те чекам,времето не поминува.. за мене стои во место, заглавено е во едни мигови кога бевме заедно. Можеби поминаа месеци ама кај мене ништо не се промени, се уште ја чувствувам таа еуфорија кога ке те видам, кога ке ме допреш.. љубовта ја надминува количината која можам да ја издржам. Знам дека нема надеж, не може да има.. после се, ама ете.. чекам така одненадеж да се вратиш.. тоа ми преостана. Барем вака надевајќи се и чекајки можеби ќе помине, којзнае.. Ама не те заборавив, ако можеби така изгледа.. те сакам мислам ќе умрам и нема да издржам
Убавино! Ти си единствената личност која ме прави среќна. Ти си мојата светлина, мојата сила и мојата вечност. Би направила се што ќе посакаш само за да ја гледам вечно твојата прекрасна насмевка. Денов ми беше прекрасен благодарение на тебе. Те сакам најмногу!
Ех.... како само знаеш со еден потег да ми вратиш насмевка на лицево и сјај во очиве. Дури и сега, кога размислувам што да напишам, чувствувам дека со блескање гледам кон парков и им се насмевнувам на сите можни гулапчиња што ми прелетуваат пред очи. Смотан, да не правиш друг пат така. Смешно се чувствувам Јас и ти сме како Холандија и Белгија.
Еј љубителу на јадоди се сеќавам дека во ова време од годината обавезно си купуваш јаготки ... Се сеќавам дека ми рече дека сум слатка како овошје , а јас ти реков дека би сакала да бидам како јагода. А ги сакаме јагодите и двајцата подеднакво исто како што ги сакаме патувањата ,музиката,некои далечни земји ,ноќта, месечината, авионите. Мислам на нас.Пролетта ме потсетвува на еден почеток. А денес е поинаку ти -не се осмелуваш, Јас- си молчам
Во моментов би ги искористила сите погрдни зборови,би те навредила какошто ти го направи тоа.Но што ако го направам тоа? Кога некогаш ќе се сретнеме јас ќе имам лице да те погледнав во очи,па дури и да те поздравам,а ти...? Ти немаш право на ништо повеќе. Свесно го правиш сето ова. Ќе ти биде после криво ама јас нема веќе да бидам тука... Не постоиш за мене.По 100ти пат докажа дека немаш срце. Немој никогаш повеќе да се враќаш,немој повторно да ми ја задаваш оваа болка. Баш мене.Која најмалку го заслужи ова!!!
Тантуле мој со тебе би го пропатувала светот , часови би ја средувале заедно градината,би ти родила `неколку`дечиња (нормално би те оставила да ги вардиш по некој саат дневно ),би те љубела до бескрај , би ти била верна до бескрај....
е сега ке видиш колку добра јас можам да бидам-како кобра бомбата е лансирана досега бегаше од мене без причина а сега ке сакаш да те снема, да исчезнеш да станеш невидлив
знам дека е готово,знам дека се е завршено но само сакам да те видам барем на минутка,зошто цела година деновите ги броев кога пак ќе те сретнам.
Е сега да си ми до мене има да те изедам цел и да те чешкам и да те скокоткам и повторно да те дојадам ! Ајде да си гледаш да си дојдеш порано накај недела барем и да не ме заборавиш викендов !
Не ти сум лута, најискрено. Кажа од почеток се. Јас бев онаа која не знаеше како да прочита убаво меѓу редови. Јас бев онаа која се трудеше за се. Онаа која кога ти беше тешко беше подготвена и планина да крени за да ти олесни. Онаа која се молеше да си во ред и да успееш. Онаа која умираше од среќа кога беше среќен. Онаа која знаеше да трча кај тебе секогаш кога и да се јавеше. Онаа која се бореше за да успеете. Онаа која не си веруваше на интуицијата, го сруши ѕидот и пак дозволи некој да остане таму. Оооо да... Во право си! Јас вистина заслужувам нешто подобро од тебе. Мене не ми треба некој себичен, некој кој е кукавица, некој кој не знае да сака. Ми треба љубов, некој да ме сака. И да! Ќе си најдам подобар од тебе. Ама знаеш што, сите мои бивши се враќале. Пази Ќе се слушнеме јас и ти за максимум 2 месеци. До тогаш... Фати сифилис Чао пријатно. Деген беше, а мислам дека и нема да се смениш во наредните 200 години