Сакам да плачам, ама не можам. Те сонував синоќа, пак. Кошмар, по кошмар. Не можам веќе да спијам како што треба. Недостигаш во креветот. Да те гушнам силно и да заспијам на мир. Една недела помина, а ни еднаш не се јави да прашаш како сум. Од култура ако не од нешто друго можеше да прашаш. Знаам дека не те интересира, впрочем никогаш не те ни интересирало како сум. Ти сакаше друго од мене. Не се разбравме, очигледно. Јас барав љубов... Не ја добив. Глупава јас, се надевав дека ќе се заљубиш во мене. Заборавив, ние сме различни светови. Ти си бело, јас црно. Јас сонувам за семејство, љубов и топлина, а ти за кариера и пари. Јас се борам за се што сакам, а ти се добиваш на златен послужавник. Јас те сакам, ти мене не. Ама после вечерва доста е. Закопав се поврзано со тебе. Ти не си човек. Тоа е дефинитивно. Не сум ти значела ни малку. Да ти биде срам.
Љубави знам се беше прерано но мора да ми признаеш дека кога те разбудив во 04:20 се исплаши малку од реакцијата на мојте кога ќе ме вратиш дома рано сабајле а претходно без никаква најава , но сепак не ни приметиле дека нивната ќеркичка не е дома па јас успешно си стинав до мојата соба без да ме осетат и за крај знаеш дека те сакам но јас да си повторам .
ако те фатам жив од раце нема да ми излезеш пази се од мене, оти со твоето манијачење ја претеруваш секоја граница!: а вчера кога видов еден од твоите колеги кај моето основно школо
не ми се верува дека те сонував нокеска убавецу како талкаме по улици броеви-најверојатно од партија не испратиле па си сменил број-сама сум го дознала и одеднаш те снемало, си почнал да трчаш-си ме изнервирал максимално и сум ти рекла не улици и броеви да броиш звезди да почнеш да броиш не ме гледаш веке и се разбудив чуден сон
Оди гонисе у 3 лепе пм па ке можам ја и без тебе силна си сум http://www.youtube.com/watch?v=B_gAHxZaki8
Ми недостигаш и сакам да те гушнам, и да го сетам мирисот твој и од како ќе те гушнам да мирисам на тебе... да те видам така дотеран со машната што ти ја правев синоќа, сигурно ти стои многу убаво... и никогаш да не се разделам од тебе... ТE САКАМ Од
Добра сум,устври многу подобра од што можам да замислам. Последниот заеднички разговор иако болен за мене,ме натера да го ставам прстот на главата и да си кажам "Готово е се,завршило многу одамна,време е да го смениш текот на работите и да продолжиш понатаму". Вистина е дека нашето заврши многу одамна,ама ние при две здрви очи се правевме слепи и упорно теравме кон нешто за кое знаевме дека е невозможно да се исполни. Грешевме многу,и јас и ти.Не бевме совршени но знаевме да сакаме.Имавме и убави и лоши моменти,а кој ги нема? Не ми е лошо воопшто,мило ми е што се отворивме,мило ми е што конечни си симнавме еден голем товар од градите. И додека мислевме дека ја имаме најголемата љубов на светот,заборавивме да се потсетиме дека не глумиме во некоја серија,туку дека сме во реалноста,,каде што сме далеку од совршенство. Потрошивме многу,многу години,дури и премногу.Ама така требало да биде,толку требало да трае.Овде требало да ги фрлиме коцките и да погледнеме кон иднината. Не,не те мразам воопшто,толкава љубов не е возможно да ја претворам во омраза. Ќе се памтиме засекогаш,ќе имаме трагови,ама ќе останеме во минатото. Биди најсреќен и те молам среди си го животот,тоа ќе го направам и јас. Љуби и сакај повторно,ама искрено,тоа ќе се потрудам да го направам и јас.
Ух, ќе го памтам утрово! Не дека некои други утра се многу поразлични, ама ме фати „во елемент“ Сонце си ти, сонце. Што и да направам, кај и да се завртам-пак се' се врти околу тебе. И да сакам да најдам кај тебе нешто што не чини-не можам. Мааните твои одамна ги прифатив. И после 7 години не можам да си поверувам дека доживувам вакви убавини со тебе, дека нешто вакво токму мене ми се случува. Ај подобро да си ќутам.......проклета уста имам
Незнам како не ти е досадно постојано за едни исти банални работи да се расправаш со мене. Убаво ми рече мајка ти дека немаш разбирање за ништо. И верувај ми дека ќе ја послушам овој пат, нема да те тинтрам повеќе, полошо за себе си правам
Посакувам да заборавиме на гордоста и да се препуштиме на чувствата... Ах колку посакувам, само Бог знае Признавам, те сакам и посакувам, ми требаш, сакам да гушнам, да те гледам, да се смееме, да се караме, да се запознаваме се подобро и подобро, да се прифатиме меѓусебно, да уживаме, да тагуваме... Ми требаш, ужасно ми требаш. Признавам за првпат... Не можам веќе... Зошто ли мора да биде толку комплицирано меѓу нас? Со поглед си кажуваме се`, но јас те сакам тебе. Само да знаеш колку ми значиш... Никогаш не сум посакувала нешто посилно од сега и никогаш нема да престанам да се надевам на тебе.
сонувам со тебе перубава иднина. се она сто сакав и сакам сега си ти и новите работи со тебе да ги направиме. знам дека има работи кои болат ама ако сакас можеме подобро да ги надминеме,мислам сето тоа само заедно а сама само мене ке ми биде потеско мислам понекогас дека сама себе си се лажам и дека нисто нема да можам од се тоа сто посакувам ама нели надежта последна умира па така и кај мен е секогас ке бидам за се најдобро за нас од љубовта единствена во мојов живот сто ја имам ТИ и само ТИ ТЕ САКАМ
Премногу ме сакаш , секогаш од кога ќе се скараме јас тоа го сфакам. Секогаш касно сфакам некои работи , од кога ќе ја нанесам штетата сфакам дека не сум сакала така да испадне Јас барам и најмала причина за да се налутам ... Ти секогаш ме викаш со тебе , дури и кога сте собрани другари ти мене не ме оставам , ме викаш со тебе иако можеби некој префрлил "еј ајде само машко друштво да бидеме " Секогаш од кога ќе ја направам грешката , сфакам дека не сум требала така да се однесувам и се каам .. И целото твое друштво само ти истапуваш и кажувам НЕ , јас и пинкгир ке си ја земам со мене Само ти ! Единствен си ми , знаеш ? Што знам ,можеби и не те заслужуваам Но да знаеш дека и покрај моето однесување те сакам претерано ТЕ САКАМ како никогаш до сега , со цело мое срце , со цела моја душа И прости ми за се