Сега си тука, а утре?.. Не заминувај, остани овде, да уживаме во истиот воздух заедно.. Не, невозможно е без тебе..
Еднаш на ваков ден решивме да одиме во сега бившиот италијански ресторан спроти Рамстор. Јас си се шишав дента, па дури и ме испеглаа . Си облеков црно секси фустанче. И нели за да си стигнам до превозот кој ќе ме однесе до тебе разбирливо ми се деси фијаско. Си искачам од дома полна со самодоверба дека сум си како бубамарка, среќна дека одам накај тебе и вознесена, кога осеќам шкрипи кола. Онака со полна брзина некоја будала вози покрај мене, ја погодува дупката полна со вода и целата вода се залепува на мене. Јас па луда мала глава место да си се вратам дома си се качувам во мојот превоз, си ја голтам судбината и шибам накај тебе. А ти, ти кога ме виде ми рече дека сум била милина. А јас личев на залижана и мокра крава. Ах, а јас кога ти спомнав што искусив се изнасмеавме јадејќи си ги порачаните тестенини во скапиот празен ресторант. - Да знаеш дека љубов е и оваа моето. Измокрена од прљава вода јас трчам бестрашно накај тебе да те видам. Тоа беше пред трички години. Мислам дека за прослава на нашиот заеднички втор месец. Сега очекувам една бабачко пита. Може и изненадување.
Те мразам... Spoiler Лажам! По незнам кој пат ги лажам другите а и себе дека повеќе не постоиш, дека заборавив се што е поврзано со тебе, проклето лажам дека не ме интересира ништо твое... А овде си, иако не сакам да си го признаам тоа, те барам на секаде, во секој ги пронаоѓам твоите очи, насмевка, секој личи на тебе, но ниту еден не е ти...
убаво ми стои модринката на десната надколеница сакам уште една да ми направииш... ај сега јави ми се
Што правиме од нас? Каде води сето ова? Гасне комуникацијата, ни станува удобно да не се слушаме често, немаме сила ниту за караниците. А сепак, кога сум во твоја прегратка, се чини дека се` си е на свое место. Одамна престанав да барам логика во нештата... http://www.youtube.com/watch?v=tyvA6lFdiWc&ob=av2e
Едвај чекам да си дојдеш дома и да видам што толку важно по телефон имаш да ми кажеш иако претпортавувам дека е некоја голема глупост
да си ми до мене жими еден живот ова би ти го кажала слика велат 1000 збора вреди, така да се си призна вчера ти со сликата што ја постираше манијаку еден -по погледот ти се познава што сорта си и не на коментар да ставиш незнам што да направиш НЕМА да го сменам мислењето за тебе ех да можам да се преселам подалеку од тука...
...те сакам како што го сакам сонцето на пролет, море како што го сакам и на лето и на есен и стално .