Те чекам да се вратиш и покрај тоа што знам дека нема да се случи, ама ете има нешто толку длабоко во мене што не верува во тоа.. можеби и подобро е вака, да те чекам.. можеби еден ден ќе се изморам и ќе престанам
Мојата болка не ме боли дотолку како што ме боли твојата. Уф те сакам малку помалку од сестра ми ама тука си. Несакам да те гледам тажен поради такви малоумни ликови. Ликови кои се крајно слаби и кои дозволуваат да се отруени од злобните јазици.
Одведи ме. Одведи ме некаде далеку. И биди искрен. Биди најискрен. Земи ме во твојте раце, земи ме да заборавам на се.. Одведи ме.
Далечинава ме убива. Ме убива тоа што се гледаме еднаш во два месеци, на еден ден... А тој ден, сакам да направам многу работи со тебе, сакам непркинато да те гушкам и така да ти се стопам во прекрасните раце... Неможам да се оттргнам од тебе, мораш секогаш на било кој начин да си ми присутен во животов, и ако речам дека е крај, секогаш се лажам и пак ти се враќам, секогаш ме копка за тебе, секогаш не престанувам да мислам на тебе, дури и кога се правам на Тошо и демек држам лутина. Вистината е дека е доволно само да те видам и да заборавам на се. Сакам да сум нон стоп покрај тебе, сакам да ти влезам под кожа и да неможеш да ме извадиш од таму... Сакам само да се сакаме засекогаш. Јас ќе те сакам засекогаш... Те сакам убавец мој, со прекрасни коси очи и најубава уста на свет. Те сакам таков каков што си, те сакам со сите твои испади, те сакам со твојот лев карактер, ти го сакам прекрасниот длабок глас... Те сакам комплет цел... Да те имам за себе и до себе... Te сакам засекогаш... http://www.youtube.com/watch?v=hLcq9AVOUGE
аах бре како ми е убаво кога сме еден до друг,толку силно прегрнати посакувам тоа никогас да не заврси и се се така заедно да сме
колку си плиток во мозокот-тоа е чудо едно значи јас ако пишам дека сум со машконекаде на кафе-а тоа е лага, само ти не знаеш секако мораш да го напишеш ти после некој ден исто-секако со девојка копи-пејст па незнаев дека сум ти идол да се чуди човек и да се крсти
ти благодарам што најискрено ме тешеше и беше до мене денес па и секогаш кога ми е најпотребно тоа...
Ти посакувам барем еднаш да ти е тешко како на мене што ми е сега. Неможам повеќе да се борам за нас, ,,нас" збор што ти не го цениш.
Читам се што сум ти кажала овде, криво ми е што некои работи немав храброст да ти ги кажам в лице... Знаеш.. вчера кога ти го чув гласот се срушив, за миг како на стар филм ми се вратија сите наши моменти, сите бакнежи, кавги... ни најмалку не требаше да се случи тоа, не сега кога давам се од себе да те заборавам....џабе го избришав твојот број кога никогаш нема да го забравам.. Некогаш кога во текот на ноќта ќе се разбудев знаев да ти пишам порака, да те разбудам, да ти кажам дека мислам на тебе, и дека те сакам, а ти знаеше да се јавиш сонлив и да речиш и јас исто ... Убави денови беа тоа.. знаевме на сред расправија да изустиме Те сакам да се погледнеме и да се смееме.. знаевме да правиме "љубоморни" сцени за другарки, пријатели, комшии ... Знаевме со часови да седиме и да молчиме, да слушаме музика... Знаевме..но ете не ни било судено тоа што го знаеме да го кажиме на оној другиот....
Времето не се враќа. Исто така ни зборовите. Многу ме повреди...можеби сеуште те сакам...Но дали тоа е доволно за да ти простам се?? И да ти простам дали некогаш ќе заборавам? Премногу прашања а премалку одговори. Животот продолжува...
Зошто не ме погледнеш барем еднаш и да се насмевнеш ? Спојлер барем другарски До кога ќе треба да глумам дека ми е сеедно што и се случува во животот
Слушај ја песнава, ти го посветувам секој збор од почеток до крај...штета што ќе ти пишам само тука, и што не знам дали и ти ја чувствуваш истата болка и распарчување од внатре...како и да е нека ти/ни е среќен роденденот...имај убав ден... немам сила ништо повеќе да напишам. http://www.youtube.com/watch?v=HoRjvYzqdrQ
Не можам.Каде да пронајдам некој како тебе? Со исти емоции , со ист изграз на лицето кога ме гледа,со иста желба, со иста страст? Со исти соништа и фантазии како и моите? Каде да најдам некој со вештина да ме задржи ? И ми недостигаат твоите погледи кои лизгаат по моето тело. Ми недостигаат сите наши идеи и замисли за иднината. Сега се е прашина. Денес имам поглед чувствителен на твојата рамнодушност. Денес ме боли секоја случајна средба. Денес ме болат и средбите кои не се случија. Остави не замерувај .Ноќта е виновна.
Проклето ми недостасуваш...утре наубаво да си поминеш и сите наредни седум дена и се надевам дека ке се вратиш со глем успех... Те сакам