Никогаш не сакам да се разделиме. Никогаш.Сакам секогаш да се будам и заспивам со тебе.Со тебе сум срекна.Имам се што ми треба и се што сакам. Абе како ме гледаш. 5 дена по ред секое сабајле со букет цвеке ме пречекуваш, ме изненадуваш, ме сакаш.Ти ветив дека никогаш нема да престанам да те сакам и вистински го мислев тоа. Те сакам
Ти благодарам за целосната грижа овие денови во кои јас немав сила да ти искажам колку те сакам како претходно. Благодарам за твоите посети по неколку пати на ден само да ме видиш како сум,дали ми е подобро. Те сакам неизмерно и знам дека нема да најдам некој друг како тебе. Сакам да останам со тебе вечно,се надевам сонот ќе ми се исполни. Патем,лесно на работа мило мое јас одам да нанам.
Истото, од збор до збор. Те сакам... Биди мој, ајде барем вечерва. Ќе молчам ветувам, само ќе се стуткам до тебе како некогаш. Не, не мора да ме гушкаш. Лежи само, да ти го слушам срцето, да знаам дека си покрај мене. Нема ни да приметиш дека сум до тебе. Ќе си заминам наутро. Проклето ме болиш, боли се поврзано со тебе... Сакам да те мразам, место да те сакам....
Крив не крив не можеш да се вратиш во минатото и да смениш некои работи. Жалам но како што јас се замарам со тебе секој ебан ден така и ти добро може не секој ама.. Колку време и да бидеш со некој човек не е возможно да немаш ни тронка емоција. Ти си сменет, само спрема мене а не дека не можеш да се смениш можеш ама не сакаш. Не зборам за реалноста туку за нежноста која ја немаше..
Кога ме пречека прегеска со песнава... http://www.youtube.com/watch?v=Z7b37l_B4vI Мислев, срцево ќе ми излезеше од гради. Ми го кажа денот, датумот, времето, местото кога прв пат ми ја посвети и кога ми рече дека ќе се заљубам во тебе па што сака нека биде. Дека нема да дозволиш да ти се лизнам од раце... Знаеш, ти успеа. Ама човек, ти во тој поглед си толку прекрасен. Толку оригинален...што неможам да си поверувам на очите. Секогаш бараш нешто ново со кое да ме изненадиш. Го сакаш сјајот во моите очи, знам! Уживаш да ме гледаш од страна како се смеам, и се воздржуваш да не заплачеш од среќа...кога ме набљудуваш колку сум своја и природна. Љубов од очите ти излегува... Ти си една посебна приказна за мене. Нешто единствено на цел свет. Само кога сме заедно и цел свет да ни се руши врз глава ние сме силни. Би сакала да се средат сите недоразбирања меѓу нас. Да не ги потискаме, само колку да сме среќни. Мора прво да се реши тоа што ни виси над глава. За жал, ќе мора пак да има бури. Но, што и да се случи со нас...како и да завршиме...ти во моите очи си една прекраснотија. Те љубам. И секогаш ќе остане така, без разлика дали ти ќе ме заспиваш навечер или некој друг. Твојот мирис секогаш ми е пред нос...
напишав пред некое време вистинскиот маж не удира жена а ти вчера оној кој удира жена ја губи машкоста во себе-што требаше да значи ова ти мене ме копираш? читам со нова девојка си во врска-ке видиме колку време ке те издржи како што си тргнал цело Скопје и пола Македонија ке ги прошеташ девојките а оној другион сопартиец што мајка му му ја полни главата за да ми се приближи-инаку во неколку наврати имаме поразговарано, ми доага од земја да го треснам иако е само три месеци постар од мене и има стварно квалитетно образование завршено-магистер е ама џабе е се кога е нервозен,по природа и едноставно не го замислувам покрај мене-да им пренесува се на дечките од партија нели-тој филм не се прикажува па што сака нека биде
Сакам да ти кажам фала што се трудиш да се средиме и фала што се трудиш да ја вратиш довербата,знам дека заебав и знам дека ке успееме и се ке биде во ред.. Секогаш ке те сакам,вечно ке бидеш во моето срце љубов моја! <33
Знаеш,искрено,понекогаш ме погодува тоа што немаш многу доверба во мене дека те сакам и дека верно те чекам,на тоа гледаш со резерва,и ми велиш се да поднесам како возрасен,да не се правам дете,па јас не сум дете и на врската гледам со голема сериозност,посериозно и од тебе.. се останува на мене да ти докажам на дело,и знам колку е поголема далечината,толку поголема е љубомората,ама ако јас ја покажам мојата љубомора,барем малку..
Кога сум во тебе не ме бркај.Долго време не знам како да те заменам ,во срцево да те расипам.А ти...како сакаш...се друго можеш слободно да искинеш.Мојот живот е како празна рамка,зашто не знам да го насликам животот без нас... ...а морам... ...минуваат, години ,месеци ,денови... ...и не си заминав јас,ти ме пушти да си одам,без збор,без прегратка,без ништо...