Ти си единственото нешто кое што ми го разубавува животов.Без тебе мојот живот едноставно нема смисла...секоја минута помината со тебе,ми е вечност! Најсреќна сум ! Никогаш досега во животов не сум се чуствувала толку заштитена и толку среќна.Едноставно кога сум со тебе се топам..како чоколадце Те сакамм најпремногу,најмногу на цел свет !
неиде ова вака да си знаес немој мене пепелеска а потоа да те сибнам и ете ти принц а немој оти ти ке загубис
Аман заврши тоа што треба да завршиш што е можно поскоро, и да се изгубиме веќе еднаш од овде. Не можам веќе. Се гушам, губам сила во сивилово наше. Сакам веќе еднаш да отидеме. И тоа во онаа твојата, подалечната варијанта. Доста беше од се' и од сите. Ама буквално од сите. Од сите душегрижници и лажни насмевки. Од цело лицемерие околу нас двајца. Од сите оние кои едвај чекаат шанса да го заријат ножот уште подлабоко, притоа смеејќи се цинично и гледајќи не' во очи. Те сакам само тебе покрај мене, и некои нови луѓенца околу нас. Никој и ништо друго не ми треба. Кога велам никој, значи буквално никој, доволен си само ти.
како ли воопшто ќе издржам да не те видам?? од секоја страна само некој напнува само капка фали да се прелие чашата.....
http://www.youtube.com/watch?v=8YfOjrtu_u4 Многу ми е мило, не можам да опишам колку, што имам човек како тебе до мене! Претерано многу.
Поминаа пет години откако се запознавме. Знаеш јас никогаш нема да ја заборавам твојата насмевка кога се доближуваше накај мене првиот пат кога се видовме, кога ме гледаше со восхит. Незнаев многу работи за тебе, ниту пак ти за мене. Едноставно и двајцата знаевме дека сакаме повторно да се видиме. Се беше убаво на почетокот
Немам ништо друго освен умор. Така си ја пуштив среќата. Чекор по чекор, без цел заминав далеку. Знаеш, сакав да те прегрнувам. Сакам и сега. Помислив и посакав да бидеш тука. Се почувствував како победник во војната со осаменоста, а таа само склучила сојуз со лажната надеж. Што правиме од нас?
Ми недостигаш ѓубре едно скапано. Уште да знам кој ми недостига. И уште да не бев олку пијана, да ми треба пола саат да склопам еден пост без граматички грешки. Колку сака нека сум пијана, ама граматички неточна порака или пост не праќам. Леле дај бе врати ми се, помини преку таа твоја гордост мајке ти га спалим ....
Сега после цел месец спиење и дешење со тебе, прв пат сама ќе спијам, и чудно ми е, празно. Ми го нема мендото од 30 степени да ме топли со големите раце и да ми рче на увце... Го нема тоа муце како риба да го цунам у сонот и да ми праве балончиња додека спие. Нема кој утре сабајле да ме разбуде и да ме тегне од кревет, и на крај сепак да се откаже...па со лимонада или пирошка од Ѓонче да ме маме да станам http://www.youtube.com/watch?v=e-fA-gBCkj0
Не се радувам затоа што нема да ти биде лошо, жал ми е што никогаш повторно нема да ти биде толку добро.
Се надевам дека се што ми зборуваш навистина го мислиш, во спротивно цел свет би ми се срушил... Ех, да можев да ѕирнам во твоето главче...
Уште едно збогум. "Смешно. Во оваа соба двајца те сакаат. Јас те сакам, и самата себе се сакаш." Мило ми е што разбра како функционирам. Have a nice life.
Знаеш, во моментов криво ми е за текот на одвивање на настаните. Страв ми е и што си помислувам дека, судено по се што се случува во мојов живот, ова е очекувано и не е воопшто чудно или изненадувачко. Болно е тоа што така интересно и спонтано, дури и сосема случајно, животот те донесе до мене, а сега вака глупаво те одведува. И ме боли што никогаш веќе нема да те видам, што знам дека ќе сакам да те видам и ќе умирам за да вратам нешто што не постои повеќе, ме боли што некој треба да те замени, да ме замени. И ме боли што го отежнуваш уште повеќе и оставаш простор за иднина. Нема иднина. Нема ништо. Ова е сега, тука, дефинитивно. Отидовме по ѓаволите.
Уште еден крај. Ненадеен, но го претчувствував - сите мирисаат исто. Ти беше најубавиот маж со кого некогаш сум била. Висок, плав, бадемови очи, полно устенце, светла брадичка која обожавав да ја чешкам. Не зборуваше често, не кажуваше многу, немавме многу заеднички теми. Потекнуваме од различни места, имаме различни позадини, имаме сосем различни сфаќања и гледишта за животот понатаму. Тоа и не раздели, се прашувам како нашево и толку траеше. Траеше повеќе отколку што сите очекуваа. Но нема да те заборавам. Нема да заборавам како долго ме бакнуваше, со очи ширум отворени. Нема да заборавам како минував со прстите по твоите усни и ти велев: „Имаш убава уста.“ - „Знам, ми имаш кажано сто пати.“ - „И ќе ти кажувам до крајот на времето, драги...“. Нема да ти го заборавам зарипнатиот секси глас наутро, додека ги виткаше рацете околу мене, припивајќи ме до тебе. И неколкуте наши излегувања во јавност, и онаа вечер кога бев многу пијана и ме изнесе на раце од дискотеката, и нашата сендвичара, и нашата клупа, сите нема да ги заборавам. Јас имам меморија на слон. Но го направив ова за наше добро, го знаеш тоа. Боли кога нешто е завршено, макар што јас го завршив. Но зборувавме за моите стари љубови, зборувавме и за твоите. Зборувавме за момчињата кои мене ми се допаѓаат и девојките кои тебе ти се допаѓаат и кои од нив би биле наши потенцијални идни. Сигурна сум дека некоја од нив ќе ти донесе повеќе среќа од мене. И онака јас ти донесов само болка, исчекување и несигурност. http://www.youtube.com/watch?v=0W3MpOU3OUU now I'm looking for you, or anyone like you