Не знам дали не ни било пишано или едноставно уште не дошло нашето време. Ама не можам да престанам да се надевам дека ќе дојде денот кога сите мечти и мисли кои ти ги посветувам секоја вечер ќе станат реалност. Не можам да го потиснам чувството кога ќе те видам, не можам да го смирам срцево кое чинам од гради излегува при секој наш поглед. Не можам, а да не те сакам. Онака искрено од срце, детски, чисто... Не сакам ниту еден од тие што ми се плеткаат во близина, те сакам само тебе. И себично ја чувам таа љубов, не оставам простор некој да ја забележи. И ќе ја чувам сеуште, ќе го чекам денот. Нашиот ден. До тогаш можеби ќе се случат многу работи, а можеби и не. Но, кога ќе дојде, тогаш ништо нема да биде повеќе важно. Ќе докажам дека знам бескрајно да љубам, да почитувам и верувам, да утешам, да те радувам, да останам покрај тебе. Посакувам само да бидеш среќен. Искри, копнеж, желби... Ех, само кога би знаел.
се сретнавме на 1 мај,нема да го заборавам моментот кога се погледнавме веднаш ми се допадна ,потоа се сретнавме на Велигден пред црква,ќе те запалев со свеќата замалце си помислив нема да те видам повторно и ете пак се видовме во училишната сала, одеднаш излезе пред мене,пребледев цела моето училиште играше против твоето ( тогаш дознав од кое училиште си ) цел натпревар не го тргнав погледот од тебе,а и ти од мене и на крај испадна дека си и братучед на мојата најдобра другарка значи не ми се верува
Сакам да те почуствувам до мене, да те видам полна со позитивна енергија, на лицето една блескава насмевка која ни самата не можеш да ја контролираш, сакам...сакам секој ден да ти подарувам такви моменти.
Ми велиш дека многу ме сакаш.. Ти верувам, само понекогаш се прашувам, како можеш толку време да ме држиш во неизвесност, како можеш цело време да ме ставаш на такви сурови тестови за да провериш дали сеуште те сакам. Со кое срце ми го правиш тоа? Воопшто ли не си се запрашал како ми е мене кога ми правиш така? Знаеш дека им се радувам и на тие 10 минути што ќе те видам, а ти се правиш толку зафатен, како да неможеш да одвоиш 10 минути за мене..само за да видиш како ќе изреагирам.. Едноставно, како можеш тоа да ми го правиш?! Секогаш сум искрена кон тебе, прашај ме дали те сакам и дали сеуште ми значиш, со полно срце ќе ти кажам „ДА!“ ..немора вака да ме повредуваш со ситници.. малку е, но се собира.
Те молам не грижи се ке видиш се ке се среди, се ке биде во ред. Деновите ти треба мир спокој, треба да одмараш имаш утакмица утре и во четврток . Се надевам дека се прошета таму дека си поминуваш убаво и се забавуваш со пријателите. Се надевам дека во скоро време ке ми пишеш, и не заборајвај секогаш сум тука кога ти треба подржка, совет и рамо за плачење. Остани силен те сакам
иако повекето ти ме повредувас мене иако денес тоа сто се слуЧи не бесе несто сериозно иако нема за сто,ама ИЗВИНИ зал ми е сто се слуЧи тоа,не го сакав така да биде ти се извинувам и ми е жал за тебе ИЗВИНИ!..
Остави. Доволно ми е лошо и вака. Се чувствувам изморена и психички и физички. Од се. Извини веќе нема да ти пречам.