мое малечко слонче прекрасно си поминавме вчера и синока со тебе секој ден е поубав премногу те сакам јас без тебе не би живеела те сакам најмногу од се
Се надевам дека убаво си помина изминативе две вечери. Се надевам дека мнооогу убаво си помина чим немаше време ни еднаш да ми се јавиш. Не, време имаше, ама тебе не ти текнува. Тоа е проблемот со тебе. Не ме интересира ни дали си бил пијан, ни дали Господ слегол од на небо. Ти не помисли на мене. Толку. Јас си имам моја гордост и нема да дозволам никој, ама баш никој да ми ја гази. Ако си заборавил ти....не се секирај,ќе заборавам и јас. Има да видиш една страна од мене која никогаш досега не ти сум ја покажала, а требаше. Никогаш,никогаш не сум те ограничила за ништо, ниту сум правела скандали или чувај Боже да ти сум замерила за некоја работа. Никогаш. Ти дадов слобода која свака ти чест,знаеш да ја злоупотребиш. Не може јас да сум твоја девојка само кога ќе ти текне тебе. А ретко ти текнува очигледно. Пази се само следниот повик кој ќе го добиеш од мене да не биде последен,зошо скурчено ми е искрено.
навистина неможам да те сватам ама навистина. за пет минути го менуваш расположението искрено скурчено ми е или однесувајсе како што заслужувам или се плашам дека ќе ми пукни филмот и се ќе ти изнаречам што ми лежи на душава...
Срцко, знаеш дека имам трпение, дека ќе почекам додека не дојде време. Не сакам ништо да форсирам, не сакам да носам таков товар на совест, не можам да живеам со тоа. Само сакам што побрзо да уживаме, ете за тоа немам трпение! Инаку, не за џабе ми стои вториот цитат во потписот мој, го кажал чичко Оскар некогаш некому, сега јас тебе
Абе глуп гледаш ли колку ниско паднав ради тебе?????? Што сакаш поише да ти нацртам дека си ми битен???? Ако стварно имаш барем малку чувства за мене немаше да се понашаш вака, така да... the end
Иако знаеш да ме расплачеш и насмееш во исто време ти си најмилото суштество.Човек кој се труди околу мене. И ти текнува синоќа кога падна ѕвезда и кога ме праша дали си замислив желба и да ти ја кажам??А јас ти одговорив дека желбите не се кажуваат бидејќи нема да се остварат. Spoiler За НАС беше..да останеме секогаш вака и љубовта никогаш да не ни престане ! ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ. П.С Многу си бушав во косата.Те гледам и пијам кафе.За прв пат се разбудив до тебе.
денеска петок... последните 4,5 петоци само се караме се надевам дека денеска ќе биди баш спротивно дека ќе биди една од најубавите вечерви во нашата врска а и воопшто во нашите животи...
а бе не само кога врне како прее туку и сонце кога има и сто да има јас и ти онака гуснати под кебенце би седела веЧно
Добро, ќе се средиме ли конечно јас и ти, да знам дека нема да патам по тебе, дека далечини и патишта нема да има меѓу нас како на почетокот, помогни ми и ти да се реши веќе ова...
ти благодарам што последните два дена направи да го допрам небото,да спијам до ѕвездите,просто да лебдам од среќа... те сакам
Само времето нека помине брзо,па јас ќе ти го кажам муабетот преска што го правевме на телефон-во живо! Те сакам!
Момент на слабост. Да ти кажам тука, не дека заслужуваш, ама ајде. Проклето да е се. И ти и јас проклети да сме. Ти зошто не знаеш да сакаш, а јас зошто не знаам како да не те сакам. Ми рече дека не сум знаела колку сум силна. Не, не сум силна, кршлива, слаба сум. Сакам да се борам, ама ќе се најде некој ќе ме праша дали си ме побарал и толку е од мене. Што да им кажам!? Не сум ти значела ни малку, да ти значев ќе се јавеше. Ќе прашаше дали сум добра. Од камен да беше немаше да си толку студен. Побарај ме... Барем гласот да ти го слушнам