Мислиш далеку ке стигнеш со инаетот? Е нема. Многу ти допуштив затоа така и се однесуваш. Погаден си од дивљацине во пустина да знаеш.Е сега ке се мачам цел вечер сама,ама не ти попуштам.Седи и нервирај се,а јас ке се правам луда...сега ке ги смениме улогите
Би му кажала дека го сакам...Но,не плашам од неговата реакција и искажувањето на сопствените чувства...
Ти си мојата тегла со најубавиот чај од јагоди и ванила. Ти си ми крвта низ вените. Постојат чувства кои можат лесно да те разнесат одвнатре. Такви се и моите. Таква е и оваа љубов. Остава траги , рани, спомени. Засекогаш. И кога долгите ноќи ќе ме опколат помислувам дека би можеле: *Да лежиме под ѕвездите да си ги откриеме нашите тајни да пиеме чај доцна во ноќта да останеме будни цела ноќ да се возиме долго ....во круг бесцелно. *Да си дадеме шанса да гледаме во облаците да молчиме со месечината. Би можеле знаеш.
На крајот од денот сфаќам дека само ти си тука до мене без оглед на се. Всушност секогаш си бил. Слаба сум на тебе...
Сите знаат дека се сакаме, освен јас и ти... двата негираме и веруваме во тоа.. зошто? Зошто си отежнуваме? Од што се плашиш ти? Дај веќе да престаниме со оваа игра, помина толку време.. веќе не сме странци, и ти и јас најдобро знаеме што чувствуваме, а сокриваме.. Мене не ме плаши ништо, освен тоа да бидам повредена..иако толку пати ме повреди, веќе немам сила да се борам со разочарувањето.. И така ти е секогаш, на крајот ке останиме странци, со толку надежно минато.. кое можеше да прерасне во иднина... затоа што не сме спремни.. а да знаеш ке се каеме, и тоа многу!
Се сеќаваш на тетратката во која што ги имав напишано моите најдлабоки чувства спрема тебе, која ти ја дадов да ја прочиташ, онака без да чувствувам ни малку страв, затоа што тоа сум јас и тоа јас го чувствувам, и не се срамам од тие чувства? Ете таа тетратка долго време ја чував измеѓу душекот и даските на креветот. Порано ја препрочитував често... Пред некој ден се плашев да ја отворам. Само ја извадив од под душекот, ја ставив во ташната, и ја фрлив од мостот во Вардар. Стоев и гледав како потонува во водата... Можеби како што тетратката пропадна и се удави во гнасната вода, така и ти еден ден ќе се удавиш во длабочините на моите сеќавања и ќе останеш само спомен. Можеби, еден ден...
имаш рок до вечер да ми се извиниш што не дојде,ако те нема следи delete од фејс и вечно игнорирање,дефинитивно си заслужи
Кога ќе се разбудиш на сабајле како некое зомби, ама слатко зомби, целиот таков поспан, со затворени очи и широка насмевка, се гледаат запчињата од смеење - знам дека си мој. А ти одвај се свестуваш за да го прошеташ малото наше мочало кое како лудо ќе стане во 10 и 15 и кружи околу нашата спална. Па јас хистерична неможам да спијам кога го осеќам и само викам по тебе да го симнеш. Абреее!
Како во жива кал да тонам... Што ми направи, кажи ми...? Мислам дека те чувствувам во секој миг околу мене, во секој здив, мирис... Не знам дали во животов би погледнала некој друг освен тебе... Тоа е тоа... Те сакам тебе, до последниот здив... Живеам за моментите со тебе, за твоите допири, прегратки, за твојот глас, кој мислам дека навлегува во секоја моја пора... Немам ниту очи, ниту срце за друг...
До мене си,тоа е најбитно. На моменти ме нервираш,но сето тоа поминува само со еден твој поглед или насмевка. И двајцата имаме многу променливо расположение,и додека јас мислам дека не можам да се справам со твоето,сигурно истото го мислиш и ти. Сепак не ми е пречка никаква.Решена сум да бидам со тебе,убаво ми е со тебе кога сме заедно. Чувствувам љубов иако не ја покажуваш колку што јас посакувам,но верувам дека ќе дојдат и тие денови. Сакам да ме сакаш бескрајно,да не можеш без мене,јас да сум твојот свет. Кога јас добивам љубов ја враќам многу повеќе.
ти благодарам што постоиш и што си постојано покрај мене....што ми помагаш да ги решам проблемите и што ми го правиш животот лесен...ТЕ САКАМ
жими еден живот да не ми е срам би ти се приблеижила и би те прашала ЗОШТО бегаш од мене работиш во регион во кој живеам и се движам така да нормално и логично е да ме сретнеш-стани невидлив-да се чудиш и да се крстиш а позади грб ми викаш убава девојка еее кукавицо една да се скријам од некаде и со смокчиња да те гагам-да видиш како ке скокаш
Еден ден ќе се сврти кругот. Дебилу еден. Не прашувај други за мене, јави ми се. Прашај ме. Нема се јас да правам. Оди бе на Марс. Оди некаде подалеку од мене, не прашувај други, не ме провоцирај со песни, ако сакаш нешто јави ми се и кажи ми. Уште сум слаба, ќе ти кренам... Ги чекам моите 5 минути
хахахахх ме чудиш додека бевме заедно бегаше од фб и од се каде што можеше да ме најдеш. А сега?? цела почетна ми е од тебе -.- Намали малку, не ме интересира твојот живот. А не е ни интересно тоа што го објавуваш.