Епа како да ти кажам. Провидно е. Мајке ми. И те молам немој со такви муабети. Освен одалечување друго и не се постигнува.
ти си најмилото машко кое го имам сретнато онака за галење и бакнување,душичка,штета што никогаш повеке нема да те видам ми остана само спомен,убав спомен
Зошто правиш срцето толку забрзано да ми чука кога ќе помислам на тебе??Само секунди сме разделени а јас веќе по 1596559453 пати помислив на тебе...ТЕ САКАМ!!
Ви честитам и на двајцата. Повторно сте заедно, повеќе од очигледно е. Ако, си се заслужувате, исти сте . Сифилис не ви бега А и официјализирајте, нема да ме повредиш веќе. Падна многу ниско, повторно назад на стариот живот се врати. Ама ако! - Таа има пари. И има грдо име... Сериозно. Океј барем убава е , не можам да го негирам тоа. Тоа е тоа, изгледа ова е збогум. Сакав да расчистиме се во лице, ама ти немаш едно. И не знаам на кое лице да му се свртам и да му кажам дека ме боли. Па збогум. Ќе се видиме се надевам во пеколот
Ти си едно обично разгалено, инаетливо магаре такво со уши големи од што те тргаат сите накај нив само за да бидеш против мене. Ама ако така треба викај ти по мене за обични ситници, ќе видам што ќе правиш кога се разбудиш и вечќе ќе нема по кого да викаш, со кого да се караш, а најважно од кого да сакаш и кој да те сака. И сам така си сакаше да знаеш. Оти си лигуш. Оти пред сите сакаш да излезеш фин и ме правиш мене вештерка. А мене ми е преку глава. Доста веќе твојот терет го носам, биди малку одговорен за своите избори, мислења, за себе. Толку !
[СДК] Сакам да кажам... Можев само да сонувам за човек како тебе, полн со добрина, позитивна енергија, толку многу љубов и убавина. Да барав мали некој како тебе немаше да го најдам. Како времето поминува, сум се повеќе сигурна дека ти си тој... Тој шо сакам да ја делам секоја минутка , секоја секудна, стотинка од мојот живот.. Секој ден ми го правиш од убав-поубав.. Секој час без тебе се претвара во копнеж по тебе.. И на моменти се подзамислувам и запрашувам, што гледав во бившиот, што? Кај ли ми бил паметот? Пијана ли сум била сево оваа време? Просто сум одела со еден невоспитан, себичен човек, кој мисли само на себе. Со тебе сега знам што е љубов, како е да љубиш несебично, да не бараш ништо за возврат, а само да даваш. И ќе ти помагам уште колку сакаш, не еден ќе исчистиме пет стана, не само со трудот, туку и со нашата љубов. Ова што го правам е само за тебе, и не сакам фала за возврат... Те љубам домаќину мој!
1-лесно е да направис некој несрекен 2- теско е да направис некого срејкен повекето се првото за да бидес несто позитивно треба да си второто
ми се испразнија сите зборови од мојот речник тешко ми е многу незнам што ќе се случи вечерва ми е страв само невиното неродено бебе да не настрада те сакам ама верувај неможам немам сили за понатаму незнам што ќе биди незнам како ќе издржиме само ми се плачи немам волја за ништо друго...
"Dear Diary, today will be different. It has to be. I will smile and it will be believable. My smile will say, 'I'm fine. Thank you. Yes. Much better.'."
Да ти нацртам дека ми се свиѓаш? Месец ипол те ловам на фејсбук, кликам лајкови, објавувам песни, делувам суптилно, и ти абер немаш. Ама ќе те имам јас тебе еднаш во мојов живот, Еди Ведер еден, низаеден
Колку те сакам ќе ти напишам другпат. Сега дојди.Гушни ме. Ако сакаш ќе молчиме. Ако сакаш будни ќе сонуваме.
Се навикнав на тебе. Се навикнав да отворам наутро очи и веднаш да го проверам телефонот да не случајно имам порака од тебе, пропуштен повик. Се навикнав на нашите разговори неколку пати дневно... Се навикнав да ми кажуваш кај си, со кој си. Се навикнав на нашите разговори доцна во ноќта... Почнувајќи од тоа како ни поминал денот, завршувајќи со правење на планови за блиска и далечна иднина. Се сеќаваш колку пати така сме го дочекале изгрејсонцето, осамнувањето на новиот ден... ќе ти речам "е ај добро утро", а ти на шала "едно кафе, ќе ве молам". Се навикнав да си кажуваме се... Се што ни е убаво и се што ни смета прво кај нас, а потоа и кај нашите најблиски и сите оние кои секојдневно не опкружуваат. Се навикнав на нашите шали, па дури и на нашите карања. Се навикнав на твојата насмевка која ми е мотивација... Насмевка за која би сторила буквално се за да ја предизвикам и постојано да ја гледам на твојата фацичка. Ме исполнува. Кога те гледам тебе таков насмеан и среќен... мојата среќа е дупло, ма десеттодупло поголема. Се навикнав на тебе. Се навикнав на се што е твое. Се навикнав на нас. Се навикнав на себе додека сум со тебе. Се навикнав на мојот живот со тебе во него и едноставно неможам, а и НЕСАКАМ да продолжам понатака без се ова. Тогаш ништо не би имало смисла. Тогаш ни јас нема да бидам среќна. АМА и двајцата знаеме дека ова е најправилната одлука. Знаевме дека кога-тогаш мора да се случи. Не сакавме да прекинеме додека сеуште беше рано, затоа сега ќе си ги трпиме последиците. Боли, проклето ме боли. И мразам се околу себе. Го мразам и глупавово општество. Глупавиов менталитет на нашава заостаната држава и овој прост народ овде, како и нивните глупави предрасуди! Само, те молам... Те молам НИКОГАШ немој да заборавиш дека ТЕ САКАВ, ТЕ САКАМ и СЕКОГАШ ЌЕ ТЕ САКАМ ПОВЕЌЕ ОД СЕ ! Ме направи најсреќната девојка на овој свет, ми покажа што е тоа љубов, како е да си сакан и да сакаш некој без разлика на се. И вечно ќе ти бидам благодарна за тоа ! Имаш посебно место во моето срце и НИКОЈ НИКОГАШ нема да го измени тоа. Биди добар. Чувај се. И не ме заборавај. Нема ни јас тебе. Ветувам! Спојлер Уште од сега ми недостасуваш
И 10 пати да ми се јавиш после толку долго време - 10 различни работи и муабети ќе ми кажиш. И тие 10 пати нема да ти бидат доволни за да ти простам или да ја заборавам последната слика што ми ја остави. Последната слика како што ќе те памтам понатаму. Се надевам ова беше наш последен разговор Со среќа понатаму во животот
Еднаш бе мајка му стара да попуштеше за нешто па макар и за најмалата ситница што постои. Еднаш да ми дадеше мало знакче дека си се сменил, дека љубовта ја ставаш пред желбата секогаш да си во право. Се ке беше поинаку. Ке заборавев на сите лоши работи и ке почневме одново пак. А ти срце мое падна на обичен тест за инат. Мислиш дека ме мрзеше мене да одам до продавница? Не. Само така те тестирав како за ситници некогаш знаеш да се јачиш. Е од кога ти кажав оти било тест па уште и се лутиш. Ај шминкај мравки сега... Нема надеж за нас (т.е. за тебе)