вчера беше точно 5 години откако те запознав тебе-конечно ти се оствари желбата да се ожениш и да имаш семејство-сопругата е бремена тоа го знам од твојата несудена снаа и имај храброст кога ке ме видиш да речеш дека сум добра-има така да ти вратам што верувај нема да ти текне уште еднаш да ме закачнеш
Не не те слушнав, никогаш не сум го слушнала од тебе тоа што го сакам, туку секогаш го слушам она што ти сметаш дека е важно за тебе, но не и за мене. Ти и онака никогаш не слушаш тоа што имам да ти го кажам, ниту ме прашуваш како ми е. И пак ми е мака да, мака ми е што си себичен, што си егоист и што секогаш мислиш само на себе...
Добро бе веќе колку се знаеме и нон-стоп ми викаш дека мразиш цигари и сеа што испаѓа...пушиш? Барем да ми кажеше у лице а не вака да ме лажеш....Идиот!
До кога вака душо , толку време разделени си дојдеш се навикнам пак на тебе и пак си одиш кога не си тука се гушам неможам да функционирам премногу ми требаш знам дека ова е за наше добро но без тебе неможам да живеам !
Направи да се срамам и да се осеќам толку ситно и безначајно, Ми направи таква дупка во градиве како кратер на месечината што ни со Дарк сајд оф д моон неможам да ја закрпам, И на крај, тоа што цело време мислам на тебе е само поради болката што ми ја предизвика. Е така...
Во твоите сини очи го гледам целиот мој свет. Ти ја црташ насмевката на моето лице. Кога те гледам, кога те чувствувам блиску до мене, кога го слушам твојот глас јас сум најсреќната личност на светот. Те сакам најмногу!
Го имам најдобриот дечко на цел свет. Вчера имавме бурна ноќ. http://www.youtube.com/watch?v=mKxBVU7pmxw Па колку е секси.. Ај чао.
Те видов ете... И знаеш што? Не почувствував ништо!! Направи да ми биде срам да кажам дека сум била со тебе... Жално. Ти душо падна на најниско што можеше. А НЕ јас!
Не е битно која дата е денес,битна е датата кога ќе бидеш во моите прегратки! Те сакам бре највеќееее!
Те барам ,а не те наоѓам,те повикувам а не се свртуваш,те сонувам а не те досонувам! Одам сега да се правам дека живеам. И така секој ден...
не е важно кој ме сака,кој ми се пушта или со кој ќе одам,еден ден ќе бидеме заедно како што ми вети ти и ке бидеме најсреќни.Те сакам и многу ми е жал што немам шанса да сум до тебе на твоите најбитни денови во животот.
некои работи идат се слуЧуват па заминуват и можеби и пак и пак сто и да е сакам секогас јас и ти да сме заедно па сто сака нека се слуЧува само да сме заедно
Може не ги заслужувам некои работи, но барем знам дека ти не ме заслужуваш мене, не повеќе. Боли, али не е битно и онака не те интересира тебе тоа...
Чудо. Ме стрефи чудо. Секогаш бев скептик за се во животот. Секогаш имам некоја резерва во мене, страв од било што. Страв да ме напуштат, страв да останам сама, страв од се.. И оддеднаш тој страв изчезна, и спремна сум да ризикувам се. Да се борам. Да бидам силна. А ти ми помагаш, ме воздигаш. Можеби ќе ме љубиш, можеби ќе ме оставиш, ама јас сум сега среќна. Јас сум за прв пат среќна. И за прв пат времето не е ограничувачко. Чувствувам дека те знам милион години, те чувствувам.