Јас само те сакам и не барам ништо за возврат,не барам да ме сакаш исто колку и јас тебе,само сакам да можам да ти верувам....сакам да ти верувам...
Се разочарав кога самиот се фати во лага неприметно... Очекував искрено,добра интуиција имам. Ама и добро помнење,така да ова нема да го заборавам.
Што да му кажеш кога ништо не сфаќа од тоа што го правиш за него? Вреди ли да му кажеш зборови кога на делата е слеп? Би ти кажала ѓубре едно дека те обожавам, дека ми требаш, дека можеби и те љубам иако не знам што е љубовта.. Би ти кажала, но тешко ќе излезат тие зборови од моја уста зашто знам дека тоа го чекаш, знам дека ќе ги искористиш и злоупотребиш.. зашто си такво, ѓубре!
Ти ја додавам и оваа постапка на долгата листа непотребни грди работи што си ги сторил. Ме изнервира ненормално многу. Не знам што точно си мислиш со паметот ама ќе се каеш, ќе се каеш за се верувај ми. Сега уживај си, ку*чи се, однесувај се како десетгодишно дерле, ако мислиш дека ќе испровоцираш некоја реакција кај мене многу грдо се лажеш, што и да помислувам ништо од тоа нема да сторам, цело време ќ се правам рамнодушна. Сега за сега сеуште ја чувствувам твојата рака врз моето лице и коса, сеуште ја чувствувам твојата прегратка и твојот мирис и те чувствувам блиску до мене, и таман да те допрам и погалам оп наеднаш ќе се разбудам... и реалноста е поубава, не вредат сите маки, болки, страдања и срања што ги трпев од тебе за кратките моменти среќа. Го чекам денот кога ќе ме побараш, да видиш колку фини работи ќе ти кажам, нема да знаеш кај да се завртиш... спремна сум, чекам и ќе дочекам, знам. Има нешто посилно и од тебе и од мене, се што си дробел се ќе си сркаш, а богами претерано лоши работи надроби за сите овие години...
Оф единствено мое како ли ми е без тебе? Како ли продолжувам без тебе тешко проголтнувајќи ја секоја кнедла заглавена во моето грло? Иако знам дека добив лажно ветување, сеуште верувам во твоите зборови. Како си љубов моја? Како ти е покрај неа? Видов тага во твоите очи, но можеби само се залажувам. Можеби нејзиниот лик навистина те прави среќен. Ова не беше нашиот план. Требаше да бидеме само јас и ти. Каде беа моите солзи додека те губев!? Каде беше мојот упорен и силен дух да ти се спротистави да ти укаже дека грешиш!? Зошто не ти направив било каков отпор!? Сега кога ми треба твојата прегратка, кога имам потреба од твоите усни, твојот допир, од тебе... Ти си покрај нејзе. Ужасно ме гуши оваа сурова вистина. Секое утро посакувам ова да е само лош сон. Но не е. Ова е реалноста. Сфатив само колку згрешивме што се сретнавме тој ден. Што се навлековме еден на друг. Се изгубивме низ лавиринтот на нашите игри. Ти се откажа и се врати на почеток. А јас сеуште трагам по твојот лик. По твоите сино-зелени очи, по најубавата насмевка што ми ја подари некогаш. Се молам секоја ноќ да ми испратиш некаков знак дека сеуште сум во твоето срце, дека помислуваш на мене барем еднаш во текот на денот. Никој повеќе нема да биде сакан на начинот на кој јас те сакав тебе, бидејќи кога си одеше те сместив во мал дел од моето срце, ќе те оставам таму засекогаш.
Искрено намерно поминав од таму, знаев дека ќе те видам. Не очекував дека толку брзо ќе те видам со друга, ама ајде. Ако, нека ти биде така. Знаеш што!? Размислував 4 саати и сфатив. Не сум јас крива. Јас те сакав тебе, ти нудев љубов, ти беше тој што ја одбиваше љубовта постојано. Ти ме изневери, ти ме остави, ти никогаш не ме слушаше, не те интересираше што правам. Ти не ме сакаше. И за тебе да се борам веќе? НЕ! Од денеска не ме интересира ништо поврзано со тебе. Ти ако имаше барем трошка почитување кон мене немаше да ги направиш сите оние работи. Ќе се потрудеше и на достоен начин да ми раскиниш. Ти си тој кој не знаеше навидум што сака. Не дебилу еден, ти знаеш што сакаш. Ти се сакаш само самиот себе, да сакаше некој друг немаше да правиш така. Можевме многу работи да направиме заедно... Ама од денеска готово е официјално. Не кризи да ме фатат, што сака нека биде. Јас за тебе се труев со дијазепами, а ти си се тркалал со друга уште додека сме биле заедно. А колку ли пати сум ти кажувала дека си прекрасен. Не, не си прекрасен. Сега знаам зошто ми велеше секогаш дека не си. Нема ништо прекрасно во тебе. Се е лага, лицемерие и себичност. Нема ништо добро во твоето постоење. Сега јас сум на ред. Доста е дијазепами и бедоксини. Доста е од не спиење и фокусирање на тебе. Нема да трошам време на тебе. Од сега јас сум во главна улога. Ама ќе ми платиш за ова. До последна солза. Ти ветувам
http://www.youtube.com/watch?v=JRWox-i6aAk Мој, а до кога? Се си има граници и јас изгледа успевам во мојата замисла. Да ставам крај, нели уште на почетокот то го барав. За мене љубав није , само навистина имаш право кога ме прашуваш зашто не сум те оставила уште на почетокот. Ама гледај јас уште тогаш ти кажав каков карактер сум. А може и двајцата сакавме да се залажуваме дека можеме да живееме различно од порано. Не си ти крив што постои надежта како поим кој сеуште го има во нашите глави. Па се прашувам и дали нашите ебани огнени хороскопски знаци си го прават своето. Не дека верувам во хороскоп ама чудно е ова измачување. Како да уживаме во истото. Јасно ми е дека нималку не сме како модерниве врски кои се караат за што знам што. Ние, кај нас проблемот е што јас незнам за тоа како е да си Среќен, а притоа да уживаш во тоа и да не поставуваш илјада сопки. И притоа не трудејќи се да си ја расипеш самиот среќата. Катастрофа, колатерална штета.
Колку што сакам да заврши толку и не сакам, зошто проклето многу ќе ми недостигаш. Проклето многу ми недостигаш уште сега. Да можеше да има крај ама да не боли...Тоа што сега моментално го правиш, ме убива, ме јаде одвнатре. А колку повеќе не ти покажувам ти толку повеќе се силиш. Мразам кога има нешто недоречено, мразам што се е типично ти. Никогаш не мислев дека ти ќе ми бидеш само сеќавање, и тоа лош спомен. Ми останаа моите 1000 зошто без 1000 затоа. Тоа е, не може сите да бидеме нормални.
Ти благодарам што ме научи што е тоа среќа. Што ме научи што е тоа љубов. Беше со мене во моите најсреќни мигови, но и во најтешките. Што секогаш помислуваш прво на мене после на себе. Ми го откри рецептот за среќен живот. Што никогаш за ништо не ми кажа НЕ. Што толку се грижиш за мене и за мојата иднина. После толку години заедно никогаш не ме навреди, повреди или понижи. Ти благодарам што ми докажа дека сум ти најбесценетото нешто во животот. Те сакам мило мое....ти си најубавото нешто што ми се случило во животот
Сонце мое Сонувам за денот кога ќе го кажеш тој еден, единствен, толку посакуван збор „ОДИМЕ“. Ах, колку скапоцено звучи тоа во моментов.....
ми се допајгас со твоите лудори за мене иако се твоите тука правис како да сме сами па сто ние гајле за нив
Среќен пат, ти посакувам се најдобро, најубав помин да имаш Ко ти го слушнав преје гласот, знам дека звучеше тажно, направив еден мал гест оти стварно многу ми значиш, другарски, а можи и некако поинаку, се навикнав едноставно на тебе, на секоја твоја насмевка, на секој твој кажан збор, ми недостигаш, сакам да сум само во твоја близина , и жал ми е само оти не те гушнав. Секогаш кога ќе идам таму, сакам да те видам, ќе ми недостига и то. Но уште еднаш прекрасен помин таму овие 4 месеци, среќен да ти е патот, се најубаво, да се изнауживаш Ќе се видиме по 4 месеци http://www.youtube.com/watch?v=IgFwiCApH7E
Сонувам некои светови кои ете можеби и никогаш нема да дојат. Патем,сонувам за куќа со прекрасна црвена фасада и две три дечиња,насмевски еден куп. Сонувам барем можам. Сакам да си тука. Сакаш? Можам да се изгубам, сосема да се изгубам. Да не можеш никогаш да ме најдеш. Немој.Ти ме најде.Треба да останам. Тука ќе те чекам. Посакувам, а немам. Многу време поминав сама. Уште колку долго?
Гневна сум на себе, што те сакам толку а не си заслужил очигледно. После се тоа што го направи е детско, идиотско кретеностичко, егоистичко бахато и глупаво. Маж не го прави тоа. Сега замисли се што си и што сакаш да бидеш. Си тргнал по погрешен пат, ама јас нема да ти стојам повеќе на средина. И јас имам право на нов почеток. И не се вртам овој пат позади мене, толку беше. Ја уби и последната трошка надеж дека сепак нешто се сменило во тебе. Честитки, оваци за твојот последен перформанс, ме остави без зборови. Не знам дали е од гнев, или од што е ова,ама осеќам дека една друга личност наполно ми била сродна душа. Не кријам дека гаам симпатии, можеби е погрешно но тоа е виситната. Али тој па не можеше подалеку да отиде Али што е мое ќе си дојде, секако визата во октомври му истекува Нема аир од плачење и од стари спомени. Спомени, само тоа ќе остане од нас. Време е да не се гаи илузии и да се сврти листот или почне нова тетратка. Старава е превише издрцана за да може да се нарече и да фунцонира како тетрака.