До кога овака... Нели времето лечи се!? Епа, време кај си!?" Минатата вечер, студен ветар влезе низ малку подотворениот прозорец во мојата соба. Ми беше ладно. Се сеќаваш кога ми рече дека сакаш да сме заедно под топол јорган и да си бидеме единствен извор на топлина? Ми требаше тоа.. но морав да се стуткам во ќебенцето кое за кратко го наводенив со моите солзи. Веднаш ми поминаа низ глава моментите кога ми беше ладно, кога со сета сила се обидуваше да ме стоплиш. Иако не ти успеваше, бевме среќни што сме заедно. Бевме исполнети. И додека јас се измачувам со спомени, од тебе ни трага ни глас... Барем кажи ми дека си добро. Сеуште се грижам за тебе. Толку многу посакувам да си овде...
Те сакам и тоа нема да се промени, барем не набрзо. Мило ми е што сфативме до каде сме и што сме, а што не сме. Не сме заедно, и нема да бидеме Кнедла ми стои во грлово, пепелникот е полн, кутијата празна, но тоа е, така требало да биде, така ќе биде. Ме расплакаа твоите последни зборови, ама не можам да се враќам по истиот пат повеќе. Не само за мене и за тебе. Биди среќен, многу многу среќен, како што не си бил до сега. Ако ова не е љубов не знам што е, кога и покрај се сакам да бидеш ти, тоа што си а не тоа што беше со мене. Не е инат не е горделивост, вистината е, а таа боли како и најдлабоката рана. Ама зараснува, како и сите рани. Во право си, нема грешки,има само лекции. Лекција да не дозволам да изгубам никој што ќе го сакам во иднината, да не бидам избувила, повнимателна, поискрена. Некои не веруваат дека човек може да сака повеќе пат, јас верувам, верувам во следна шанса и нов почеток. Секој ден, нова шанса. If you love somebody you should let him go....
ах како би те гушнала сега! Одамна не сум била вака романтично расположена. Би те љубела цела вечер, ќе се гушкаме и како секогаш ке јадеме чипс Или ќе гледаме филм или што било само да сум покрај тебе. Веќе не се препознавам, барај ме за жена!
до когаа вака ? не сме се виделе две недели , разбирам дека и двајцата имаме за учење , но сепак мислам дека можеш да најдеш време да се видиме , толку сакам да те видам да те изнагушкам
И не знам по кој пат пишувам тука... Одиш таму кај што не сум јас Ладен си.Или јас сум премногу повредена,па си замислувам. Еве се повлекувам.Се чувствувам премногу сама. И сега повеќе не знам навистина што да си кажам себеси.Повторно грешам. Помина уште еден ден и еве уште една ноќ, бегам од времето кога се разделивме кога поверувавме дека не сме еден за друг, а во истиот миг се покајавме. И го плаќам данокот на сопствената грешка. ...а што ми останува сега?Тишина...морам сама.
Те молам, ако барем малку сум ти значела не доаѓај тука. Остави ме мене во својот пекол. Гледаш дека кренав раце од нас. Немој воопшто да доаѓаш и да ме провоцираш, едноставно нема да ти покажам слабост. Јас сум слаба само кога сум сама и пред моите човечиња. Пред тебе нема да покажам никогаш слабост. Ми недостигаш, те сакам ама не си вреден ни со прст да мрднам за да те видам. Едноставно продолжи си со патот и сите ќе сме среќни. Океј ти ќе си среќен. За мене уште долго не се знае
Зашто ми спомнуваш за секс кога има толку бре за учење, ебем ти мотивацијата преку телефон, ооооо ти. Ооо да знаеш колку твојата љубов ме смени, од корен. Да не ме сакаше ти толку многу, никогаш немаше да се сакам себеси целосно, ќе си наоѓав стално фалинки. Сега, јебе ми се за глупи досетки, зајадливи коментари од Мис прфект луѓе, гајле ми е ... кога ќе ме погледнеш и кажеш Преубава си, прекрасна си, што ми треба повеќе...
Брадо моја! Денеска сфатив колку е силно ова нашето. Тука беше тој, покрај мене, го осеќав секој негов здив кој се обидува да го насочи накај мене. Цела вечер ми се доближуваше. Малку по малку дојде до само 5 ебани чекори одалечен. Леле отсекогаш ми бил убав, паметен и срамежлив. Знаеш онака ненаметлив. Знаеш си личите во душата. Каков поглед. Но сепак и покрај него кој ми беше на дофат, кој можев да го имам само да посакам, сепак ти ми беше во мојата лева хемисфера . Ти си сеуште тој кој не ми излегува од главата. Се уште си ми вистинскиот. И ти си проклето реален. Ти си мојата СИЛА.