Те сакам најмногу на целиот свет. Ти правиш мојот живот да има смисла. Единствениот кој успеа да направи јас да си ги показам сопствените принципи (на позитивен начин), а сепак да не се показам себеси.. хм можело и така.
Фала ти, ми покажа колку сум вредна. Благодарение на тебе сфатив дека јас имам вредност, си го тргнав комплексот. Ми покажа и дека сум посилна отколку што сум мислела. Се борам, смешно ми е ама се борам. Знаеш, скоро цел месец помина, барем еднаш да ми се јавеше и да прашаше како сум. Еден месец јас сум без тебе и без себе. Се борев, со луѓето околу мене, со демоните во мене, со испитите, со моите, ама не успеав да се изборам со тебе. Не успеав да те задржам. Ќе дадев се за да те имам покрај мене, за да те љубам, да те чувам и да те бодрам, да ти бидам подршка во најтешките мигови, да ти бидам место каде што ќе можеш да одмориш од бурата. Ама не сакаше. Да сакаше до месечината ќе се качев, ќе му свртев грб на светот и ќе останев покрај тебе. Не знаеш колку е болно ова. Ми недостигаш, искрено, многу ми недостигаш. Има моменти кога сакам да ти го чујам гласот, го земам телефонот, ама се откажувам. Се плашам да не се јави таа. Што да и кажам на неа, сигурно и таа не знае што ја чека. Побарај ме, барем на 1 час да ти го видам лицето, да се топам во твоето присуство. Гушни ме и молчи. Остави ме да се стуткам до тебе, ќе молчам и јас. Ќе си заминам ветувам, нема да останам до тебе. Ќе ја свртам проклетава страница.
Имаше убава замисла... Можеби е подобро што испадна вака... Мислам дека е време да не комуницираме повеќе.
Не исполни ниедно дадено ветување, а толку се залагаше или само сакаше да стекнам впечаток дека си поразличен од другите...
Душо моја знам дека малку те понервиравв овие денови ама и тоа е љубов среќа ти имаш посебни нерви па ме трпиш благо на тебе со мене....Премногу ке ми недостигаш дури веке и почна...те скаам најмногу на светот и со душа те чекаммм
Ти никогаш не беше романтичен дечко.Никогаш не беше некој кој ке ме поддржи при секоја моја замисла,секоја моја идеја.Никогаш не се потруди да најдеш работа.Ти уживаш по цел ден да легаш на грв и од татко ти да чекаш кутија цигари и парче леб.Никогаш ме немаш изведено на прошетка,некаде каде ке си поминеме убаво.Причина за тоа е бидејќи си немал пари,а без пари не ти се излегувало.Пари немаш,да.Затоа што не сакаш да побараш работа.Сам да заработуваш.Денеска нема простор за избор на работа.Нема ни многу избор!Скоро секогаш ме напаѓаше.Ми велеше дека немаш доверба во мене,не си можел да имаш доверба во девојче со кое одиш 8 месеци.Требало да поминат повеќе години за да стекнеш доверба.(хххаха)Смешно но вистинито,за жал.Секој ден имаш некој нов љубоморен испад.Пример,зошто не сум го слушнала телефонот кога си ме барал,зошто не сум ти титнала да се јавиш,зошто не сум те побарала 2 часа.Требало на секој саат да се слушаме.Одново и одново,така седејки дома,легајки на врв на грб наоѓаше нова причина за расправија.Веќе одамна не излегувам со другарки во провод.Од ноќен живот јас ни Н не гледам.Само затоа што јас имам дечко. Сигурно си заборавил дека јас сум цвет кој сеуште не расцветал.18 години имам и тоа го заборави.И за зал ти немаш никаква намера да се смениш,барем дел од твоето однесување да променеше сега се ке беше многу подобро.Јас и во живо овие работи ти ги имам кажано,но секако без резултат.Се расправаме со часови за на крај пак да останеме на исто.Имаш 24 години човеку,зарем сеуште не ти е срам од татко ти да чекаш.Способен,млад,здрав и прав човек..Ти не си сам,имаш своја понежна половина за која треба да се грижиш,да ја чуваш,да ја негуваш,да расте во твои раце.Ти ваков не беше кога се запознавме.Што те натера да го избркаш емотивниот човек од тебе,што те натера да се претвориш во многу одбивен тип??!Ако сакаш да ме нападнеш,нападни ме со многууу љубооов,со многуу бакнежии,со многуу вниманиее,со многуу романтика! Немој со љубомора,со посесивност,со недоверба.Немој.Мојата замисла за совршен маж е обратнопропорционална од тебе,одбивен човеку!!!
Си седам вака нон стоп и си се нервирам самата себеси, заради тебе.. Си зборам во мислите си се карам како да ти зборам тебе. Е пукнав веќе од тебе Добро што се замислуваш ти дете? Јас тебе цел живот ќе те чекам? -Добро да, признавам... после тебе сум немала никој, а нема ни да имам ко шо ми изгледа не ради шо не можам, ако беше за тоа до сега на прсти не ќе можев да ги избројам ама не сакам... И знаеш што? Намерно те излажав дека имам излезено со друг, за да ти дојде паметот малце, можеби така ке ти текне што имаш всушност, и што можеш да изгубиш... И знам дека се налути, ама немаш никакво право на тоа... како прво, ние никогаш не сме биле заедно па да се лутиш, таа „веза без обавеза“ не ти дава право да одиш со која ќе посакаш а при тоа да се лутиш ако го правам јас истото. И згора на се пак ќе ме правиш љубоморна со тие лажни врски за еден ден Што си мислиш бе??? Не искрено... не знам како очекуваш да реагирам.. ама да ти кажам мене супер ми е, ќефој сум вака шо те гледам и ти да се понервираш малце.. ти личи да ти кажам.. да видиш и ти малце како е. И ова малце ти е, не не... ова не е ништо, допрва следува мачењето за тебе. И не заслужуваш да се лутиш...да ти кажам, јас ти верував многу пати, ти дадов шанса... епа можеше да ја искористиш а не сега кога чувствуваш дека почнуваш да ме губиш и се сетуваш на мене.. Епа вака сакаше, вака и ке си биди мил мој. И не туку ми наоѓај изговори за се нешто.. знам убо што ти е планот и што тактики кроиш, однапред ти кажувам нема да ти успеат... еднаш паднав на лагите, ама втор пат не.. сега тебе ти е редот, ти ќе изгубиш. А како што гледам полека... се вплеткуваш во сопствената игра. Welcome to the club
финтава со срцињава не ти ја свакам, кумпјутерска игра е тоа-незнам зошто ама имам претчуство дека кога ке дојдеме до нула нема да ми зборуваш-ништо ново, и онака бегаш од мене ко незнам што да сум што чудо си ти леле леле
срејко и несрејко моја јас те имам 2 во 1 будалицо мори те сакааааааааааааааааааммммммммммммммм!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Драг мој бивши, Многу се извинувам за тоа што вчера заборавив да ти се обратам на форумов. Али ме преокупираше девојката поради која ми сврте грб. Не можам да ти се изначудам на паметот. Али пошо не беше лепота у прашање, ќе се воздржам од некотролираното смеење барем сега, дека вчера се надминав себе си. И сеа да ти го кажев овоа ќе ми вратеше со зборовите: Каква е таква е, барем до мене е секогаш кога ми треба! Ајде, ќе ставиме дел од кривицата и во тасот на вагата од мојата страна. Но, јас ли побарав врска на далечина!? Не дека не сакав да бидам во врска со тебе, него едноставно некои работи ги убрза толку многу што јас изгубив контрола врз истите. Ете повторно кај тебе тежи повеќе.. Да не почнам да ти ги набројувам сите shit - ови што ги направи, и преку кои јас прејдов. А за што!? За на крај да добијам милион извини од твоја страна. Барем едно од нив да го мислеше искрено. Или си викаш оваа глупа е ќе и го возикам паметот. И така твојот тас се преполни. Немаш више место кај да тураш намирници.. За тоа јас ќе си превземам сеа кај мене.. После секое ти простив, те лажев. Никогаш нема да ти простам! Секој пат коа ќе ми прозбориш ќе ти го враќам филмот назад. Појма си немаш на што си нагазил. Само незнам зошто уште си го малтретирам мозокот со тебе.. А тоа што ми фалиш секојa Планкова временска константа (5.39 x 10^-44 s) е сосем друг проблем.. Сфаќаш дека сеуште не можам да се откажам од тебе!? Гордоста и упорноста не ми даваат да се откажам зошто како и секогаш ти грешиш, а јас го средувам хаосот позади тебе.