Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. mila34

    mila34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    82
    Престани да ми вртиш сељаку еден ...не ми требаш у животот мој убав...не сакам ни родендени да ми честиташ нит 8 март, нит нови години, не барај бре поводи човеку да ми вртиш,нели гледаш дека "нон стоп сум во гужва" кој академски граганин си ти ако тоа не можеш да го сватиш.....
    ОСТАЈ ме на раат да си го живеам животот!!! терај си со својот да ти е... све у пм(ке те кажам на девојка ти алооооо)!!!
     
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    101.647
    Пол:
    Женски
    ...Ги замислувам понекогаш моите стапала како се вкрстуваат со твоите,мојата рака во твојата,замислувам како сме свои -јас и ти една неранскинлива целина.Замислувам како се сретнавме пред 23 години ,и баш ти ме научи како се сака,како се дише за некого ,како се припаѓа.Го замислувам некогаш и она што било и она што не било.
    И тогаш маските паѓаат ,желбите се гасат ,стварноста ме разбива,сетилата ми умраат...Те пуштам да ја проголташ горката пилула на стварноста сам ,без мене.Те пуштам да го почувствуваш отровот на недосонуваните соништа и скршените надежи.Те пуштам да си ја згмечиш душата,како што ја згмечувам јас мојата.Те пуштам да припаѓаш на онаа на која си се потпишал на верност до крајот на животот.Те пуштам да бидеш нејзин...само сеќавањето не го давам.Мое е.
    Штета што нашата љубов не преживеа,ќе бев најсреќната жена на светот.
     
    На ludoto19, Libera, marama и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Вечер ќе бидеме онака, баш светски пар.

    Те обожавам кога си со брада, ко некој Француз! :*
     
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Среќата веќе ја закотвив некаде на југ, а глупавите соништа за тебе ги удавив некаде на север. Мене ме чека некаде некој кој ќе знае да ме сака онака како што заслужувам, оној кој ќе знае да ми подаде рака кога ќе паднам, оној кој ќе ми ги брише солзите при секоја тага, а ќе биде извор на мојата постојана среќа. “А ти продолжи да глумиш мангуп, продолжи да глумиш дека ти е сеедно дали си сам против светот, затоа што наводно ако сам се родиш, сам и ќе умреш. Спиј си ти со таа теорија, живеј си со жената и детето, а јас ќе ја побарам мојата сродна душа. Јас бар искрено љубев, а ти? Ти можеш само да си ја затвориш устата следниот пат кога ќе ме видиш, затоа што тоа повеќе не ќе сум јас.” ;)

    Преземено, ама тое се шо имам да му кажам ;) и кога и да го видам ова ќе му го речам...
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  5. magic.princess

    magic.princess Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Сакам да знаеш дека се ти е простено. Сите солзи, сите будни ноќи, сите карања и нервози. Веројатно да не беше ти и да не се појавеше во мојот живот, би останала една класична тинејџерка со надеж дека еден ден ќе го пронајде принцот на бел коњ. Но благодарение на тебе сфатив дека тоа го има само во бајките за добра ноќ. Фала ти бидејќи баш ти беше тој кој ме научи дека што и да се случи во животот треба да чекориме со гордо крената глава и дека луѓето цел живот ке зборат за нешто што не е нивна работа. Љубовта доаѓа и си оди, но спомените се оние кои секогаш одат по истата патека заедно со нас и се тука да не потсетат се што сме проживеале. Исто така научив дека да бараме и во милиони луѓе ист таков човек и иста љубов, никогаш не би пронашле. Сакам да знаеш дека и покрај се, мене секогаш ќе ме имаш. Мојата рака секогаш ке биде слободна за тебе и тука да ја фати твојата во секој момент на потешкотија и слабост. Бидејќи благодарејќи на злобата во луѓето научив да бидам она спротивното од нив, како да бидам вистинска девојка, како да простувам на оние кои ме повредиле , и пред се да останам човек со морални доблести, бидејќи не кај мене не постои око за око , заб за заб. Тоа е одлика на луѓето полни со омраза и гнев недоволно свесни дека стануваат исти ко другиот , а тоа е нешто што јас никогаш нема да посакам да бидам. Сакам и да ти кажам дека едвај чекам да те видам, ми фали онаа верба во човека, она разбирање и магија, онаа мила лутина и расправија која како таква можеш да ја имаш само со една личност.
     
  6. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    И по милионити пат морам да ти заблагодарам што си дел од мојот живот. Што си мојата поддршка, мојот разум кога го немам, мојата волја кога ја немам, мојата надеж кога ја губам. Не правиш ништо посебно во врска со тоа, но правиш се'. Што ме научи да љубам, што ми покажа што е љубов и како таа треба да се чува и негува. Успеа да ги извадиш најдобрите работи од мене, предизвика чувства кои ни на сон не помислував дека можам да ги имам.

    Знаеш дека ќе те сакам цел живот. Секој ден се' повеќе и повеќе. :*

    In case you didn't know how I feel about you....

    http://www.youtube.com/watch?v=Vo_0UXRY_rY
     
    На ilipili, Divinebutterfly и Doozy им се допаѓа ова.
  7. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    119
    . :x ..ништо...устата пена ми фати од зборување 2 год...сега е на игноре кај мене,и ќе остани.... :x
     
  8. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Зарем јас не знам да опивам?
    Моите усни нели се слатки?
    Срцето мое нели е чисто?
    Колку степени има јачина љубовта моја?
    Знаеш.Таа е појака од твоето виски.
     
    На lunicka и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
  10. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Појависеее
     
  11. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    5.811
    Пол:
    Женски
    Аман веќе,кога ќе ти видам? :worried: ајде иди побрзо досадно ми е без тебе
     
  12. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам што ја користиш секоја можност да ми се јавиш, иако имаш премногу работа, само колку да те чујам.
    Те сакам, се` повеќе, секој ден. А сето она што останува некажано, ќе го сфатиш кога повторно ќе ја ставиш главата на моите гради и ќе го слушнеш отчукувањето.
     
    На crazylady, Ketrin.Moon и teddybear им се допаѓа ова.
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.754
    Благодарам душо што ме разбирашш се...Не сакам да си имаме проблеми за невредни луѓе а тие такви користољубиви веке се минато постоеме само јас и ти
     
  14. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Сакам да те мразам..
     
  15. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Знам не сум сама, ти си покрај мене. И среќна сум што ти си човекот што секогаш ме чека на крајот, што верува во мене.
    Верувам и јас во тебе...
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.427
    Допаѓања:
    143.410
    Нема поубаво чувство од она кога сум во твоите раце и се чуваствувам како играчка.
    Ме креваш, ме спушташ, ме вртиш и превртуваш, а јас се чувствувам полесна од кога и да е :D

    Се задлабочуваш во играта, како дете со својата нова играчка, и не ме оставаш ни секунда.
    Совршено добро ме следиш во секоја секунда.
    Всушност, не знам ни дали ги следиш моите реакции, или сосема свесно ги предизвикуваш. Ги одредуваш динамиката, интензитетот и времетраењето, и кога сакаш ме смируваш за да можам да земам воздух.

    Сакам да бидам играчка во твоите раце. Да ме исцрпиш тотално, со неверојатен троцифрен број на воодушевувачки вресоци. Незаборавно искуство.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    765
    Конечно сфатив дека ти си ми се'! Дека ми требаш како воздух, дека ти даваш ритам на моето срце, дека те сакам бескрајно, иако никогаш не се сомневав во тоа. Иако некогаш правиш работи од кои ме тераш да полудувам, само еден твој збор кажан на место ме враќа во твојата прегратка која ме прави да се чувствувам како светот да е мој и ништо повеќе не е важно... Те сакам и остани засекогаш покрај мене како што ми кажа вечерва...
     
  18. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    За една љубов голема
    за една тажна приказна
    за мене и тебе.
    Уште сега те замислувам како брзаш кон иднината со спакувани соништа.
    Сега, само прашина.Поминувам со прстите во неа ,ти го пишувам името.
     
    На vw-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daisy.E

    Daisy.E Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    57
    Жал ми е...
    За секое мое Ама...
    За секое мое мрчење...
    За секое најдување мана...
    За секое незадоволство...
    Жал ми е што се претворив во вечно незадоволна...
    И уште повеќе ми е жал што не можам да си одговорам дали сум во право или не...
    Жал ми е што не знам што е погрешно...моето или твоето...
    Која сум јас...се изгубив самата себе несакајќи да те изгубам тебе???
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Фала за тортата и бонбончето :$
     
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.